Европа на дланка, пред студентите во Струга

Дипломати, амбасадори од Скопје, Брисел и Лондон во блиска иднина ќе го посетат меѓународниот универзитет во Струга. Тие на студентите ќе им одржат предавање на теми поврзани со политиката и економијата.

 |  Билјана Николовска  | 
predavanje
предавање

predavanjeДипломати, амбасадори од Скопје, Брисел и Лондон во блиска иднина ќе го посетат меѓународниот универзитет во Струга. Тие на студентите ќе им одржат предавање на теми поврзани со политиката и економијата.

Денес во Струга пред студентите на Меѓународниот универзитет, своите искуства ги пренесе поранешниот потпретседател на Европскиот парламент, д-р Александар Бибери. Тој стави акцент на актуелниот спор со името на Македонија и Грција како и рокот за решавање на истиот.

Бибери рече: „Одлуката лежи во лидерите на двете земји а меѓународниот фактор ги дава само препораките и сугестиите“. Додаде дека граѓаните на Македонија имаат право да бидат дел од европското семејство.

Бибери се произнесе околу актуелната политичка состојба во Албанија. Во контекс на тоа, тој признава дека балканскиот менталитет очигледно е присутен помеѓу опозицијата и позицијата во земјата, поради што се јавил бојкот на политичките процеси во земјата. Бибери смета дека политичарите од двете страни треба да седнат и да се договорат во интерес на граѓаните. Состојбата во Македонија во поглед на правата на албанците ја оценува како позитивна.
Ректорот на Меѓународниот универзитет, проф. д-р Лисен Башкурти вели дека отвореноста на институцијата позитивно влијае на студентите. Тој додава дека истакнатите личности кои го посетуваат универзитетот, во голема мера на дланка им ги сервираат европските искуства на студентите.
Дипломати, амбасадори од Скопје, Брисел и Лондон во блиска иднина ќе го посетат Меѓународниот универзитет. Меѓу нив се споменува Филип Рикер, Симоне Филипини, Ерван Фуере и други.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top