„Европските зелени“ за Македонија

Името на земјава-тема на жестока  дискусија во Европскиот парламент.

 |  Колоска Биљана  | 

Европските зелени застанаа на страна на Македонија.

ЕPУпотребата на името на нашата држава беше причина за острата размена на реплики на синоќешната пленарна сесија на Европскиот парламент. Европските зелени влегоа во дуел со грчката делегација токму поради Македонија, тоа за нас е очекувано, вели пратеничката Лилјана Попоска. „Европските зелени  неможат да замислат дека некој неможе да прифати реалност, односно неможе да се наметне промената на името“-вели пратеничката Попоска од  ДОМ. Жестоката дискусија произлегла откако  грчкиот европратеник Николаос Салавракос, бараше од европратениците да не го употребуваат името Македонија, туку да се служат со привремената референца. На ова остро му се спротивстави германскиот европратеник Берндт Поселт. „Македонија е Македонија и Македонија ќе си остане. Да се дискутира за ова, сигурно дека нема да и се помогне во ништо на соседната земја“, рече Поселт потсетувајќи на сличниот став на лидерот на европските Зелени, Даниел Кохн-Бендит. Со факти се докажува дека Европските зелени  се борат за нас, вели Попоска.
„Тие се борат во европскиот парламент како да се македонци. Работата дошла до тоа да на секоја трета реченица Европските зелени го спомнувале името Македонија. Со тоа сакаа да им докажат на грците дека мора да се навикнат на реалноста дека за македонскиот народ Македонија е и ќе остане Македонија“-истакна Попоска. Инаку, дуелот помеѓу грчката делегација и Европските зелени  се случи кога во Европскиот парламент се расправаше за Предлог резолуцијата за проширување на Европската унија на Западен Балкан, Турција и Исланд, предложена од Надворешно-политичкиот одбор на Парламентот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top