Лекарка од Струга, вработена во општата болница, приватно, нелегално работела во ординација на име на прензиониран лекар. Здравствените инспектори вчера по двочасовно преговарање со сопствениците на објектот, заедно со полицијата влегоа во објектот каде затекнале опремена ординација за гинекологија и акушерство.
„Објектот воопшто не бил обележан за дејноста. Просторијата во која се одвивала гинеколошко акушерската дејност е во сопственост на д-р З.П.Ш. доктор специјалист по гинекиологија и акушерство, вработена во ЈЗУ Општа болница Струга. При надзорот, приложен е Договор за отстапув…
Сопственикот на хидроцентралите во Горна Белица, Кочо Ангушев во договор со ЈП Водовод Струга се обврзал со заеднички тимови да ја скенираат состојбата на каптажите и да обезбедат чиста вода за граѓаните. Надлежните најавија и еднаш месечно чистење на резервоарите.„Составивме две групи тимови од наша и нивна страна за да се согледа каква е ситуацијата. Ќе се направи стратегија, се сложивме ако е тука проблемот со негови средства да го реши тој проблем . Петтата каптажа од каде земаат вода ако не е таму ке бараме низ цела линија да се реши проблемот еднаш засекогаш“ , вели Дашмир Насуфи дире…
На 01.12.2020 во 13.45 часот, во ОВР Струга пријавено е дека при изведување ископ со багер на плажа, во близина на хотел во Струга, пронајдени се лимени сандаци со куршуми различен калибар од Втората светска војна.
По извршен увид од овластен пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи, констатирано е дека станува збор за стара и оштетена муниција, која е безбедно е подигната од стручните екипи.
Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски, најави работна посета на општина Струга и средба со градоначалникот Рамиз Мерко. Досега соседната општина не презеде никаки активности за одстранување на нелегалните градби на крaјбрежието според препорките на Унеско за разлика од општина Охрид. Мерко во повеќе наврати тврдеше дека нема нелегални градби во неговата општина, а нема ни податоци колкав е бројот на нелагалните објекти в долж крајбрежјето.
„ Врз основа на документација сакам да видам што е нелегално, кој е планот на општината за решавање на овие прашања. Препораките на Унеско з…
Здравствените работници причината ја гледаат во задоцнетотот барање на лекарска помош и коморбидитетите на пациентите. Од почетокот на пандемијата до изминатиот викенд во Струга како последица на компликации од ковид 19 починаа 85 , а во Охрид 49 лица.
Струга се уште прва по морталитет од корона вирусот. Охрид е на шесто место по смртност во земјава.
Една од причините е задоцнето барање лекарска помош, но и возраста и хроничните заболувања кај починатите пациенти. Во првиот пролетен бран во струшко имаше поголема смртност, луѓето не пријавуваа симптоми и не сакаа да се тестираат, сега сит…
ЈП Комунално-Струга почна со поставување на новонабавените метални корпи наменети за одлагање на ситни отпадоци.
Новите корпи за отпадоци се поставени на ул Маршал Тито-пред зградата на Оштина Струга се до кружниот тек на раскрсницата со ул Маркс Енгелс. Во наредните неколку дена поставувањето на новите корпи ќе продолжи по шеталиштето на кејот на реката Црн Дрим.
Со поставувањето на нови корпи се очекува во голема мера да се придонесе за подобрување на нивото на чистотата во град Струга.
На 16.11.2020 во рамки на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи од страна на Одделот за Криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со СВР Охрид ОВР Струга и затворската полиција од Казнено поправната установа Теферич Струга, била извршена контрола и претрес над затворските ќелии со цел обезбедување на материјални докази и заплена на наркотична дрога, при што околу 19:00 часот во КПУ Затвор Струга кај затвореникот Ѓ. П. пронајдена е околу 250 грама марихуана.
Известен е јавен обвинител од ОЈО Струг…
Се врати детската врева,, градинките ги отворија вратите за најмалите. После шестмесечна пауза под строги протоколи за заштита од вирусот од утрово повторно започнаа со работа детските градинки ширум земјава. Ја посетивме струшката градинка „8 ми Март“ . Тука ќе бидат згрижени 220 деца, а на листата за чекање има уште 130. Одговорните велат имаат просторни услови и подготвени се да ги почитуваат преппораките.
„На првиот ден имаме прием на деца не толку колку што се пријавија родителите тоа е такабидејќи ја подготвуваат ппотребната документација. Во анредните денови очекуваме да …