8 ми Ноември светол датум за Струга. Пред точно 68 години на овој датум беше ослободена Струга. По тој повод во организација на Сојузот на струшките борци со низа свечености се одбележа овој ден. Најпрво беше положено свежо цвеќе пред бистите на паднатите борци, па се оддржа свечена академија и на крај во просториите на Сојузот на борците имаше и коктел за членството и присутните гости. Претседателот на борците од Струга, Ајредин Мемеди, истакна дека добро е на еден ваков ден да се каже за историскиот момент за ослободувањето на градот и за тоа како одекнала веста во раните утрински часови …
Струшките вмровци ќе ја преиспитуваат поддршката што му ја дале на актуелниот претседател на Советот на општина Струга,Џеваир Беќири. Претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Струга, Перо Петкоски во име на својата партија изјави оти го осудуваат според нив недоличното однесување на институцијата, Претседавач на совет кој на последната седница каде се водеше жестока битка за одлуката за покачувањето на цената на водата, дозволи седницата да биде прекината на сред поединечно гласање.„При последното гласање за одлуката за покачување на цената на водата каде Претседателот на Советот наместо да го …
Кристина од Струга, Ивана од Земун, Србија и Денис од Нитра, Словачка неколу дена другаруваа и работеа на проект на тема насилството во медиумите. Средношколците во изминативе денови меѓусебно се дружеа и запознаваава со земјата домаќин.Овие ученици, заедно со голем број преставници од нивните земји, се дел од ACES Академијата на училиштата од централна и источна Европа. Во Академијата членуваат 20 училишта меѓу кои е и општинското средно училиште „Нико Нестор“. Струшкото средно училиште за прв пат оваа година аплицирало за проектна соработка и станале домаќини, вели координа…
Негативен одговор од Министерството за екологија на барањето на Советот на општина Струга, во врска со штетноста на каменоломите во струшко Лабуништа. Државниот инспекторат се изјасни за ненадлежен за сите случувања во врска работата на сите каменоломи на територијата на општина Струга, вклучувајќи ги тука и оние од Лабуништа. Мирсад Мемишоски советникот на ПЕИ вели дека оваа тактичка игра околу надлежноста е добро позната, но тие ќе бидат упорни до крај.„Не сум оптимист дека ќе добиеме некоја конкретна информација но ние ќе ја тераме до крај нашата стратегија, лабуништани да добијат одгов…
Струга останува лидер. РК „Струга“, после пет одиграни кола со 12 поени ја држи челната позиција на табелата за ракомет во мажи. Нашата интенција е да го освоиме максимумот на бодови и да ја задржиме првата позиција на крај од есенското првенство, вели претседателот на клубот Науме Уграновиќ-Ноне. Тој го најави престојниот дерби натпревар помеѓу двата ривали Струга- Охрид, од кој натпревар очекува фер плеј.„Играме дерби натпревар со екипата на РК Охрид и секако дека тој натпревар претставува дерби во смисла на очекувања на двете екипи да остварат добар резултат, нормално ние одиме на победа…
Стружани нема да добијат повисоки сметки за вода. На овој став цврсто застанаа и го одбранија струшките советници на ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ и ПЕИ. Околу предлог одлуката за зголемување на цената на водата два дена во струшкиот совет се одвивала вистинска драма, обвинуваат советниците на ВМРО – ДПМНЕ. Координаторот на оваа политичка партија Момчило Аврамоски вели дека советниците на седницата се држеле како заложнци без можност да гласаат.„За една точка гласавме дури по десеттина пати, и воопшто не се успеваше да се донесе одлука. Поради немање на доволно гласови за да помине поскапувањерто на …
Децата од струшката градинка немаат греење. Станува збор за објектот „Сонце“ од ЈОДУГ 8 ми Март. До нашата редакција се обратија загрижени родители кои не само што забележаа дека децата во градинката престојуваат без огрев, туку посочија на низа други проблеми поради кои објектот се наоѓа во катастрофално лоша состојба. Тие бараат одговорност поради таквата состојба.„Покрај тоа што градинката се наоѓа во очајна состојба, кровот е стар, мувла има насекаде, зидовите паѓаат, тоалетите се распаѓаат паркетот е во страшна мувлосана состојба и во целата оваа трегедија значи иако е започната сезон…
Денешната прмоција на Монографијата посветена на „Д-р Никола и Софија Незлобински“ беше повод и за остра реакција од директорот, на Националната установа Музејот „Д-р Никола Незлобински“, Сашо Цветкоски. На прес конференција Цветкоски упати обвинување до авторите дека присвоиле документи, материјали, фотокопии и факсимили сопственост на НУ.„ Објавувањето на оваа книга, факсимилите и материјалите се сопственост на Музејот и дел од неговиот легат. Авторите ни ги присвоиja и објавија без довола на Националната установа и стручниот колегиум на институцијата, иако знаеја дека се подготвува…