Лабуништани не попуштаат

Лабуништани не добија  информација дали каменоломите во нивната МЗ работат легално или не и колку се штетни. Од министерството за екологија се оградија како ненадлежни за утврдување на штетноста на каменоломите, тоа било работа на локалната.

 |  Николоска Биљана  | 
labunista
лабуништа

kamenolomНегативен одговор од Министерството за екологија на барањето на Советот на општина Струга,  во врска со штетноста на каменоломите во струшко Лабуништа. Државниот инспекторат се изјасни за ненадлежен за сите случувања во врска работата на сите каменоломи на територијата на општина Струга, вклучувајќи ги тука и оние од Лабуништа. Мирсад Мемишоски советникот на ПЕИ вели дека оваа тактичка игра околу надлежноста е добро позната, но тие ќе бидат упорни до крај.

„Не сум оптимист дека ќе добиеме некоја конкретна информација но ние ќе ја тераме до крај нашата стратегија, лабуништани да добијат одговор дали каменоломите се легални или не. И ако се легални ќе бараме начин тоа со сите законски можности да ги спречиме со работа во иднина“-вели Мемишоски.

kamenolom„Со активностите ќе делуваме паралелно и како советници и како МЗ“, дециден Мемишоски. Тој додаде дека и МЗ реагирала до сите надлежни но засега безуспешно.
 „Претседателот на МЗ има испратено барање до сите надлежни институции но доесга нема одговор од ниту една институција. Јас ќе се потрудам на наредната седница да ви ги покажам сите документи барања што ги има испратено до институции од СВР до Влада на РМ. Продолжуваме до крај иако работите одат тешко но вистината ќе излезе на виделина и ќе го послушаме народот-до објаснува Мемишоски.

Мемишоски вели дека не се откажуваат од најавениот протест. Неговото одолговлекување го објасни со тоа дека сакаат протестот да не биде формален туку добро организиран и масовен.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top