Паника и страв од премногу зборување за свинскиот грип

Во Струга нема регистритани случаи од оваа пандемија.

 |  Билјана Колоска  | 

Засега Струга имуна на вирусот Х1Н1. Во градот нема регистриран случаи на забелени од овој вирус иако деновиве се шпекулираше дека овој вид на грип пристигнал и кај нас. За свинскиот грип премногу се зорува во јавноста па затоа кај поголем број  граѓани владее паника и страв од истиот.
Да се надеваме дека актуелната пандемија ќе ја одмине Струга, велат граѓаните.
Навистина премногу се дава значење на овој грип, очекувано дека граѓаните одбегнуваат да патуваат во странските земји, информираат од туристичките агенции. Бројот на патници не е значително намален, додаваат од таму. 


Опасноста од овој вирус нема големо влијание врз  новогодишните аранжмани, известуваат од агенцијата „Оскар Травел“.
„Засега се интересираат граѓаните за новогодишните понуди, нема некое посебно влијание барем досега не сме го почувствувале. Лицата кои патуваат за новогодишните празници се издвоена клиентела која не обрнува големо внимание на вирусот АХ1Н1“-вели Елизабета Попоска од туристичка агенција „Оскар Травел“.
Но од таму не ја исклучуваат можноста пандемијата од свински грип да има влијание врз нивната работа. Претпоставуваме дека за мал процент ќе се намали продажбата на аранжмани посебно оние за зимување, каде има многу луѓе на едно место, истакнаа од агенцијата „Оскар Травел“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top