Мај 22, 2014

„Фолк фест Спасовден“ по четврти пат

„Фолк фест Спасовден“ и оваа година ќе се одржи по 4 пат на 29 мај  на стадионот во село Лескоец.Оваа година концертот ќе биде поддржан од општина Охрид , а на ќе настапат 30 фолк изведувачи .Станува збор за  фестивал од ревијален карактер на кој се изведуваат и изворни народни песни акако и новокомпонирани со чист македонски мелос.Освен од Македонија и оваа година ќена фестивалот ќе настапат  изведувачи од Бугарија,Германија  Швајцарија и Србија .Од нашата земја ќе настапат Елена Велевска,Татијана Лазаревска,Сања Петковска,Тања Јовановска, Благојче Стојановски Туше,Ирена Спасовска,Новица В…

Мај 17, 2014

Посебна комисија ќе се грижи за управувањето со Дримскиот басен

Покрај темно сините води на речниот убавец, Црн Дрим, а воедно и во останатите четири држави во кои припаѓа Дримскиот басен, денес се одбележа „Денот на реката Црн Дрим“. Денешната манифестација претставуваше неофицијален почеток на проектот за интегрирано управување со природните ресурси, проект на кој се работи години наназад. Заменик министерот за животна средина, м-р Стево Темелковски ја изрази својата благодарност до сите кои го дале својот придонес во подготвувањето на проектот.„За нас во Макеоднија е особено важен овој регион затоа што баш во овој регион се наоѓаат нашите најголеми т…

Мај 16, 2014

Предмети од најстарата историја на градот, за прв пат пред стружани

Археолошките пронајдоци од Устието на Дрим и куќата на Караџулевци, ќе бидат изложени пред стружани. Станува збор за добро сочувани предмети од праисторискиот период, но и модерни керамички предмети од хеленистичкиот период. Првиот човек на струшкиот музеј Д-р Сашо Цветкоски вели дека тоа ќе биде една од најбогатите музејски поставки досега прикажани во јавноста за што ќе бидат испечатени и каталози, кои пак ќе бидат сведоштво за овој настан. „Пошто се работи за локалитет од праисторија, наколно живеалиште, тоа е прво наколно живеалиште што е истражувано околу брегот на Охридското Езеро, то…

Мај 12, 2014

ОУ „Дебрца“ – училиште со визија

Прва хуманитарна акција на дечињата од ОУ „Дебрца“ од с.Белчишта. Акцијата е насловена како „Учениците даруваат, учениците спасуваат! Придружи се и ти!“Хуманитарната акција е организирана во соработка со општина Дебрца и Црвен крст Охрид, а ќе се одржи во с.Требеништа, во четврток, 15ти мај, со почеток во 11 часот. {loadposition content9}

Мај 8, 2014

Моштите на Св Ѓорги ја осветија Струга

Благословот на Св Ѓорѓи ја освети Струга. Овој град  вчера беше во знакот на Еордијата во чест на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, заштитникот на овој град. Илјадници верници од сите краишта на земјава и годинава ја продолжија древната традиција  која последниве 5 години повторно е возобновена со благослов на митрополитот Тимотеј. Еордијата во Струга е еден уникатен духовен настан кој што е многу повеќе од литија, вели сестра Варвара од манастирот Св Ѓорѓи Победоносец, Рајчица. Додава дека тоа е едно сеопшто славење на Св Ѓорѓи, кој трае три дена и не случајно го носи зборот еорди…

Мај 8, 2014

Тешка сообраќајна несреќа кај струшкото село Велешта

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што синоќа во 22 часот и 50 минути се случи на регионалниот пат Струга-Дебар кај селото Велешта.Ветон Ш. (19) од струшкото село Горно Татеши на лице место им под- легнал на повредите додека со телесни повреди се здобил сопатникот Б.А.(18) од истото село.Сообраќајната незгода се случила во момент кога сега починатиот управувајќи патничко моторно возило марка „Опел вектра“, поради неприлагодена брзина изгубил контрола и излетал најнапред на левата страна на коловозот, а откако го вратил возилото на коловоз повторно излетал на деснат…

Мај 7, 2014

Литијата ќе ја освети Струга

Денес во Струга во црквата „Свети Георгиј“  со почеток во 16 часот ќе се одржи вечерна богослужба и литија со светите мошти на Свети великомаченик Георгиј Победоносец и со неговата чудотворна икона.Станува збор за една многу стара духовна традиција која ја практикуваат православните христијани во Струга. Со литијата не само што се слави светецот, но се осветува и целата природа во градот и околината.„Литијата е многу стара традиција.Имаме потврда дека постои стотици години уназад, односно околу петстотини години. Во ваква организација, со носењето на моштите на Свети Георгиј од Бигорскиот м…

Мај 5, 2014

Струшките матуранти ќе покажат што можат, знаат и сакаат

Почнувајќи од денес 05.05.2014 год. во рамки на проектот Денови на матурантите од СОУ Нико Нестор – Струга, започнуваат еднонеделни активности преку кои учениците, матуранти, во соработка со своите наставници, родители, локалната самоуправа, бизнис секторот и други субјекти значајни за образовниот процес, ќе покажат што можат, што сакаат и што знаат како генерација која ги почитува различностите и го промовира заедништвото.Преку реализација на различни активности матурантите ќе ја покажат својата хуманост, креативност, желбата за дружење преку игра, песна и спортување. Ќе ги  покажат вештин…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top