„Доживотно учење“ во Струга

Проектот ги поврзува учениците, наставниците како и работните организација, со нивните колеги од странските земји.

 |  Колоска Билјана  | 
logo
лого

Проектот ги поврзува учениците, наставниците како и работните организација, со нивните колеги од странските земји.

proektУчениците, наставниот кадар, но и работните организации, треба да ги применуваат  искуствата од европските земји, посебно во делот како училиштата се поврзани со пазарот на трудот.  
Една од работите кои мора да ги учиме од нив, е да знаеме, на кој начин тие работат за подобар соживот во училиштата, посебно оние кои во својот круг имаат ученици од повеќе етнички групи, вели професорката Марија Коваческа од „Нико Нестор“. За разлика од европските училишта, реално кај нас за реализација на ваков проект не достига комуникација на релација училишта – работни организации.
„Учениците од „Нико Нестор“ одат на пракса, пример медицинските паралелки, но процентот на соработка е на многу нисто нив“-вели Коваческа.

Дел од овие идеи се наведени во изготвениот проект на  училиштето, со кој аплицира во  Националната Агенција за  европски образовни програми и мобилност и од каде им беше одобрен грант. Финансиските средства се искористија за посета на контакт семинар во Даблин, Ирска.
„Остваривме соработка со Финска, Ирска и со други држави. Веќе договоривме наши ученици да појдат во Англија и извесен период таму да учат и работат’-истакна Коваческа.

Финансиски средства од Националанта Агенција можат можат да добијат сите добро изработени проекти. Условите, како и другите информации околу програмата, начинот на нејзиното користење и улогата на Националната агенција, се презентираа денес во Струга.
„Овие инфо денови би го зголемиле бројот на апликанти“-вели Јован Попоски, Раководител на сектор Општо образование.
Со презентацијата на програмата „Доживотно учење посветен на подпрограмите;Комениус и Леонардо Давинчи, сакаме да сме поприсутни во другите градови каде има повеќе апликанти, вели Попоски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top