Струга беше домаќин на манифестацијата „Денот на Езерото“

Со тоа официјално започна и туристичката сезона. Градоначалниците на Струга, Поградец и Охрид се пофалија на досегашната заеднича соработка.

 |   | 
manifestacija
манифестација

Со тоа официјално започна и туристичката сезона. Градоначалниците на Струга, Поградец и Охрид се пофалија на досегашната заеднича соработка.

Збратимените езерски градови Охрид, Струга и Поградец и годинава заедно го одбележаа „Денот на езерото“. Овој пат, градоначалникот Рамиз Мерко и градот Струга беа домаќини на манифестацијата. Тој потенцира оти во изминативе 6 години тројцата градоначалници одлично соработувале во повеќе свери кои се во нивни ингеренции.

И градоналчалникот на Поградец, Артан Шкамби, е задоволен од одличната комуникација помеѓу колегите од Струга и Охрид. Упати порака до властите во Скопје и Тирана во иднина да се потрудат уште повеќе да ја продлабочат соработката.

gradonacalniciЗа Македонија и Албанија да можат да напредуваат неопходно е  во целост да се спроведе децентрализацијата.

„Само на тој начин, вели градоначалникот на Охрид, може заеднички да ги решиме бројните проблеми кои ги засегаат трите града. Во моментов сме во ситуација да централната власт ништо не превзема а локалната има забрана да прави било што“, додаде Петрески.

„Убеден сум дека самите ние, побрзо ќе се договараме и  поефикасно ќе ги решаваме заедничките проблемите на Охрид, Струга и Поградец од колку да чекаме на друг“, вели градоналчалникот Петрески.

На вчерашната манифестација „Денот на езерото“ присуствуваа бројни гости од соседен Охрид и Поградец. Настанот беше збогатен со културна  ументичка програма. Воедно, со вчерашната свеченост градоначалниците ја отворија  туристичката сезона.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top