Сеп 19, 2009

До Нова година, чисти сметки во Комунално

Дали со неговата најава ќе се стави крај на бројните нерешени проблеми на вработените. Се гледа крај на долгот кон вработените. Во струшкото Комунално претпријатие се регулира статусот со заостанатите плати. За овие два месеци, колку што сум на оваа раководна функција, на повидок е поделбата на третата плата, кажува првиот човек на претпријатието. „Се обидуваме барем на два месеци по една од заостанатите плати да намалиме. Се надевам дека околу Нова Година ќе се пофалиме со израмнување на платите“-вели Петко Кутаноски.Заостанатите плати им создаваат големи проблеми на вработените во претпри…

Сеп 18, 2009

Решение ама привремено

Бројните кражби во струшките цркви, ги седнаа на иста маса инволвираните страни. Засега, солуција за да се заштитат иконите е тие да се отстранат на одреден период. Последователните кражби во црквите од струшкиот регион, ги разбудија инволвираните страни. На маса, за овој проблем се зборуваше на состанокот на кој присуствуваа претставници на Охридската Епархија, Црковните одбори од струшкото ерхиерејско намесништво и претставници од ОВР Струга. Едногласно донесоа неколку заклучоци, за кои ценеа дека ќе се од големо значење за да се заштитат верските објекти.„Како заклучок се доби дека мора …

Сеп 17, 2009

Канделабри среде улица

Подолг период минувачите по улицата на „ЈНА“ си имаат мака со истите. Нема да се отстрануваат, велат од одделението за урбанизам. Кој знае ќе ги одбегне, но често се случува во нив да се удрат или пешаците или возилата. Подолг период ваква е состојбата на улицата „ЈНА“. Граѓаните се согласуваат дека мора да се бара некакво решение, бидејќи тие доколку останат тука навистина пречат.Канделабрите останаа во ваква положба кога Локалната Самоуправа превзеде активности за проширрување на улицата. Светилките се наоѓаа покрај истата но бидејќи  моравме да превземеме мерки да ја прошириме, канделабр…

Сеп 16, 2009

Вевчанци добија „Даночен шалтер“

Наместо да патуваат до Струга, обврските ќе си ги подмират во својата општина. Даночните обврзници од општина Вевчани од денес полесно ќе ги подмируваат своите обврски. Наместо како досега, да одат до општинскиот шалтер во Струга, во иднина таква можност ќе имаат и во нивната општина. Управата за Јавни Приходи, во Вевчани денес свечено го пушти во употреба  даночениот шалтер. Со оваа постапка се врши доближување на УЈП кон даночните обврзници. Вевчанци ја поздравуваат оваа активност.Нашата единствена цел е преку даночните шалтери на граѓаните да добиваат квалитетни услуги исто како и во пог…

Сеп 15, 2009

Ќе се стави ли клуч на вратата на „Мајски Цвет“

Вработените нема да останат на улица, одморалиштето ќе функционира но како приватна установа, вели директорот. Што се случува со детското одморалиште „Мајски Цвет“? Оваа тема деновиве е актуелизирана во струшката јавност. Со уписите на факултетите со дисперзирани струдии кои се сместени во објектот на одморалиштето, меѓу стружани се шпекулира дека ќе се стави клуч на вратата на „Мајски  Цвет“. ТВМ неофицилано дознава дека неодамна Владата донесе одлука овој објект да биде под капа на министерството за образаование. Избори за ТВМ велат дека на оваа одлука од детското одморалиште се жалеле до…

Сеп 14, 2009

„Петрејца Прилепчанката“, а од Струга

Пародијата ги содржи  зборови на буквата „П“. Дејкоски, вели,  никогаш не е доцна да се покаже дарбата што ја поседува секоја личност. Стружанецот Јанкула Дејкоски го објави своето прво ремек дело “Петрејца Прилепчанката”. 58 годишниот сограѓанин, слободното време од пензионерските денови го посветил во пишување на оваа книга. Специфично е што во истата можат да се сретнат  зборови кои почнуваат на буквата „П“. Оваа пародија содржи 900-тини такви зборови.„Јас правам речник од зборови на буквата „П“. Навистина во македонскиот јазик има многу зборови на оваа буква, затоа и ја напишав оваа пар…

Сеп 14, 2009

Ако не може со арно, ќе мора со лошо

Надлежните од Општина Струга најавија дека ќе користат нов метод, како станоиздавачите да ја платат туристичката такса. Ќе им достават решенија за наплата,  а ако и тогаш не си ја подмират обврската, ќе поведат судска постапка. Надлежните од општина Струга по скоја цена на станоиздавачите ќе им ја наплаќаат туристичка такса. Велат, досега ова ни беше најгорлив проблем, но за  во иднина  најдовме друг начин, за кој се надеваме дека ќе биде успешен за оставрување на нашите очекувања, вели секретарот на о.Струга. Кај хотелиерите е полесно, тие се евидентирани и водат книга за тоа колку гости и…

Сеп 12, 2009

Дипломатска регата за прв пат во Струга

За прв пат во водите на Охридското езеро Дипломатска регата. Утре во Струга ќе се одржи спортско едриличарска регата во класата „Минитонец“, каде се очекува присуство на членови од Дипломатскио кор на Р.Македонија.Едриличарскиот клуб „Снегар“,Јахтинг клубот „Сирма“од Струга, со помош на едриличарската федерација Р.Македонија организираат спортска регата за класата „Минитонец“. Планирано е учество да земат членови од Дипломатскиот кор на Р.Македонија, поточно членови на странските амбасади кои работат во нашата земја. Целта на овој голем настан е промоција на монденското едрење.Регатата ќе с…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top