Апр 23, 2021

Започна со работа модуларната болница во Струга

Во модуларната болница во Струга моментално се сместени  11 ковид пациенти и има централен довод на кислород.  Дополнително 13  болни од корона се лекуваат на Интерното одделение во струшката болница,   кое функционира како ковид  1 центар. Половината од пациентите се со тешка клиничка слика и на кислородна поддршка.  „Повеќето од пациетите се на 60 годишна возраст во двата ковид центри кои што хоспитализирани.  Со потешка клиничка слика имаме двајца пациенти за кои што веќе се преземени и други мерки за справување“, Арменд Арслани директор на Општа болница Струга. Во струшката болница  со…

Апр 21, 2021

Ја убил сопругата на гости кај пријатели и се обидел да се самоубие

Битолчанец со неколку убоди од нож ја усмртил сопругата, а потоа се обидел да се самоубие.   Крвавиот астан се случи синоќа, во стан на улицата „Ристо Крле“ во Струга, додека сопружниците биле на гости кај пријатели.  Во еден момент дошло до  жестока  расправија,  која заврши фатално за младата  жена на возраст од 34 години, мајка на две малолетни деца.  По убиството  39-годишниот  сопруг  се обидел да побегне но бил спречен од пријателите. Тој посегнал по својот живот нанесувајќи убодни рани во стомакот. Од екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт кај жената, а сопругот  бил п…

Апр 9, 2021

Нова кривична пријава за палење трски и насипување шут во Охридското Езеро во струшко

Државниот инспекторат за животна средина активно соработува со Одделението за внатрешни работи (ОВР) Струга во откривање и санкционирање на уништувањето на природното наследство на струшкото крајбрежје. Во заедничка координација, во март оваа година, обезбедија докази против лице што ангажирало градежна механизација за насипување и рамнење на дел од крајбрежјето со шут и земја. На локацијата исто така биле забележани и траги од опожарена трска. Овие активности резултираат со недозволена крајбрежна трансформација и уништување на пределот, за што е подготвена  кривична пријава. Пријавата Др…

Апр 9, 2021

Случајот со струшката депонија влезе во судница

Со изнесување на аргументите утрово започна судската постапка за  струшката депонија.  Во оснвниот суд Струга се одржа првото рочиште по поднесената   граѓанска тужба од страна на  Македонското здружение на млади правници, кои бараат итно да се престане да се депонира отпад и дислокација на градската депонија. После направено вештачење дека депонијата, која  е во самиот град ја загадува почвата,  реката, Охридското езеро  со што предизвикува штетни последици врз здравјето на луѓето, тужени се  министерство за животна средина, општина Струга и Комуналното претпријатие. „Со тоа  вештачење ќ…

Апр 1, 2021

Во Струга епидемиолошката слика е стабилна

Во Струга епидемиолошката слика е стабилна. За разлика од други градови во земјава каде се бара  болнички кревет повеќе, во струшката болница  има  само 13 хоспитализирани пациенти на Интерното одделение. Модулараната болница со капацитет од 35 легла со централен довод на  кислород  засега е празна,  не е отворена бидејки се` уште  нема потреба. Во болницата се лекуваат  повозрасни пациенти над 60 години и повеќето не се со тешка клиничка слика.Надлежните велат будно се следи состојбата и подготвени се и за наплив на заболени. „Подготвени сме и за други сценарија и од аспект на човечки рес…

Мар 31, 2021

Здравствените домови во струшко подготвени за старт на вакцинација на населението

Здравствените домови во струшко подготвени за старт на вакцинација на населението. Во Струга пристигнаа 400 вакцини на  „Астразенека“, а веќе од петок  стартува имунизација на постарите лица над 77 годишна возраст. Во Здравствениот дом  Д-р Светозар Чочороски во Вевчани пристигнаа првите 100  вакцини, имунизацијата почнува од задутре. Термините  за првиот вакцинален  ден се веќе пополнети, ќе се имунизираат  по 20 пациенти дневно. „Процесот  на имунизација ќе продолжи, со тоа што ќе го зголемиме бројот на вакцинални пунктови . Во моментот сме само во Вевчани од идната недела со зголемува…

Мар 31, 2021

Жителите на струшка Весела Долина конечно ќе добијат социјална зграда

Општина Струга најавува изградба на социјални станови за ромските семејства крај реката Црн Дрим. По барањето на жителите од населбата „Весела долина“  градоначалникот Мерко, вели во деталниот урбанистички план се нацртани две згради  за сместување на 40 те ромски семејства,  кои живеат во мизерни,  супстандардни  услови. „Детален план каде сме предвиделе  две маркици од 50 до 60 станови можеби и повеќе станови, а веќе имаме барање од 40 семејства. Ако направиме една математика можеме сите тие со времени диви објекти во тој дел да ги сместиме“, Рамиз Мерко градоначалник на општина Струга….

Мар 25, 2021

Расте бројот на социјални случаи во струшко

Расте бројот на социјално загрозенени во струшко.  Моментално во Центарот за социјални работи евидентирани се  400  ранливи граѓани од Струга и Вевчани. Ковид  пандемијата придонесе за пораст на бројот на  сиромашни во однос на минатите години, причина е тоа што дел од граѓаните останале без основните приходи за егзистенција. „Бројот на социјално загрозени домаќинства бидејќи станува збор за варијабилна бројка изнесува околу 400 корисници. Споредбено со минатите години во 2020 и 2021 година имаме благ пораст на корисници кој се должи пред се` на состојбата односно на пандемијата Ковид 19“,…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top