Рамиз Мерко „Амбасадор на мирот“

Оваа титула е доказ дека Струга живее во мир, толеранција и меѓусебна почит, истакна градоначалникот.

 |  Колоска Билјана  | 
diploma
диплома

Оваа титула е доказ дека Струга живее во мир, толеранција и меѓусебна почит, истакна градоначалникот.

Ramiz MerkoГрадоначалникот Рамиз Мерко амбасадор на мирот. Ова признание првиот човек на Струга го доби деновиве на конференцијата во Албанија. Светската федерацијата за мир,  покрај на струшкиот градоначалник, вакво признание им  додели и на други лица.
„Ова признание е меѓу подрагите кои сум ги добил во мојата градоначалничка функција“-, вели Мерко. Со него се потврдува дека мојата мисија е да работам во интерес на сите граѓани, не само на стружани и да ја пренесувам пораката за мир во регионот.
„Поимот „Амбасадор на мирот“ е голема титула за мене  и за граѓаните, исто така и за градот Струга“- истакна градоначалникот.
Инаку, ова признание се доделува на личности чие мото е да се грижат за другите, да ги промовираат моралните и семејните вредности, да се залагаат за меѓуетничка соработка во заедницата во која живеат, и да ја претставуваат културата и мирот во светот.
Признанието се доделува и на лица кои допринесуваат за надминување на расните, националните и религиозните бариери. „Амбасадорот на мирот“ придонесува и за исполнување на надежта на сите генерации.
Инаку, на конференцијата, Федерацијата на мирот на која беше градоначалникот Мерко, присуствуваше и основачот – доктор Сун Мјунг Мун.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top