Јан 17, 2022

Повторно горат трските на брегот од Охридското Езеро

Повторно горат трските во Охридското Езеро на струшкото крајбрежје. Пред само неколку дена на потегот помеѓу Струга и селото Калишта имаше пожар покрај брегот на Охридското Езеро, при што беше опожарена трска со површина од околу 10.000 квадратни метри, сопственост на државата. На опожарените места подоцна никнуваат плажи, угостителски објекти, хотелски комплекси или обработливо земјоделско земјиште. Трската е важен дел од природниот екосистем. Таа е живеалиште и храна за разни видови животински организми од крајбрежјето на Охридското Езеро, како што се многуте безрбетници, рибите, особ…

Мар 10, 2020

РК Охрид утре игра против Металург

РК Охрид, утре, на домашен терен во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе го пречека составот на Металург. И ова дерби во македонската ракометна суперлига ќе се одигра без публика. За охридските ракометари ова е втор последователен натпревар на кој ќе играат без поддршка од своите навивачи.  Откако без гледачи се одигра дербито со Струга имаше негодувања од љубителите на ракометот но од управта на клубот бараат разбирање и посочуваат дека препораките на здравствените власти во насока на спречување на ширење на корона висрусот мора да се почитуваат.„Здравјето на граѓаните е пред се и мора да ги почитува…

Фев 7, 2020

„Струга-Твојата туристичка дестинација”

Општина Струга во рамките на апликацијата „Струга-Твојата туристичка дестинација”, подготви Список за проверка на План за управување со животната средина за проектот „Струга-Твојата туристичка дестинација”. Целта на планот е навремено да се идентификуваат и оценат потенцијалните влијанија врз животната средина од проектните активности за подобрување на сообраќајната инфраструктура, поточно, реконструкција и проширување на постојните тротоари и изградба на пешачка и велосипедска патека. Планот содржи и мерки за спречување, минимизирање и ублажување на можните негативни влијанија од реализа…

Мар 3, 2020

Џудо клубот „Дрим“ од Струга домаќин на вториот семинар за лиценцирање на џудо тренери и судии

Џудо клубот „Дрим“ од Струга домаќин на вториот семинар за лиценцирање на џудо тренери и џудо судии, на кој учествуваа 27 млади, нови тренери кои што сакаат да почнат да работат, да добијат дозвола за работа и лиценца. Исто така, присутни беа и млади судии кои планираат да напредуваат во својата кариера. Тие полагаа теоретски тест, а на главните државни првенства ќе го полагаат и практичниот тест. – Како член на комисијата, заедно со моите двајца колеги, имаме подготвено неколку презентации за нашите колеги тренери. Едната е на колегата Ѓорѓија Стојанов, кој што ќе зборува во делот на нутр…

Јан 12, 2022

Во Вевчани отворен мултикултурен центар

Со богата културно-уметничка програма денес точно напладне свечено беше отворен мултикултурниот центар во Вевчани. Некогашната стара училишна зграда која се распаѓаше денес современ грандиозен центар, кој го носи името Коста Србакоски, иницијаторот, идеологот и водачот на борбата за демократија и слобода на Вевчани. Коста Србакоски е една од маркантните личности во најновата македонска историја, кој со своите напредни идеи е главниот автор на најновото поглавје за митот за вевчанската пркос и борбен дух. Оваа институција е производ на една длабока визија, на Вевчани да му се подари ме…

Јан 3, 2020

Седумчлено семејство живее под отворено небо

Живот под отворено небо.  Седумчлено ромско семејство  ладните зимски ноќи и дни ги минува на отворено. Палат ѓубре за да не премрзнат  на расфрланите  стари јоги покриени со кебиња и јоргани. Велат немаат дом,  со години живеат по улици. Тој од Кавадарци, таа од Струмица постојано  се селат од град во град барајќи начин да преживеат. Моментално се  во Струга. Прво живееја   на струшката депонија, но ги избркале.  Сега се покрај патот кон Велешта крај една шупа. Шемо Дестанов е  слеп и не може да работи. Лебот го  заработува пеејќи по улици. Новата година ја чекаа на депонија. „Морам да ка…

Дек 13, 2019

Нова современа фабрика за месни преработки во Струга

Во Струга денеска беше отворена нова фабрика за месни преработки. Станува збор за домашна инвестиција вредна 4,5 милиони евра од кои половината  се од европските фондови.  Фабриката „Подгорка“ е изградена со финансиска поддршка од 2,1 милиони евра од Мерката 3 – Инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделските производи од ИПАРД 2 програмата. Новиот објект е распослан на 20 000  метри квадратни со 55 вработени.  На денешното отворање присуствуваше и премиерот Зоран Заев, кој истакна дека „Подгорка“ е вреден пример што треба да се следи. „Посебно ме радува тоа што станува збор за дома…

Дек 12, 2019

Буџетски форум во Струга

Центарот на заедницата на Струга во соработка со општината организираат граѓански буџетски форум. Форумот ќе се одржи утре 13ти декември со почеток во 11 часот и 30 минути во хотел Дрим Струга.Целите на форумот се зголемување на учеството на граѓаните во процесот на носење на буџетот на општината и зголемување на транспарентноста на општината. Во текот на буџетскиот форум ќе бидат презентирани општински програми за наредната година и средствата предвидени за реализирање на прокети и услуги од страна на општината  Граѓаните ќе имаат можност да достават свои предлози за нови прокети што можат…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top