Жител на Албанија вчера беше фатен со 30 кг свежа риба кај Сатеска.
На (17.01.2022) од страна на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал при Регионален центар Запад кај месноста Сатеска Струга, при извршен преглед на патничко моторно возило ,,опел зафира“ со албански регистарски ознаки, управувано од Ј.А. (52), државјанин на Република Албанија, беа пронајдени и запленети 265 парчиња свежа риба, со вкупна тежина од околу 30 килограми, а сокриени во багажниот простор на возилото. Против Ј.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира портпаролот на СВР Охрид Сте…
Сообраќајот во Струга еден од главните проблеми на кои се жалат граѓаните. Во рубриката на ТВМ телевизија „Ти си твојот град”, пристигнаа неколку пријави, кои се однесуваат на проблеми од сообраќајната сфера. Пребрзо возење, непочитување сообраќајна сигнализација, недостаток на соодветни сообраќајни решенија, непрописно паркирање, се дел од забелешките на стружани.
Граѓаните ни пишуваат: „Во Струга колите се паркират на тротоари, стават 4 жмигавци и се паркират сред пат, блокирајќи го собраќајот. Не знам каде се крие полицијата, ама освен пајакот што се шета низ некои места во градот, ние…
Meсната заедница на село Враништа за утре најавува нов протест, преку кој бараат селото да добие нова канализациона и обновување на постоечката водоводна мрежа.
Протестот ќе се одржи во периодот од 16:00 до 17:00 часот кај „Шумски мост“.
На претходниот протест што се одржа на 15-ти август, мештаните потенцираа дека за овој проблем се обратиле до Општина Струга и Министерството за транспорт и врски, но не добиле никаков одговор.
Освен водоводна и канализациона мрежа, тие бараат пешачки и велосипедски патеки и зелени паркови со цел заштита на животната средина и можност за подобар соција…
Во средните училишта во Струга денес започна онлајн настава. Комисијата за заразни болести, прифати дел од барањата на кризниот штаб, но дел ги одби. Онлајн настава е дозволена само во првите 7 дена во средните училишта, а основните училишта започнаа со настава со физичко присуство.
Во средното стручно училиште „Нико Нестор” за 1400 ученици на два наставни јазици македонски и албански, наставата се одвива онлајн, освен практичниот дел која задолжително е со физичко присуство.
Денес наставата во училиштето Нико Нестор Струга започна онлајн и функционира беспрекорно, покрај тоа што доцна …
Кризниот штаб на општина Струга бара одлагање на почетокот на учебната година. На синоќешната средба од страна на директортите на основните и средните училишта со претставници од здравствените установи и градоначалникот заклучија дека епидемиолошката состојба во општината е неповолна.
Состојбата е полоша од претходната година и затоа бараат почетокот на учебната година да биде пролонгиран, односно наместо на 1-ви наставата да започне на 20 септември. Сметаат дека почеток на наставата преку on-line предавања е невозможна бидејки училиштата не се подготовени.
Со оглед на тоа дека се предл…
На 12.01.2022 во ОВР Струга е пријавено дека во атарот на струшкото село Селци настанал пожар во патничко возило во движење „Лада”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ч.(44) од селото Нерези.
Пожарот, во кој нема повредени лица, е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Струга. Увид извршија полициски екипи – информираат од СВР Охрид.
Со поетското читање „Мостови” и врачување на наградитe, „Браќа Миладиновци” и „Мостови на Струга“’ синоќа заврши 60-то издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“.
Поетските читања поради пандемијата се одржаа на летната тераса во хотел „Дрим“, а не традиционално на Мостот на поезијата.
Годинава наградата „Браќа Миладиновци“ ја доби поетесата Лидија Димковска за збирката „Гранична состојба“, додека наградата „Мостови на Струга“ му беше врачена на српскиот поет Владан Кречковиќ за збирката „Париз-Тексас“.
Лауреатката, добитничка на „Златниот венец“, британска…
На 26.08.2021 во 08.25 часот било пријавено дека во Струга, на регионалниот пат Р1208 се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Ј.Л.(39) од Дебар и патничко моторно возило „пежо 206“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(42) од Охрид.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил А.Р., двајца сопатници од истото возило Х.Р.(36) од Охрид и Л.Ц.(42) од с.Пештани и уште еден сопатник од патничкото возило “фолксваген голф“, Ј.А.(41) од Дебар констатирани во специјалната болница „Св.Еразмо“во…