Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „телесна повреда при вршење семејно насилство“ и „одземање на дете“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 52-годишно лице од струшкото село Горно Татеши.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, лицето казнените дела ги извршил на 27 март оваа година, во стан на Кеј „8 Ноември“ во Струга, со вербална распрвија и физички напад врз невенчаната сопруга. Потоа, насилно и ја одзел малолетната ќерка.
Овој документ претставува највисок локален стратешки документ за управување и заштита на животната средина на ниво на општина.
Општина Дебрца имајќи ги во предвид своите законски надлежности во доменот на заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните, отпочна со постапка за изработка на Локален еколошки акционен план (ЛЕАП). ЛЕАП документот претставува основа за планирање на заштитата на животната средина во период од 6 години, преку проценка на моменталната состојба, идентификација на проблеми, дефинирање на мерки за заштита, зголемување на јавната свест и следење на имплементац…
Во рамки на Дримскиот Процес и ГЕФ Дримскиот Проект денеска во Скопје се одржува работен состанок на Фокус Групата за изработката на Стратешкиот акционен план на целиот слив на реката Дрим.
На работниот состанок учествуваат преставници на надлежни институции од земјата меѓу кои преставници на Кабинетот на заменик премиерот на Владата, преставници на министерството за животна средина, преставници на АД ЕЛЕМ, на општина Охрид, Агенцијата за планирање на просторот, Хидробиолошкиот завод , УХМР и преставници на НВО секторот, академската заедница и на меѓународните организации УНДП и ГИЗ.
Сост…
Државниот градежен инспекторат започна со интензивна контрола на плажите и тоа не само во Струга и Охрид, туку и во Преспа и во Дојран, информира министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Ресорниот министер објасни дека причина за оваа вонредна контрола е да се констатира дали има неправилности на плажите, кои беа предмет на издавање.
„Наназад се вршени контроли , пред неколку години и во овој период пред година и година и нешто, дел од ова што ми беше поставено, ја префрлаа надлежноста општинските и државните инспектори меѓу себе, така да сега ќе видиме со оваа контрола сите неправ…
На 01.10.2021 година, во ОВР Струга приведен и лишен од слобода е Л.Ц.(70) од Охрид кој претходно, во нејзината куќа во струшкото село Мороишта, физички ја нападнал Х.М.(74) од истото село, нанесувајќи и телесни повреди.
Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против И.Н.(38) од село Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „присилба“.
На 18-ти февруари оваа година, во просториите на општина Струга, пријавениот, упатил закани кон Н.В.Г.(44) од Струга, директор на центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, поради одбиено барање за земање на простор под закуп во центарот за култура.
На 27.09.2021 година околу 11.30 часот пред спортска обложувалница на улицата „15 корпус” во Струга нарушен е јавниот ред и мир со физички напад и закана со остар предмет, извршена од С.Р. врз вработениот Ц.Р., двајцата од Струга.
Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
На 21.02.2019 година, околу 11 часот, во месноста „Суво поле“, атар на општина Вевчани, случен е пожар, во кој, на една парцела целосно изгореле 100 насади од Лешник и околу 2000 м квадратни земјоделска површини.
Пожарот бил локализиран а потоа и целосно изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Струга.