Струшките матуранти ќе покажат што можат, знаат и сакаат

Почнувајќи од денес 05.05.2014 год. во рамки на проектот Денови на матурантите од СОУ Нико Нестор – Струга, започнуваат еднонеделни активности преку кои учениците, матуранти, во соработка со своите наставници, родители, локалната самоуправа, бизнис секторот и други субјекти значајни за образовниот процес, ќе покажат што можат, што сакаат и што знаат како генерација која ги почитува различностите и го промовира заедништвото.

 |  Голабовски Крсте  | 
Gimnazija Niko Nestor
Гимназија Нико Нестор

Gimnazija Niko NestorПочнувајќи од денес 05.05.2014 год. во рамки на проектот Денови на матурантите од СОУ Нико Нестор – Струга, започнуваат еднонеделни активности преку кои учениците, матуранти, во соработка со своите наставници, родители, локалната самоуправа, бизнис секторот и други субјекти значајни за образовниот процес, ќе покажат што можат, што сакаат и што знаат како генерација која ги почитува различностите и го промовира заедништвото.

Преку реализација на различни активности матурантите ќе ја покажат својата хуманост, креативност, желбата за дружење преку игра, песна и спортување. Ќе ги  покажат вештини кои изминатите четири години ги стекнуваа во  училиштето, со помош на своите наставници и преку поддршката на своите родители.  Ќе покажат својата спремност да влезат во новиот свет кој ги очекува, како хумана, креативна, мудра, благодарна и полна со живот младина на градот Струга.  
Активностите се распоредени во текот на целата наредна недела, така што секој  ден носи посебен белег:

Gimnazija Niko NestorПонеделник  05.05.2014
“Нашите ученици – Поети”

Вторник 06.05.2014
“ Ја сакаме природата”

Среда 07.05.2014
“Спортуваме – другаруваме”

Четврток 08.05.2014
“Да подариме насмевка”

Петок 09.05.2014
“Ден на креативноста”

Активностите започнуваат на 05.05.2014, со поетско читање во Спомен куќата на Браќата Миладиновци со почеток во 17 часот.
Училиштето СОУ “Нико Нестор” – Струга, испраќа отворена покана до сите заинтересирани кои сакаат да ги слушнат поетските и прозните творби на своите поетски надарени ученици.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top