Експресна седница на струшкиот совет

Грото таксисти во Струга, работат на диво, без лиценца.

 |  Николоска Биљана  | 
ramiz merko
рамиз мерко

Грото таксисти во Струга, работат на диво, без лиценца. Тоа е давачка која добро го храни општинскиот буџет, но недоволно е посветено внимание на ова проблематика од страна на Локалната, сметаат дел на советниците од Струга.
Љуљзиме Зулали од ДПА, ја интересира, колку такси возила се на терен и дали сите тие ја имаат платено лиценцата. Таа за ова директно ја праша Санела Гогоска, инспекторот за патен сообраќај, која беше присутна на седницата и е единствената во Локалната  која се справува со проблемите од оваа област.

sovet struga„Тука имаме бројка колку лиценци се дадени од страна на општината, но уште подобро ќе беше ако се даде објаснување колку лиценци има и со колку возила располага компанијата за такси превоз“.

Помалку неподготвена за одговор се најде Гогоска. Но таа сепак беше реална во податоците кои ги изнесе пред струшките советници, како одговор на прашањето на Зулали.

„Во такси „Маријан“, се вклучени вкупно 15 возила, од тие возила комплет услови исполнуваат 4. Такси „Милениум“ воопшто не е лиценциран такси превозник, секојдневно е казнуван и постојано вози на диво“, вели Гогоска.

Никола Затуроски од ВМРО – ДПМНЕ, според објаснувањата на Гогоска, смета дека имаме привилегирани и непривилегирани такси превозници. Тој сугерираше, институциите на Локална самоуправа и државата заеднички да функционираат како би се спречиле работите на терен со кои се соочува инспекторката. Додаде дека во најмала рака би можело на дивите такси превозници возилата да им се отстранат од струшките улици, додека законски не си ја исполнат својата обврска, поточно додека не извадат лиценца.
Елвадина Дика од ДУИ, ја пофали работата на инспекторката за патен сообраќај која досега има направено 56 записници за авто такси превозници, но даде препорака побрзо да се казнат непочитувачите на законот за такси превозот.

sovetnici„Бараме во наредното тромесечје да се даде извештај, колку правни субјекти ќе бидат казнети, за да неможе да прават некое несакано дејство и да не дојде до смена на името на фирмата и жиросметката, вели Дика.

Проблемот со дивите такси превозници во бројки по однос на возила, на градоначалникот Рамиз Мерко, не му е познат. Тој во свој стил понуди решение и рече дека не постои проблем кој не може да се реши.

„Ние имаме механизам за оваа работа, како што ги блокираме сметките со наш извршител и тоа за сите даноци и такси како ги блокираме угостителските објекти за плаќање на местото кое го користат, ние му поднесуваме уплатница тој ако не го плати ништо друго немора тој да прави барање ние можиме тоа да го блокираме и да ги земеме средствата па после тој нека му ја мисли. Од друга страна со новиот закон може да се одземе возилото 6 до една година ред мора да се постасви за да бидат сите рамноправно третирани“, потенцира Мерко.

Струшките советници за кратко време ја завршија седницата. Советничката Зулали почести со благо по повод празникот „Летник“, и му упати порака на градоначалникот, дека се што прави денес ќе прави цела година. А градоначалникот пак денес им ги исплати дневниците на струшките советници, ги однесе на ручек, па нека му ја мисли сега, ако е како пораката по повод денот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top