Интензивните врнежи од дожд, не се добредојдени за граѓаните. Променливото време, освен што негативно влијае врз здравјето на луѓето, штети и на земјоделските култури. Обилните врнежи колку што се од корист толку се и на штета на земјоделските производи, предупредуваат стручните лица. „Позитивно влијаат на културите на кои им се потребни поголеми количини вода , но кај другите, можат да предизвикаат бројни болести. Таков проблем се јавува кај лозјата и овошките“-вели Слаѓана Бебекоска-Калајџиеска од агенцијата за развој на земјоделство во Струга.И еколозите се со слично мислење. Велат…
Повеќе нема миење на возила на јавните места. Доколку сопствениците сакаат својот автомобил да го измијат тоа ќе мора да го сторат во својот двор или во пералните. Ако досега пракса беше возилата да се мијат по плажите и кејот на реката Црн Дрим, во иднина нема да биде така. Инспекторите за заштита на животната средина, најавија засилени акции за спречување на ваквите појави. По реакциите на граѓаните на Струга, кои покренаа иницијатива за злопотреба на природата, со миење на автомобили и перење на покуќнина на јавни места, надлежните решија да превземат сериозни мерки. За спречување на…
Лап топ компјутерите во Фон веќе се обезбедени. Дигиталниот концепт на учење во овој универзитетот може да започне во секој момент, информираат од оваа високо образовна институција. Новиот концепт на учење ги опфаќа сите факултети во склоп на овој универзитет, вклучуваќи ги и новите групи во Струмица и Гостивар. „Студентите ќе можат постојано да се во контакт со нивните колеги и професорите. Со тоа автоматски нема да има постојано чекање по врати. Останатото време ќе се искористи за повеќе учење“-вели Сефер Цаноски, менаџер во ФОН-универзитетот. Студентите на ФОН-универзитетот со дигиталн…
Со тоа официјално започна и туристичката сезона. Градоначалниците на Струга, Поградец и Охрид се пофалија на досегашната заеднича соработка.Збратимените езерски градови Охрид, Струга и Поградец и годинава заедно го одбележаа „Денот на езерото“. Овој пат, градоначалникот Рамиз Мерко и градот Струга беа домаќини на манифестацијата. Тој потенцира оти во изминативе 6 години тројцата градоначалници одлично соработувале во повеќе свери кои се во нивни ингеренции.И градоналчалникот на Поградец, Артан Шкамби, е задоволен од одличната комуникација помеѓу колегите од Струга и Охрид. Упати порака до в…
Градоначалникот на Струга вели дека сите технички услови се завршени, уште се чекаат потписите на министрите од Албанија и Македонија.И покрај најавите дека истата ќе стартува од 15 јули сепак најверојатно и овој пат датумот ќе биде пролонгиран. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко е оптимист, дека бродската линија наскоро ќе биде пуштена во функција.Градоначалникот на Струга не прецизира кога може да очекуваме туристите но и граѓаните со брод да одат во Албанија и обратно. Вели дека дефинитивно решение може да очекуваме по завршувањето на изборите во соседна Албанија.Инаку како што в…
Охридското езеро нема да се издава под концесија до 2014 година. Одлуката на Владата ја поздравија еколошките друштва. Охридското Езеро нема да се издава под концесија. Рибниот фонд ќе биде заштитен и во наредните 5 години. Оваа е одлуката на Владата, која вчера ја соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ацо Спасеноски. Стручните лица задоволни од оваа одлука. Велат конечно нивните барање се остварени. Ваква одлука требаше да биде донесена уште порано, велат од еколошките друштав од Струга. Очекувавме дека рибниот фонд ќе биде заштитен за подолг период бидејќи во …
250.000 евра, за хируршкото одделение при Општа болница во Струга. Министерот за здравство Бујар Османи порача дека веќе се обезбедени услови за современа медицинска пракса. Одделението за хирургија во Струга доби нов лик. Денеска и официјално Министерот за здравство Бујар Османи ја предаде во употреба новата хируршка сала, со современа медицинска апаратура. Средствата за опремата во вредност од 250 000 евра министерството ги обезбеди преку кредит од Италија. Истата беше лоцрана во новиот објект на болницата изграден со сопствени средства на медицинскиот центар од Струга. Османи рече дека в…
Нов директор во средното стручно училиште „Нико Нестор“. На челната функција во ова училиште е поставен Никола Затуроски, професор по математика и актуелен советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Иако тој на ова место е само три дена, вели од старт, приоритет му е во „Нико Нестро“ целосно да се надминат меѓуетнички препукувања помеѓу учениците.„За скоро време ќе побарам средба со градоначалникот на Струга и министерот за образование, за на тој начин да увидиме до каде е состојбата со ова училиште и кои се плановите за во иднина“-вели в.д директорот Никола Затуроски.Тој доаѓа на местото на дире…