Фев 6, 2009

Лоцирани инволвираните во последните тепачки во Нико Нестор

Расветлен случајот околу последните тепачки во струшкиот средношколски центар. СВР Охрид поднесе три прекршочни пријави за нарушен јавен ред и мир на ден 21.01 оваа година. Две пријави се за лица-ученици во средношколскиот центар за предизвикан физички напад, и една прекршочна пријава за вкупно 15 лица за учество во тепачка. Од СВР-Охрид информираат дека, при нивните активности констатирано е дека 3 лица од посочените 15 не биле ученици во училиштето.„Главна причина за ова нарушување е тепачката од претходниот ден, случена во близина на училиштето. Тоа било при завршувањето на наставата око…

Фев 5, 2009

Градоначалничката фотеља за општина Вевчани желно посакувана

Жестока битка ќе се води за градоначалничката фотеља  во општина Вевчани. За претстојните локални избори за ова место, засега конкурираа 4 кандидати. ТВм неофицијално дознава дека во моментов како сериозни кандидати се јавуваат: Перо Илиески од ВМРО ДПМНЕ, Сашо Мурџески од СДСМ, Тихо Мурџески од ВМРО НАРОДНА и како независен кандидат е Васил Радиноски, актуелниот градоначалник. Вевчанци ни малку заинтересирани околу кандидатурата за градоначалник, единствено бараат подобра иднина за младите генерации.Независниот кандидат и актуелен градоначалник, Васил Радиноски, ги собра потребните гласови…

Фев 4, 2009

Пронајдена фурна од римски период

Добро сочуваниот наод, ќе биде соодветно заштитен а ќе се презентира во текот на оваа година. Локацијата каде се наоѓа фурната ќе прерасне во атракција интересна за  посетување.Пронајдена фурна од римски период. Ова е најновиот наод  кој при истражувањата го пронајде тимот на струшкиот музеј „Никола Незлобински“.  Добро сочуваната фурна е откиена во село Октиси струшко, во близина на црквата СВ.Анастасиј. Стручните лица проценуваат оти фурната највероватно е користена во средниот римски период. Истата е пронајдена по пријава на жителите од селото Октиси.Иако струшкиот регион е познат по бог…

Фев 3, 2009

Јазични делби во „Нико Нестор“ од оваа недела

Во средното училиште „Нико Нестор“ сепак ќе се воведат јазични смени, неофицијално дознава ТВМ. Оваа стара идеа највероватно ќе се реализира во текот на оваа работна недела, информираат извори од училиштето. Условот која го поставија учениците по последната тепачка, доколу на  почетокот од овој месец не се воведи етнички делби дека ќе излезат со масовен протест,  ги замисли надлежните. Деновиве интензивно се одржуваат состаноци помеѓу првите луѓе на училиштата, вработените, учениците,  локалната самоуправа, како и министерството за образование. Информацијата што ја дознава ТВМ, дека јазични…

Фев 3, 2009

Струшката СДСМ интензивно размислува за нова политика

Ако кандидат за градоначалник биде од ВМРО ДПМНЕ тогаш носител на советничката листа да биде од СДСМ. Вмровците ќе размислат за ова.Струшката организација на СДСМ официјално нема да истакне кандидат за градоначалник од оваа партија, велат високи партиски извори за ТВМ. Тоа не значи дека се откажуваме од трката во овие избори, додаваат од СДСМ. Најавија дека за претстојните избори ќе се залагаат за граѓанска кампања. Тоа би била опција со која би донела победа во Струга. Наши извори велат дека од тами, пројавиле интерес да соработува со ВМРО ДПМНЕ но под услов.  Советничката листа да биде ис…

Фев 2, 2009

За градоначалничката фотеља на Струга ќе се борат 4 кандидати

Избраникот на Вмро Дпмне очекува граѓаните да го прифатат како струшки Обама. Актуелниот, Рамиз Мерко со чист образ,  по втор пат,  ја бара довербата на стржани.Кој ќе седне на челната фотеља на град Струга. Оваа е темата на која  деновиве интензивно се дискутира. Иако граѓаните велат дека веќе имаат кренато раце од тоа кој ќе биде градоначалник на Струга, сепак имаат свои видувања, кои критериуми треба да ги исполнува секој кандидат. Скромни се во условите кои ги поставуваат за идниот челник на општината.Досега, официјално се знаат само 4 кандидати кои ќе се тркаат за да застанат  на челна…

Јан 31, 2009

Одброени деновите на дрвениот мост во Струга

Дрвениот мост во Струга ќе се отстранува. Стариот и дотрајан објек која ја поврзува едната со другата страна на реката Црн Дрим, ќе биде заменет со нов. Ова е најновото ветување на локалната самоуправа во Струга. ТВм во неколку наврати апелираше да се превземат мерки да се отстрани или санира истиот, но залудно. За неговата опасност доколку тој  остане во ваква состојба алармираат и граѓаните.Дека моменталната стуација на дрвениот мост е влошена констатирала и мешовитата комисија, составена од експерти а е формирана исклучиво за овој проблем. Истата направила записник во кој е утврдено,  на…

Јан 31, 2009

Рамиз Мерко кандидат ДУИ

Централниот одбор на ДУИ денеска ги објави имињата на дел од кандидатите за градоначалници. Централниот одбор на ДУИ денеска ги објави имињата на дел од кандидатите за градоначалници, за претстојните локални избори. Информацијата што ТВМ ја пласираше е потврдена. Кандидат за градоначалник на  Струга е актуелниот градоначалник, Рамиз Мерко.   {loadposition content9}
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top