„Не сме виновни за испишувањето на спомен – одбележјата. Сторителите на овој вандалски чин се од другите политички партии, а се обидуваат вината да ни ја префрлат нам“, велат од велат од Унијата на Млади сили на ВМРО ДПМНЕ. Тие денес ги исчистија бистите.Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ строго се оградува од вандалскиот чин со кој беа испишани со графити бистите на Ибрахим Темо и Дервиш Хима. „Сторителите на ова дело се од други политички партии кои сакаат вината да ни ја префрлат нам“. „Некои луѓе неможат да ја прифатат нашата идеја за заедничко живеење и се обидуваат да не обвинат нас“…
Вчера, од засега непознати сторители, двата културни споменици лоцирани на кејот на р.Дрим, испишани се со графити. Врз нивните плочи испишано е името на една од политичките партии, додека преку целите ликови на двата профили е исцртан крст.Од Локалната самоуправа ги осудуваат вандалските чинови, велат дека политичките партии не треба за свои интереси да ги злоупотребуваат културните обележја.Бидејќи очигледно е дека на бистата е испишано името на партијата ВМРО, ТВМ стапи во контакт со кандидатот за градоначалник од оваа партија, Славко Котески. Тој го осуди ваквиот вандалски чин и тврд…
„И по бројните обврски, успеавме нашите децата да ги извадиме на прав пат. Тоа се должи пред се на мојата сопруга“, вели нашиот соговорник. Од Струга, денес ви го претставуваме претпоследниот кандидат за градоначалник, Џевдет Насуфи од Нова демократија. Со своите 61 година, потенцира дека искуството во политиката го натерало да конкурира за оваа функција. Џевдет Насуфи – докажан политичар, добар познавач на науката и вешт менаџер во приватниот бизнис. Вака кандидатот за градоначалник на Струга од Нова Демократија, се опиша на професионален план. Поезијата му е во срцето и вели оти умее …
ВМРО ДПМНЕ во Струга ќе се залага покрај македонскиот и албанскиот, како официјални јазици да се воведат турскиот и влашкиот. Истакнаа дека имаат програма, со која Струга би ја направиле претпознатлив туристички бренд.„Обединети за Струга“-ова е визијата за иднината на градот, на кандидатот за градоначалник и советничката листа од ВМРО ДПМНЕ. Велат дека нивната програма се темели за доброто на Струга, град на поезијата, културата, мултикултурен град, општина со официјални 4 јазици, македонскиот, албанскиот, турскиот и влашкиот. Овие заложби, да се воведат дополнителните два јазика како о…
Безброј обврски носи градоначалничката функција; штом станав прв човек на Струга, му кажав на семејството да смета дека сум на печалба. Скромен по природа, речиси воопшто нема време за себе, сака луѓето да го знаат по неговиот позитивен карактер, а не по брендираната облека. Покрај ова, актуелниот градоначалник Рамиз Мерко себеси се смета за добар домаќин. Откако тој е прв човек на Струга, вели дека времето му е исполнето максимално. Речиси и да нема простор за спортски активности. „Градоначалничката функција е доста одговорна работа, но за среќа за тоа имам разбирање од моето семјество“ ве…
Одличен познавач на фудбалските случувања, вљубеник во правото, позитивен пример за своите деца -вака себеси се опиша кандидатот за градоначалник Славко Котески од Вмро Дпмне од Струга. Правото го познава многу добро, штом тоа го работи му се чини дека игра кошарка. Сеуште е заљубен во правните науки, што се и негова професија. Ова е дел од професионалниот портрет на кандидатот за градоначалик од Вмро Дпмне, Славко Котески. „Иако поголемиот дел од денот му е исполнет со работни обврски, наоѓа време остатокот од секојдневието да го помине со семејството“-истакна Котески.Сопругата Иванка ве…
Ваква одлука донеле откако од ВМРО ДПМНЕ не го прифатиле нивниот предлог за заеднички настап со единствена листа и кандат за градоначалник.Општинската организација на СДСМ од Струга, за претстојните избори ќе го подржи кандидатот за градоначалник од ПЕИ, Фијат Цаноски. Денес партијата официјално ја потврди информацијата. „Со ВМРО ДПМНЕ преговаравме веќе две недели и не најдовме заедничко решение. Се одлучивме да го подржиме Цаноски бидејќи е угледен граѓанин на Струга. Со отварањето на универзитетот, градот е издигнат на повисоко просветно и духовно ниво, затоа решивме да застанеме зад ов…
Иако знае дека градоначалничката функција носи многу обрвски вели, дека умее да се справи со нив и истовремено да не го запостави семејството.Менди Чура, кандидатот за градоначалник од ДПА е фамилиарен човек, сопруг веќе 20 години и татко на три деца. Струшката јавност го знае како сопственик на градежната фирма „Трим и Лум“. Овој бизнис самостојно го започнал пред 10-тина години и од тогаш како што вели успешно му тргнала работата. Во неговата фирма има околу 100 вработени и тоа од сите етнички заедници. Поголемиот дел од денот, Чура го поминува на нработното место. Сепак вели, умее да го…