Што му преостанува во иднина да работи на ЈП „Комунално“, прашуваат од Здружението за развој и активизам „Аква“, Струга. Засега имаме лош квалитет на услугите, а граѓаните на Струга мора да ги заинтересираме со цел да помогнат, заеднички да делуваме кај советниците за да се подобри јавната хигиена и управувањето со отпад, вели Димитри Голабоски од извршната канцеларија на здружението. За него неразбирливо е како може Комуналното претпријатие од Струга постојано да се соочува со тешки економски состојби и тие состојби да ги решава со делегирање на надлежности и со продажба на имот. Според н…
Што ќе донесе ЈПП за три комунални дејности на ЈП „Комунално“, Струга? Подобар квалитет на услугите или повисоки цени. Мислењата на стружани околу оваа проблематика поделени. Како што ТВМ веќе информираше, кванташкиот пазар, пајак службата и рециклирањето на комуналниот отпад, отидоа во рацете на два ДОЕЛИ од Велешта „Бени Маркет“ и „Албафокс“ и една на „Сити Логистик“ од Скопје.Додека во Македонија на прсти можат да се избројат успешно спроведени постапки за јавни приватни партнерства, Комунално од Струга за нецела година ја спровело постапката за вакви партнерства за три свои комунални д…
Денес, во организација на Националниот Совет за родова рамноправност и Невладината отганизација „Езерка“, во Струга се оддржа трибина, поточно промоција на концептот феминистичка правда, односно родов концепт и справување со неправдите и дискриминацијата направени во транзициониот период, почнувајќи од деведесеттите до сега. Светлана Јанева од Националниот совет за родова еднаквост истакна дека време е да запрат неправдите кои се вршат врз жената. Додаде дека со реализација на иницијативата на Женскиот суд ќе се отвори простор каде ќе можат жените јавно да сведочат за родово насилство. „Пое…
На последната седница, Советот на општина Струга даде зелено светло за Одлуката за усвојување на извештајот и одобрување на склучување на договор за Јавно приватно партнерство на ЈП „Комунално“, Струга. Договори се склучени со доелите „Бени Маркет“ и Албафох“, и двете од Велешта и „Сити логистик“, од Скопје, како единствени фирми понудувачи. Но од ЈП по се изгледа во тајност ги чуваат информациите за текот на спроведување на самата постапка за јавно приватно партнерство.„Раководителот на одделението за набавка и комерција Васко Лазороски, преку кое одделение течела постапката за склучување …
Се поставува јарбол висок 20 метри со знамето на Р. Македонија во Мислешево, Струшко. Иницијативата е граѓанска, поставуваме државен знаме на приватно земјиште, но струшката Локална самоуправа се обидува да не спречи во намерата, велат мештаните. Сопственикот на земјиштето Ѓорѓи Трифуноски, кој што приложи имотен лист дека станува збор за приватана сопственост, вели дека знамето на влезот на Мислешево ќе се вее и никој тоа неможе да го оспори.„Дојдоа да ме прашаат соселаните дали може да се постави тука знамето, бидејќи знаат дека местото, нивата е моја. После тоа ме известија дека треба д…
Џамијата Мустафа Челеби во Струга ќе добие нов сјај. Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј“ од Охрид, до крајот на оваа година ќе ја изврши конзервацијата и реставрацијата на овој верски објект кој во текот на минатата година беше делумно срушен.
Проектот за нејзината реставрација, Завод и музеј ќе го реализира со помош на турската агенција за соработка и координација-ТИКА. Директорката на Завод и музеј, Тања Паскали-Бунташеска, вели дека до 10 Март, проектите за конзервацијата би требало да бидат завршени.„Интензивно се работи на изработка на проектите…
Се покажа дека Бранко Црвенкоски се откажа од Струга, обвинуваат од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Претседателот на струшкиот комитет Перо Петковски истакна дека отсуството на Црвенкоски на протестот во Струга е само доказ дека општина Струга и нејзините граѓани на лидерот на опозицијата, не му значат многу.„Како свој повереник на негово место дојде пратеникот во оставка Игор Иваноски кој меѓу другото го кажа она што секој стружанец сакаше да го слуѕшне тоа е дека “Неговата партија ќе ја вратела Струга онаму каде што треба“. Можеби на негово место подобро би било да дојдеше во Струга и да зборуваше Ра…
Општините Струга и Дебрца, на само чекор до искористување на средства во висина од околу 80.000 евра. Средствата се наменети за реализација на 1 од 5 те капитални проекти кои се однесуваат на Управување со цврст отпад. Изминативе три месеци (октомври, ноември и декември), во 24 општини се одржаа 60 – ина форуми каде што граѓаните дискутираа на различни теми, проекти, буџети, доставуваа свои идеи, предлози и препораки, вели Владислав Жупан од струшкиот ЛЕР. Тој додава дека денес во хотелот Димитрија, охридско, се одржа четвртата сесија на која стана збор за буџетите за проектите, за да мож…