Ако не може со арно, ќе мора со лошо

Надлежните од Општина Струга најавија дека ќе користат нов метод, како станоиздавачите да ја платат туристичката такса.

 |  Колоска Билјана  | 
plaza
плажа

Надлежните од Општина Струга најавија дека ќе користат нов метод, како станоиздавачите да ја платат туристичката такса. Ќе им достават решенија за наплата,  а ако и тогаш не си ја подмират обврската, ќе поведат судска постапка.
Zoran GulicoskiНадлежните од општина Струга по скоја цена на станоиздавачите ќе им ја наплаќаат туристичка такса. Велат, досега ова ни беше најгорлив проблем, но за  во иднина  најдовме друг начин, за кој се надеваме дека ќе биде успешен за оставрување на нашите очекувања, вели секретарот на о.Струга. Кај хотелиерите е полесно, тие се евидентирани и водат книга за тоа колку гости имаат во текот на годината, мака ни создаваат приватните станоиздавачи, вели Гулицоски.

„Убедени сме дека нашите податоци нема да се совпаѓаат со нивните, затоа очекуваме да се јават  проблеми со станоиздавачите, но  мора да го примениме овој метод на наплата“,  истакна секретарот. Додава, ако и по ова станоиздавачите  повторно  одбегнуваат да платат, тогаш ќе поведеме судска постапка.“

Гулицоски се надевава оти овој начин на наплата на туристичка такса ќе биде успешен.

„По наплатата на туристичка такса, следен чекор ќе биде да ги убедиме сопствениците на приватното сместување да поднесат барање до нас, за потоа комисијата да изврши категоризација на објектите“, потенцира секретарот Гулицоски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top