Мај 20, 2009

Училиште од кое се раѓаат таленти

Четвртата  генерација  од приватното средно училиште  „Јахја Кемал“, си заминуваат со  успеси и награди. „Во овие 4 години, научивме да се почитуваме меѓусебно и да ги цениме другите“, велат тројцата најдобри ученици од оваа генерација.Александра Дејкоска, Жарко Данаилоски и Ѓоко Костојчиноски, се најдобрите ученици од четвртата генерација на приватното средно училиште „Јахја Кемал“. Дејкоска и Данаилоски   како ученици во ова училиште, последниот успех го постигнаа со освојувањето на средбрен медал на натпреварот во Америка, каде настапија со свој проект за лековитото својство на невенот. …

Мај 19, 2009

Повторно средба Мерко – Јанакиевски

И понатаму настојуваат да најдат заеднички компромис за издавање на плажите под концесија. Општината ќе помогне во рамки на своите можности, велат од таму.Спогодбите околу издавање на струшките плажите под концесија се од големо значење и за општината и за државата. Граѓаните со поделени мислења, дали плажите треба да се издаваат под концесија.„Се надеваме дека ќе постигнеме заеднички компромис“, велат од општина Струга. Од таму уште пред две години  имаат  изготвено листа со многу критериуми кои треба да ги  исполнат концесионерите. Условите  на кои треба да д се придржуваат кандидатите се…

Мај 18, 2009

Ограбена бензиската пумпа на „Макпетрол“ во Струга

Двајца маскирани вооружени напаѓачи, рано изутринава ја ограбиле бенсинската пумпа на „Макпетрол“ лоцирана на ул. „Пролетерски бригади“ во Струга.Според првични полициски сознанија, грабежот бил извршен во 4:10 часот, при што под закана со оружје од двајцата вработени им биле одземени околу 710.000 денари пари од дневниот промет. Потоа ограбувачите се изгубиле во непознат правец. Не е повреден никој од вработените.Во Полициската станица во Струга во тек е информативен разговар со двајцата вработени. Во бензиската пумпа присутна е внатрешна инспекција од дирекцијата на „Макпетрол“ Скопје, ко…

Мај 18, 2009

Со погребално возило го искажаа своето незадоволство

Со погребално возило и камион за подигање на сметот, денес вработените во Комунално повторно на протест. Со мирен штрајк низ струшките улици бараа да им се исплатат ветените плати. Својот револт го искажаа преку мирен протест по струшките улици и пред општинската зграда. Велат дека се револтирани бидејќи првиот човек на претпријатието за ТВМ кажа оти ќе им исплати една плата на вработените иако  до денес не е исполнато ветувањето.„Со тоа што директорот не се придржуваше на ветувањето, ја прекрши претходно потпишаната спогодба со вработените, велат тие. Доколку во иднина продолжиме со протес…

Мај 18, 2009

Струга полека ја губи автентичноста

Ова беше пораката на уметникот Атанас Ќушкоски, кој денес ја упати до стружани. Тој  преку фотографии ги покажа вредните објекти со кој располага овој регион.Струга полека ја губи автентичноста, старата архитектура постепено исчезнува. „Подобра не е ни ситуацијата во струшките села, но тоа е повеќе впечатливо во градот, бидејќи тука секојдневно сме сведоци на нови совемени градби, со нив се искоренува стара Струга“,  велат стружани. Струшките села се богати со стари и автентични градби, но за жал се повеќе нивниот број се намалкува. Токму и тоа е идеата на уметникот Атанас Ќушкоски, кој пре…

Мај 15, 2009

Црвениот крст на Македонија, на високо ниво

Црвениот крст на Македонија има членови подготвени да реагираат при секакви евентуални катастрофи. Кадарод е едуциран на високо ниво, организациите работат професионално, единствено проблем кој ги соочува сите организации се финансиите, велат странските соработници. Активистите на општинските организации  на Црвен крст низ Македонија се подготвени да делуваат при секакви ситуации. Знаат да укажат помош на најранливите категории, но и да реагираат при евентуална појава на новиот вирус на свински грип, отценуваат стручните лица. Македонија се вбројува меѓу државите што имаат екипи кои се речи…

Мај 14, 2009

Пратеничката канцеларија на Затурска отворена за сите

Добредојдени се сите граѓани, без разлика на партија или вероисповед, вели Лилјана Затуроска.Инфраструктурата, комуналната хигиена, недостаток на паркинг простор, преголема бучавост. Ова се само дел од проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Струга. Последниов период позачестени се поплаките на жителите кои и ги пренесуваат на пратеничката Лилјана Затуроска од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Поголем дел од нив веќе се информирани оти за решавање на своите проблеми можат да се обратат до канцеларијата на пратениците Фијат Цаноски и Лилјана Затуроска.Секој ден се повеќе се зголемува бројот на гра…

Мај 13, 2009

Преполни контејнери, отпадоци од сите страни

Вaква е Струга последниве денови. Вработените повторно ја бојкотираат работата поради неисплатените плати.Целиот град во последниов период, наместо да е чист зачестена е глетката со преполни контејнери и отподоци на сите страни. Ваква ли Струга ќе ги дочека туристите? се прашуваат граѓаните. Нивна општа проценка е дека во моментов хигиената во градот е на најниско ниво.Достојно ќе ја дочекаме сезоната, туристи ќе дојдат во чист град, така  било отсекогаш ќе биде и во иднина, вели директорот на Коминалното претпрјатие, Ваљон Џила. Најави дека за време на летната сезона, вработените ќе ја одр…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top