Пакетчиња за оние кои најповеќе се радуваат. Пратеничката Лилјана Затуроска, заедно со Дедо мраз и група на нејзини сопартици, поделија околу 100 тина новогодишни пакетчиња. Импровизираниот амбиент со новогодишна елка преполна со подароци, очигледно ги исполни очекувањата на најмладите. Пакетчиња имаше за сите деца кои беа тука, но секако приоритет им се даде на оние за кои биле специјално наменети. Затуроска вели дека годинава ова е 15 хумана акција од ваков карактер за ранливите категории на деца.Претседателот на „Порака Нова“ Соња Маџоска, искажа голема благодарност кон организаторите на…
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „уништување на изборен матерјал”, ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(67) од струшкото село Октиси.
Тој, на 17.10.2021 година околу 14 часот, за време на одржување на „Локални избори 2021″, откако го остварил своето гласачко право на избирачко место во селото, го искинал гласачкото ливче и го фрлил до гласачката кутија – информираат од СВР Охрид.
Општина Струга во Новата 2012 година ќе влезе без буџет. Останува уште една шанса, потоа следи црвен картон за советниците или распуштање на ова тело. Струшките советници ниту денес на утринското продолжение од 35 тата седница не го поддржаа предлогот на градоначалникот Рамиз Мерко за буџетот на општината за 2012 година, кој тежи околу 13 милиони евра и е за 200 000 евра повисок од минатата година. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, вели дека лошо е што политиката вмешала прсти на место каде што нема потреба, посебно тоа не треба да се прави кога е во прашање буџетот на општината за на…
Доставен буџетот на општина Струга за 2012 год. Тој изнесува околу 13 милиони евра и во споредба со претходната година истиот е повисок за 200 000 евра. Советничката група на ДПА упати сериозни забелешки кон предлагачот, градоначалникот Рамиз Мерко, бидејќи сметаат дека буџетот за 2012 година е идентичен како и претходниот од годинва што изминува. Координаторот на ДПА, Сурија Рушити, побара одговор од градоначалникот на прашањето, на кој начин ќе го реализира буџетот за 2012, кога три години наназад имаме едвај 50% реализација.Никола Затуроски од ВМРО ДПМНЕ, смета дека треба да се направи …
Општина Струга е една од општините подготвени да менаџираат со неизграденото државно земјиште, вели градоначалникот Рамиз Мерко. Со Законот за менаџирање на државното земјиште на РМ, се задолжуваат сите општини за земјиште, за кое има чисти маркици и се донесени деталните урбанистички планови, да усвојат годишна програма за управување со градежно земјиште која за целото тоа земјиште ја носи Советот на општините. После одлуката на советот на општините таа, програма се доставува до Комитетот за управување со градежно неизградено земјиште. Овој комитет заседава во Министерството за транспорт и…
Успешна трансплантација на бубрег. Дукадинка Рајчиноска, која години наназад живееше на апаратите за дијализа, сега нема потреба од нив. Денес со полни раце подароци по повод престојните празници, во нејзиниот дом во струшкото село Мислешево, во посета беа од НВО „Езерка“. Како што кажува Драгица Павлеска Попеска од Езерка, Дука е нивна долгогодишна пријателка и често од хуман аспект и помагаат онолку колку што се во можност.Дукадинка со нетрпение не дочека. Таа е пресреќна што помина едно големо премрежје во нејзиниот живот, и сега зад себе ги остави апаратите за дијализа кои до неодамна и…
Од синдикатот на ЈП „Комунално“, Струга деновиве најавуваат штрајк, поради неколкуте неисплатени плати на вработените. Ваквата реакција на вработените во ЈП „Комунално“, Струга, не е прв пат да се случи, посебно откако во фотељата седи актуелниот директор. Од истиот синдикат има информација дека општина Струга на ЈП „Комунално му должи 300 000 евра. Овој податок пак го негира градоначалникот на Струга Рамиз Мерко и вети дека и овој пат ќе го извлечка од кал претпријатието и дека нема да дозволи да се случи штрајк.{loadposition content9}
Советот на Југозападниот плански регион, солидно ја заокружи годинава. Значајни проекти се реализираа, а за наредната година во Бирото за развој и во Министерството за Локална самоуправа чекаат уште 10 големи проекти, се пофали претсдателот на ова тело Рамиз Мерко. Како добра реализација на еден важен проект, Мерко ги спомна новите садови за смет, кои според него се совршени за примарна селекција на отпад, а кои веќе се во рацете на ЈП на општините од југозападен регион. Покрај новите садови за одлагање на смет, општина Осломеј, кичевско, доби мерен уред за проверка на загадувањето на ТЕЦ О…