Мар 22, 2012

Депонија за „мерак“

Морбидна слика на струшката депонија. Употребени шприцеви со крв, хируршки ракавици, гази, системи со игли од инфузии завршуваат на депонијата на ЈП „Комунално“ Струга, која е оддалечена нецел километар од градот, позади автобуската станица на превозникот „Вакчаре“. „Депонијата наликува на Трст-Вија-Скопје. Тука може буквално да се сретрне се, но најлошо и најопасно е што тука е расфрлан и медицинскиот отпад“.Глетката е уште пострашна и позагрижувачка бидејќи тука живеат неколку семејства со малолетни деца, кои секој ден претураат по ѓубрето барајќи пластична амбалажа. Во обидот да заработа…

Мар 21, 2012

Акумулацијата Шум издадена под концесија

Акумулацијата Шум, годинава за прв пат се издава под концесија за риби и организација на рекреативен риболов. Во преставка од МЈП „Проаква“, до државниот инспекторатот за животна средина е укажано дека акумулацијата е пренаменета од страна на други правни и физички лица за други дејности (рибарство, услужни објекти), со што директно е загрозена безбедноста за снабдување на вода за пиење, од аспект на квалитет на вода и техничка функционалност. Со состојбата запознаени од Министерството за животна средина и просторно планирање.Инспекторот за Животна средина и просторно планирање Игор Трајков…

Мар 21, 2012

Струшкиот градоначалник заработи кривична

Рамиз Мерко, градоначалникот на Струга, ќе добие кривична пријава од полицијата за злоупотреба на службената положба и овластувања. Извори од МВР велат дека струшкиот татко дозволил незаконска изградба на угостителски локал во центарот на Струга. На таа локација која не смеело да се гради. Од МВР најавуваат дека со повеќе информации ќе излезат во текот на денот. Мерко не ја коментира ваквата неофицијална информација. {loadposition content9}

Мар 20, 2012

Еден денар плата

Еден денар плата добија вработените во ЈП „Комунално“ Струга. „Не можев да си поверувам кога го проверив извештајот на банката, дека на ден 14 ти март годинава направен е трансфер од еден денар за исплата на плата“. Ова го кажува вработен во ЈП „Комунално“, Струга, кој не сакаше да проговори пред нашата камера, стравувајќи дека ќе биде казнет. Оваа информација со доза на резерва ја примивме и ние, сметајќи дека се работи за некаква техничка грешка. Но изводот од сметката до кој дојде ТВМ, покажува црно на бело.Претседателот на синдикатот на ЈП, Борче Мижимакоски, вели дека добро е запознат …

Мар 14, 2012

Експресна седница на струшкиот совет

Грото таксисти во Струга, работат на диво, без лиценца. Тоа е давачка која добро го храни општинскиот буџет, но недоволно е посветено внимание на ова проблематика од страна на Локалната, сметаат дел на советниците од Струга.Љуљзиме Зулали од ДПА, ја интересира, колку такси возила се на терен и дали сите тие ја имаат платено лиценцата. Таа за ова директно ја праша Санела Гогоска, инспекторот за патен сообраќај, која беше присутна на седницата и е единствената во Локалната  која се справува со проблемите од оваа област. „Тука имаме бројка колку лиценци се дадени од страна на општината, но уш…

Мар 13, 2012

Црвенкоски: „ Народот ја дава и зема власта“

 Лидерот на македонските социјалдемократи, Бранко Црвенкоски одржа трибина во Струга. Синоќа, стружани покажаа голем интерес за економско- политичките случувања во земјава. Граѓаните констатираа и прашуваа за многу проблеми кои ги мачат од секојдневието, но најмногу интерес покажаа за етничкиот соживот во земјава. Прашуваа зошто никој не реагираше на неодамнешниот повик на еден албански политичар од ДПА кога побара од Европската Унија да им дозволи на Албанија и Косово да ги штитат интересите на македонските Албанци или кога бугарскиот Претседател отворено повторно ги присвои Браќата Милади…

Мар 13, 2012

Дупките, „декор“ нa струшките улици

Ги испокршивме автомобилите, менуваме амортизери на секоја месечина, изложени сме на ризик од сообраќајни незгоди. Ова се само дел од коментарите на возачите кои поради разни цели мора да поминат низ струшките улици. А возејќи низ нив, има и што да видат. Улиците се во катастрофално лоша состојба со бројни незакрпени дупки кои буквално зјаат одсекаде. Возачите за ваквата состојба се видно револтирани и прстот го вперија кон Локалната самоуправа во Струга.Првиот човек на општината, градоначалникот Рамиз Мерко, свесен е за состојбата во врска патната инфраструктура во градот и согласен е дека…

Мар 10, 2012

Национален младински парламент

Младите се наоѓаат во стаклено звоно изолирани од општествените случувања. Тоа го покажаа податоците на Невладината организација Реактор- Истражување во акција, презентирани на јавни дебати, кои се одржуваат во 18 градови во земјава. Невработеноста на младите како и нивната недоверба во локалните власти дека можат да обезбедат подобро утре за младите, се доволни причини младите здружени во 51 организација да го кренат својот глас за формирање на чадор младиинска организација на национално ниво, вели Маријан Забрчанец од МОФ. „Организација која што ќе ги застапува правата на младите во која …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top