Одбележан светскиот ден на борба против туберкулозата

Под мотото „На потег против Туберкулозата! Преку иновативност до поефикасна акција“, – активистите на црвениот Крст од Охрид, на плоштадот Чинар, делеа едукативни материјали и даваа корисни совети за борбата со оваа болест.

 |  Крсте Голабовски  | 

Crven krstПод мотото „На потег против Туберкулозата! Преку иновативност до поефикасна акција“, – активистите на црвениот Крст од Охрид, на плоштадот Чинар, делеа едукативни материјали и даваа корисни совети за борбата со оваа болест.

И во 21 век борбата со Туберкулозата продолжува. Станува збор за хронично бактериско заболување, кое е светски проблем. Оваа година, СЗО акцентот го става на поврзаноста на Туберкулозата со вирусот на ХИВ/СИДАТА. Вирусот на ХИВ/сидата и туберкулозата се блиску поврзани, така што често станува збор за таканаречена ко-епидемија или за двојна епидемија, потенцира Царева Рувинова, активистка на О.О на Црвениот Крст од Охрид. Во земјите со висока преваленца на двете болести, на лицата со туберкулоза потребно е да им се нуди советување и тестирање за ХИВ/СИДА. Истражувањето покажува дека лицата заболени од туберкулоза прифаќаат советување и тестирање за ХИВ/СИДА почесто отколку останатата популација.Во Македонија првиот случај на лице инфицирано со вирусот на ХИВ е кај истото лице кое е заболено и од Туберкулоза.

Во рамките на одбележувањето на 24 Март денот на борба против Туберкулозата, активистите на црвениот Крст од Охрид, на плоштадот Чинар, делеа едукативни материјали и даваа корисни совети за оваа болест. Исто така вечерва во просториите на Црвен крст ќе биде реализирана работилница на која од страна на стручен тим ќе се одржи предавање за причинителот, симптомите, откривањето, заштитата и третманот на ТБЦ, како и за поврзаноста на болестите на зависност со туберкулозата и ХИВ-инфекцијата. Последните податоци од Институтот за јавно здравство од 2009 година, кажуваат дека на територијата на Охрид се регистрирани дваесеттина лица, додека на територијата на РМ бројот заболени од Туберкулоза изнесува 475 лица.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top