Акцијата „Ден на дрвото“ по петти пат. И годинава македонските граѓани ќе ја засадуваат својата иднина. Во Охрид и Струга ќе се сади црн бор и јасен. Годинава во владината акција се вклучува и приватната Охридска фирма МАК ВУД. Инаку во утрешната акцијата во Охрид ќе се засадуваат дрваја на два локлитети. Првиот е во Лакочереј каде на површина од 5000 хектари ќе се засадт 20 000 садници црн бор. Како што не информираше одговорниот за акцијата од ЈП Македонски шуми, подружница Охрид, Славчо Голабовски,во акцијата ќе се вклучат ученици од средните и основните училишта, како и вработените од ј…
Глувите лица извисија од ослободување на ТВ претплата. Од Здружението на глуви лица велат Македoнската радио телевизија на крајот од 2009 година им достави решенија на овие лица за наплата на радиодифузната такса и со тоа не го испочитува Законот за радио дифузија од 2006 година. Со тоа глувите лица останаа без оваа бенифиција иако Законот се сметаше како голема придобивка, но по 2-3 години таа придобивка е укината. Законот постои, но во пракса не се применува, објаснува секретарот на Здружението, Славица Стефаноска.Со овој Закон лицата со оштетен слух од над 60 децибели беа ослободени од…
Билатералниот секретаријат со тим на стручни лица деновиве во Поградец одржа редовна прекугранична средба. Актуелната хидролошка состојба на албанскиот дел на езерскиот басен и управувањето со водите била главна тема. Според направениот увид, на албанската страна високиот водостој на Охридското Езеро предизвикал последици само на две места, Лин и во полето Старова. Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат, ги кажа причините на настанатиот проблем. „На албанската страна причини за проблемите со високиот водостој на Охридското Езеро, дефинитивно биле, претераната урбанизација во албанскиот…
Дипломати, амбасадори од Скопје, Брисел и Лондон во блиска иднина ќе го посетат меѓународниот универзитет во Струга. Тие на студентите ќе им одржат предавање на теми поврзани со политиката и економијата. Денес во Струга пред студентите на Меѓународниот универзитет, своите искуства ги пренесе поранешниот потпретседател на Европскиот парламент, д-р Александар Бибери. Тој стави акцент на актуелниот спор со името на Македонија и Грција како и рокот за решавање на истиот. Бибери рече: „Одлуката лежи во лидерите на двете земји а меѓународниот фактор ги дава само препораките и сугестиите“. Додаде …
До 15 април ЈП „Охридски Комуналец“ ќе го подига медицинскиот отпад. Првиот човек на ЈП Сашо Алчев, вели, дека мора да се стави крај на незаконското работење и еднаш засекогаш да се реши овој горлив проблем. Ништо од договорот со Министерот за Животна средина Неџати Јакупи и Локалната самоуправа. За овој проблем, во два наврати, се сретнале претставниците на директорите на ЈП, државниот инспектор за животна средина и градоначалникот на Охрид. Уште во месец септември, било договорено локалната да отпочне постапка за управување со медицинскиот отпад согласно законот, а министерот за ЖС Јакупи…
Под мотото „На потег против Туберкулозата! Преку иновативност до поефикасна акција“, – активистите на црвениот Крст од Охрид, на плоштадот Чинар, делеа едукативни материјали и даваа корисни совети за борбата со оваа болест.И во 21 век борбата со Туберкулозата продолжува. Станува збор за хронично бактериско заболување, кое е светски проблем. Оваа година, СЗО акцентот го става на поврзаноста на Туберкулозата со вирусот на ХИВ/СИДАТА. Вирусот на ХИВ/сидата и туберкулозата се блиску поврзани, така што често станува збор за таканаречена ко-епидемија или за двојна епидемија, потенцира Царева Руви…
Лошата состојба на улиците и крпениот асвалт на локалните и регионалните патишта, им создава дополнителни проблеми на возачите. Тампон материјалот законски е недопустлив за полнење на ударните дупки. Крпениот живот на улиците во општина Охрид, неуспешен. Иако надлежните се обидоа да ги санираат, ударни дупки наѕираат на секоја улица. Ги има и на локалните и на регионалните патишта. „Македонија Пат“ подружница Охрид која е задолжена за одржување на регионалните и магистралните патишта се правда дека ниските температури и неповолните временски услови се виновни за состојбата во која се наоѓа…
Една институција треба да биде одговорна за управувањето со водите во Р Македонија, тврдат од Министерството за животна средина и просторно планирање. Досега повеќе институции имаа дел од надлежностите така што не се знаеше чија е одговорноста, велат од министерството. За водите во државава доволно е да се грижи една институција. Ова е еден од заклучоците на неодамна одржаната конференција во Скопје во МЖСПП. На конференцијата се дебатираше на три теми и тоа еколошката димензија на значењето на водите, интегрираниот концепт на управување со води и поведување иницијатива парламентот да ја п…