Ное 19, 2009

„Доживотно учење“ во Струга

Проектот ги поврзува учениците, наставниците како и работните организација, со нивните колеги од странските земји.Учениците, наставниот кадар, но и работните организации, треба да ги применуваат  искуствата од европските земји, посебно во делот како училиштата се поврзани со пазарот на трудот.  Една од работите кои мора да ги учиме од нив, е да знаеме, на кој начин тие работат за подобар соживот во училиштата, посебно оние кои во својот круг имаат ученици од повеќе етнички групи, вели професорката Марија Коваческа од „Нико Нестор“. За разлика од европските училишта, реално кај нас за реализ…

Ное 17, 2009

Во Струга започна со работа канцеларијата на Југозападен Плански регион

Започна со работа канцеларијата на Југозападен плански регион. Седиштето е во Струга, општина со најголемброј жители за разлика од другите градови, членови на планскиот регион. Канцеларијата се наоѓа во зградата на подрачна енидица на Народна одбрана. Таму, работно ангажирани се 4 лица.Истата иако целосно не е оспособена за работа, сепак веќе втора недела откако  таа функционира,  информира градоначалникот Рамиз Мерко.„Задачите на вработените во канцеларијата се доста обемни. По Националната програма за рамномерен развој , тука ќе се прибираат сите проекти од интерес на регионот“-вели Рамиз…

Ное 14, 2009

Во државава има бруцелоза, но има и лек за тоа

Во Македонија алармантна состојбата со бруцелозата. За триесетина години во државава се евидентирани 11 164 заболени. Годишно во земјава се регистрираат и до 500 нови заболени лица. Оваа бројка реално е голема  и загрижувачка,  велат стручните лица. Бруцелозата е болест која се пренесува од животните на луѓето. Скоро 60% од населението се заразува од бруцелоза преку  конзумирање продукти, додека 40% како резултат на близок контакт со животните, велат експертите.Ако ветеринарните служби не реагираат навреме, секоја година ќе се зголемува бројот на заразени од бруцелоза. Тие треба да интервен…

Ное 12, 2009

Мајка и син од Струга веќе 8 години живеат во мизерни услови

Од картони и дрва е изграден домот на едно струшко семејство. Додека едни граѓаните се мислат дали огревните дрва ќе им се доволно за да го поминат зимскиот периот,  Емин Абас и Зурка Ибраими се плашат дали ќе ја преживеат и оваа зема. Имаат покрив над глава колку да не спијат под ведро небо. Мајката и синот години наназад се соочуваат со овој проблем. „Немаме основни услови за живот, ниту пак тоалет. Во ваква состојба живееме веќе 8 години“-вели Зурка Ибраими.При врнежливо време, Емин и Зукра по дома се шетаат облечено со чизми. Вода ни тече од сите страни, раскажуваат тие. Во вакви услови…

Ное 11, 2009

Паника и страв од премногу зборување за свинскиот грип

Засега Струга имуна на вирусот Х1Н1. Во градот нема регистриран случаи на забелени од овој вирус иако деновиве се шпекулираше дека овој вид на грип пристигнал и кај нас. За свинскиот грип премногу се зорува во јавноста па затоа кај поголем број  граѓани владее паника и страв од истиот.Да се надеваме дека актуелната пандемија ќе ја одмине Струга, велат граѓаните. Навистина премногу се дава значење на овој грип, очекувано дека граѓаните одбегнуваат да патуваат во странските земји, информираат од туристичките агенции. Бројот на патници не е значително намален, додаваат од таму. Опасноста од ов…

Ное 10, 2009

Ќе има ли чисти сметки во струшкото Комунално?

Ќе се реши ли конечно проблемот на вработените во струшкото Комунално претпријатие? Тие веруваат дека до крајот на оваа година ќе ги добијат заостанатите плати. ТВм дознава дека Синдикатот на вработените се сретна со директорот на претпријатието за заеднички да го надминат проблемот. Се надеваме дека 7-те заостанати плати ќе ги добиеме додека е важечка спогодбата потпишана помеѓу штрајкувачкиот одбор  и  градоначалначалникот Рамиз Мерко, а е заклучно до 31.12 оваа година, вели претседателот на синдикатот. Од месец мај, од кога протестиравме па до денес состојбата речиси воопшто не е промене…

Ное 9, 2009

Струшките плажи конечно на тендер

Процедурата е при крај. Кандидатите најверојатно ќе конкурираат на почетокот од следната година.Летово струшките плажи ќе бидат за пример. Дефинитивно се усогласија ставовите на засегнатите страни. По иницијатива на вицепремиерот Абдулаки Адеми, општина Струга интензивно е во преговори со Министерството за транспорт и врски, со цел што поскоро да се уредат градските плажи, информира градоначалникот Рамиз Мерко. Стигнавме до последната фаза. Досега не ги издадовме плажите под концесија бидејќи немавме комплетни податоци за претходната состојба на крајбрежјето, вели градоначалникот.„Од катаст…

Ное 6, 2009

Сезонската опрема во Струга навреме подигната

На терен состојбата поинаква. Маси и столчиња на сите страни.Законот за урбаната опрема не се почитува ниту во Струга. Иако од законскиот рок за подигнување на сезонската опрема поминаа 6 дена, сепка во градот состојбата не е воопшто сменета. Масите и столчињата кои се поставија пред почетокот на летната сезона, во најголем број  сеуште се тука.Во струшката чаршија сопствениите на кафулињата просторот пред нивните објекти, каде е поставена опремата го прилагодуваат за зимскиот период. Дел од нив тоа го прават легално, велат комуналните инспектори.„Има некои лица со кои имаме склучено догово…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top