Канделабри среде улица

Подолг период минувачите по улицата на „ЈНА“ си имаат мака со истите. Нема да се отстрануваат, велат од одделението за урбанизам.

 |  Колоска Билјана  | 
kandelabri
канделабри

Подолг период минувачите по улицата на „ЈНА“ си имаат мака со истите. Нема да се отстрануваат, велат од одделението за урбанизам.

kandelabriКој знае ќе ги одбегне, но често се случува во нив да се удрат или пешаците или возилата. Подолг период ваква е состојбата на улицата „ЈНА“. Граѓаните се согласуваат дека мора да се бара некакво решение, бидејќи тие доколку останат тука навистина пречат.
Канделабрите останаа во ваква положба кога Локалната Самоуправа превзеде активности за проширрување на улицата. Светилките се наоѓаа покрај истата но бидејќи  моравме да превземеме мерки да ја прошириме, канделабрите останаа среде улица. Свесни сме дека тие пречат,  но засега неможеме да интервенираме, велат од Одделението за Урбанизам при О.Струга. Моментално во тек се преговори со сопствениците на објектите во овој дел на градот, за отварање на уште една улица. Штом се постигне договор и се уредат двете улици, канделабрите и понатаму остануваат дел од улицата на ЈНА.
„Со проектот за уредување на тој дел од градот, е предвидено канделабрите да се наоѓаат во средишниот дел, штом се прошири улицата“-вели Натмир Неџити од одделението за урбанизам.

Од таму  велат дека овој проект е од големо значење за сообраќајот во  градот, па затоа најавуваат уредување на овој потег по европски стандарди.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top