Струга полека ја губи автентичноста

„Заедно да се потрудиме да ја зачуваме архитектурата на Стар Дримкол“.

 |  Билјана Колоска  | 
fotografii
фотографии

Ова беше пораката на уметникот Атанас Ќушкоски, кој денес ја упати до стружани. Тој  преку фотографии ги покажа вредните објекти со кој располага овој регион.

Струга полека ја губи автентичноста, старата архитектура постепено исчезнува.

изложба„Подобра не е ни ситуацијата во струшките села, но тоа е повеќе впечатливо во градот, бидејќи тука секојдневно сме сведоци на нови совемени градби, со нив се искоренува стара Струга“,  велат стружани.

Струшките села се богати со стари и автентични градби, но за жал се повеќе нивниот број се намалкува. Токму и тоа е идеата на уметникот Атанас Ќушкоски, кој преку својата изложба денес пред стружани ги покажа вредностите на стар Дримкол и ја упати пораката за зачувување на архитектонските вредноси на овој регион. Со фотографиите од 10-тина села кои се наоѓаат од левата страна на реката Црн Дрим,  тој се обиде на љубителите на уметноста да им ги долови архитектонскиот амбиент на Долни и Горни Дримкол.

Негрижа на институциите ги доведува до уништување на автентичните објекти, вели Ќушкоски. Дел од нив кои се изградени од камен ни времето неможе да ги урне, додека оние од друга градба се мета на постепеното уништување, додава тој. Мора да се најде начин да се заштитат дел од вредните објекти распространети ширум струшките села, порачува Ќушкоски.
Од друга страна првиот човек на струшкиот Музеј потенцира дека и тие би  сакале  да го зачуваат богатството на регионот но не се доволно моќни.

Денешната изложба на фотографии на Атанас Ќушкоски, е во организација на Центар за култура “Браќа Миладиновци”- Струга и  Музеј “Д-р Никола Незлобински”- Струга.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top