Ное 12, 2019

Отпочнаа градежните работи за уредување на рекреативната патека од Струга до Калишта

Стружани ќе добијат нова рекреативна патека која ќе води се до селското училиште во Калишта. Патеката ќе се гради покрај езерскиот брег и е во должина од еден и пол километар и ширина од 2 до 2,2 метри, информира Мирјана Лозаноска директорот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион. „Во моментов се чисти теренот и операторот почна со работа. Ќе се постави тампон од 20 цм, бетонска подлога, мрежа и природен, автентичен камен, еколошки бидејќи се наоѓа во заштитеното подрачје“, кажува Лозаноска. Градежните зафати на патеката ќе чинат 4 и пол милиони денари. Финансиските средств…

Ное 11, 2019

Започна реконструкцијата на кровот на Центарот за култура Браќа Миладиновци

Денес, започна замената на оштетената кровна конструкција на струшкиот Центар за култура Браќа Миладиновци. За реконструкцијата на ова национала установа се обезбедени 820.000 денари средства од ресорното министерство за култура кое издвои средства во висина од 750.000 денари и учество со сопствени средства на центарот во износ од 70.000 денари. Завршена е постапката за избор на изведувач според законот за јавни набавки, а целиот зафат треба да се реализира за 40 дена, вели директорката Николина Велковска Глигоровска. „Потребата беше голема бидејќи имаше големо прокиснување на кровот. Со г…

Окт 31, 2019

Едриличарскиот клуб „Снегар“ во Струга доби комлетно нов објект

Обновен објектот на  Едриличарскиот клуб„Снегар“  во  Струга. После големиот пожар изминатово лето, кога објектот беше комплетно  уништен  заедно со целокупната едриличарска опрема и пловила, Агенцијата за спорт и млади го возобнови и вчера го  пушти во употреба новиот  спортски објект.Станува збор за комлетно нов и современ објект, кој ќе ги задоволува потребите на едриличарите. „На свечена пригода го отворивме Едриличарскиот клуб во Струга кој беше изгорен на 21 јули. И тоа е една силна порака дека државата се грижи за спортот, државата се грижи за објектите кои настрадале во немили нас…

Окт 30, 2019

Започна реконструкцијата на затворениот пливачки базен во Струга

Денеска започнаа градежните активности за реконструкција на затворениот пливачки базен во Струга. Реконструкцијата на базенот кој со години беше оставен на забот на времето, риуниран и запуштен, е еден од најголемите проекти кои што ќе ги има Агенцијата за млади и спорт во наредниот период, кажа директорот на Агенцијата Дарко Каевски . Целта е повторно да се врати сјајот на Струга со овој базен каде што сите љубители на спортот, на пливањето ќе може да се рекреираат и спортуваат, рече Каевски. „Во разговор со многу луѓе инволвирани во спортот , во разговор со многу пливачи и граѓани на Оп…

Сеп 18, 2019

Физичка пресметка на малолетници во Струга

На 16.09.2019 околу 12.00 часот во полициската станица Струга било пријавено дека на улица „Пролетерски бригади“ во Струга бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу неколку малолетници од Струга. Се преземаат мерки за нивна идентификација и за целосно расчистување на случајот.

Сеп 11, 2019

Неопходна итна санација на кровот на струшкиот Завод за нефрологија

Полека се санира состојбата на болничкиот оддел  во ЈЗУ Завод за нефрологија Струга по синоќешното прокиснување на таваните. При вчерашниот пороен дожд неколку соби на овој оддел беа поплавени. Медицинскиот персонал ги преместил десеттината пациенти од одделението и  била исклучена струјата за да не се случи поголема хаварија. Пациентите велат дека се задоволни од медицинскиот персонал но не  и од условите во оваа јавна здравсвена установа. „На некој начин ова е рак рана на болницата, кровот. А другите услови се како што треба. “„ Грмеше , врнеше , но ние не сме таму и не одевме да гледаме….

Сеп 2, 2019

Презентирана нацрт верзијата на вториот локален еколошки план за 2019-2026

Неодамна во општина Дебрца од страна на преставници на консултаљнтската фирма „Maneko Solutions“ од Скопје беше презентирана нацрт верзијата од Локалниот еколошки план за општина Дебрца 2019-2025 година. Овае втор ЛЕАП за општина Дебрца, по оној за периодот 2006-2012 и истиот претставува стратешки документ со кој се врши идентификација и изнаоѓање на решенија за аспектите на животната средина во Општина Дебрца. Локалниот еколошки акционен план се изработува во рамки на Проектот „Унапредување на општинското владеење“, финансиран од Европската Унија, спроведуван од страна на Програмата за р…

Авг 21, 2019

Ана Бландиана е четвртата жена лауретат на Струшките вечери на поезијата

Поетесата Ана Бландиана е четврта жена добитник на највисокото поетско признание на Струшките вечери на поезијата. Бландиана пред 15 години беше учесник на поетската манифестација со нејзината поезија, а овој пат заслужено и едногласно го доби признанието да биде годинешен лауреат, кажа Елизабета Шелева претседател на УО на Струшките вечери на поезијата. Во богатата животна биографија на Бландиана таа била симбол и икона на бунтот, отпорот, непокорот против тоталитарниот режим во некогашна Романија. Бунтовниот и критички дух кој не замолчува пред неправдата таа го задржува и подоцна во тран…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top