Ное 28, 2009

Годишно собрание на ПОДЕМ

„Нашата партија нуди соработка со граѓаните“, вели претседателот на Подем. Како партија ќе реагираме на сите негативни појави со кои се узурпира Струга, вели претседателот на Општинаската Организација на Подем, Кутаноски.  Партијата ПОДЕМ одржа Годишно собрание во Струга. „Наша цел е на граѓаните да им понудиме политичка опција која ќе соработува со нив. Ги имаме опфатено сите целни групи, каде водиме сметка за секој член и симпатизер на партијата. Посебно внимание посветуваме на студентите, образованието и земјоделито“, вели претседателот на ПОДЕМ, проф. д-р. Живко Јанкуловски.Во партијата…

Ное 27, 2009

Жртвата не се плаши да пријави насилство

Лицата повеќе имаат доверба во невладините организации отколку во државните инситуции.Граѓаните се почесто отворено зборуваат за семејното насилство. Жените, во последниов период не се срамат да го пријават случајот доколу бидат жртва на насилство во своето семејство. Најпрвин проблемот го пријавуваат по телефон, за потоа да дојдат во нашите кацеларии, вели претседателот на невладината организација „Езерка“ од Струга.„Кога ќе се јават телефонски отворено заборуваат за насилството штом дојдат овде се посрамежливи. Ги упатуваме каде да бараат помош“-вели Драгица Попоска, претседател  на „Езер…

Ное 26, 2009

„Европските зелени“ за Македонија

Европските зелени застанаа на страна на Македонија. Употребата на името на нашата држава беше причина за острата размена на реплики на синоќешната пленарна сесија на Европскиот парламент. Европските зелени влегоа во дуел со грчката делегација токму поради Македонија, тоа за нас е очекувано, вели пратеничката Лилјана Попоска. „Европските зелени  неможат да замислат дека некој неможе да прифати реалност, односно неможе да се наметне промената на името“-вели пратеничката Попоска од  ДОМ. Жестоката дискусија произлегла откако  грчкиот европратеник Николаос Салавракос, бараше од европратениците …

Ное 26, 2009

Студии ќе има ама студенти…?

Лага ли е или вистина? Дисперзираните студии на економскиот факултет во Струга ќе профункционираат. Оваа одлука е донесена утринава, откако и официјално ректорот на универзитетот Св. Кирил и Методиј пресечил дека сепак ќе се отворат долго најавуваните дисперзирани студии, иако претходно беа известени родителите и студентите дека истиот ќе започне со работа од следната година. ТвМ дознава дека тој денес ги разгледувал просториите каде треба да се одржува настава. Уште веднаш ректорот ќе ангажирал  лица за да го доуредат просторот,  за по неколку дена да започнат  со работа дисперзианите студ…

Ное 26, 2009

Октишани одат понатаму

Жителите во Октиси од Македонска вероисповед, правда околу изградбата на црквата св. Атанасија, ќе ја барат кај повисоки инстанци. Најавуваат обжалување на решението со кое беа стопирани градежните зафати на овој верски објект. Тие денеска жалбата ја поднесоа до второстепена комија од каде се надеваат дека потрезвено ќе се разгледа документацијата и по истата праведно ќе се донесе пресуда. Додека е во тек жалбената постапка, на лице место, закани и препукувања, вели член од црковниот одбор. Ристе Станкоски во телефонскиот разговор  за ТВ М  открива дека она што беше започнато таму да се гра…

Ное 25, 2009

Рамиз Мерко „Амбасадор на мирот“

Оваа титула е доказ дека Струга живее во мир, толеранција и меѓусебна почит, истакна градоначалникот.Градоначалникот Рамиз Мерко амбасадор на мирот. Ова признание првиот човек на Струга го доби деновиве на конференцијата во Албанија. Светската федерацијата за мир,  покрај на струшкиот градоначалник, вакво признание им  додели и на други лица.„Ова признание е меѓу подрагите кои сум ги добил во мојата градоначалничка функција“-, вели Мерко. Со него се потврдува дека мојата мисија е да работам во интерес на сите граѓани, не само на стружани и да ја пренесувам пораката за мир во регионот. „Поим…

Ное 24, 2009

Ќе се создадат основни услови за работа на Кванташки пазар

Ова се најновите најави,од новиот директор на Комунално. Нема изградба на административни простории само на санитарни чворови. Јавното претпријатие Комунално од Струга го врати во своја сопственост Кванташкиот пазар. Сега, имаме одврзани раце да воведиме ред и превземаме било какви активности за доуредување на истиот, вели директорто Петко Кутаноски. Уште веднаш ќе се фатиме за работа, истакна директорот. Тој потенцира дека ќе  ги ангажираме вработените комплетно да го исчистат овој простор, и прво што ќе направи  е изградба на санитарен чвор.„Планираме комплетно да го уредиме просторот за …

Ное 23, 2009

„Инвестирај во Македонија“

„Инвестирај во Македонија“-под ова мото се привлекуваат инвеститори во Македонија.Бизнисмени веќе се заинтересиани да вложат во нашава земја, посебно за охридско-струшкиот регион.Со овој слоган беше ансловена бизнис презентацијата која се одржа во Мелбурн, Австралија. Ова ќе биде мост помеѓу овие две земји, а една од главните причини е да се приближат странските инвеститори во Македонија. На презентацијата на програматана на  која присуствуваа повеќе од 120 светски познати австралиски компании, бизнисмените пројавиле голем интерес за инвестирање во Македонија, посебно во  Охридско-струшкиот…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top