Апр 15, 2010

Нема бегање од законот

Од утре ригорозни мерки високи казни за оние кои го не го почитуваат законот за третман на медицинскиот отпад. Државата мора да се отрезни пред сериозноста на проблемот со медицинскиот отпад, велат од општинскиот комунален инспекторат.Мора од некаде да се почне. Охрид како туристички град нема веќе да прави отстапки кога се работи за медицинскиот отпад. Истекува рокот за незаконското подигање на медицинскиот отпад од охридските здравствени установи. Според неодамнешните изјави на првиот човек на ЈП „Охридски Комуналец“ Сашо Алче, дека досегашниот начин на подигање на медицинскиот отпад, кој…

Апр 14, 2010

На операција во Струга

Охридски пациенти се почесто го посетуваат одделението за хирургија во Струга. Само минатата година на ова одделение во Струга биле извршени 150 класични оперативни интервенции врз пациенти од Охрид. Ваквата појава е уште поалармантна годинава, кога за само три месеци веќе 50 пациенти од Охрид се третирани во Струга. Ова се реални податоци кои ни ги даде првиот човек на Општа болница Струга, Ментор Ибраими. Ибраими вели „досега ниту еден пациент кој се обратил кај нас не е вратен. Она што остава впечаток кај пациентите е одговорноста, довербата и квалитетно понудената услуга од страна на н…

Апр 14, 2010

Партиципацијата на студентите намалена

Годинава студентите на државните универзитети ќе плаќаат помала партиципација. Оваа одлука позитивно прифатена од ректорската управа на Светиклиментовиот универзитет во Битола. Унифицирана сума за партиципација на сите државни факултети. Владата на Р Македонија неодамна експресно одговори на барањето на студенските парламенти, кои се залагаа за намалување на партиципацијата за студирање во државните универзитети. „Партиципација за студентите во државната квота изнесува 200 евра, самофинансирењето е со двојна сума односно 400 евра, додека за оние што ќе студираат на дисперзираните студии во …

Апр 13, 2010

Штрајк во ЈП „Комунално“ Струга

Не стивнуваат страстите на штрајкувачите кои ги бараат своите права во ова претпријатие. Првиот човек, Петко Кутаноски, тврди дека вработените се изманипулирани од  дел од работниците.  Закани, притисоци, политички струи во ЈП „Комумнално“. Струшките комуналците штрајкуваат. Струга во моментов се гуши во ѓубре. Граѓаните оправдано револтирани, вели првиот човек на ова претпријатие, Петко Кутаноски. Тој причините за проблемот хронолошки ги појасни. Директорот рече дека од негова страна се било направено, за јавното претпријатие од катастрофално лоша состојба да го доведе во ред. Кутаноски ре…

Апр 12, 2010

Струшките социјалдемократи ја критикуваа власта

Од преродбата на Вмро Дпмне, по преземањето на власта од 2006 година, во Струга не е остварено ниту едно предизборно ветување критикуваат струшките социјладемократи. Власта не е заинтересирана за решавање на проблемите кои ги мачат стружани, а кои се во надлежност на владеачката коалиција. Во Струга владее невиден урбанистички хаос, гради секој и насекаде без да се исполнат основните критериуми. Регионалните и локалните патишта се во очајно лоша состојба, а градската чистота е на ниско ниво истакна Александар Попоски, претседател на струшките социјалдемократи. „ЈП Комунално допринесе да се …

Апр 10, 2010

Едриличарите го откачија Шапкар!

Едриличарскиот клуб „Бофор“со нови маки. Неисполувањето на обврските за спонзорство од  спонзорот АМАК СП, причина за одржување на вонредно собрание. Иницијативата за собрание до претседателот на клубот Стевчо Ставрески на 13 март 2010 год. доставиле Управниот одбор на клубот  како и целокупното членство на Бофор,. „Истите луѓе кои донесоа одлука да му се даде почесно место на Управниот одбор на сопственикот на АМАК СП, Венко Шапкар, сега од мене побараа вонредно собрание“, вели  претседателот на клубот, Стевчо Ставрески.„Истите луѓе овде потпишани донесоа одлука дека поради …

Апр 9, 2010

Консултативен состанок за Дримски басен

Првата конференција на долгонајавуваниот проект за управување со реката Дрим официјално почнува на 28 мај. Дримскиот дијалог конечно во прва фаза. Овој дел го финансира Шведската влада. Еколошките и енергетските потреби на преден план.Управувањето со Дримскиот басен e комплексна работа. Првиот консултативен состанок на оваа тема ќе се одржи на 28 мај годинава во Охрид. Претставници на 5 држави кои дирекно се засегнати за решавање на проблемите околу заштитата и управувањето со езерата и басенот, ќе пристигнат во нашиов град. Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат вели дека неопходно е …

Апр 9, 2010

Нема веќе пиење вода на вересија

Радикалните мерки на МЈП Проаква за наплата на вода, успешни. Оваа законска мерка позитивно се одрази врз порастот на наплатата на заостанатите сметки за вода. Моментално долгот на неподмирени сметки е 50 милиони денари. Деновиве од страна на стручните екипи на „Проаква“ се поинтензивно  се применуваат радикалните мерки. Се исклучуваат големи хотелски капацитети, кафетерии и сите останатите должници на ова меѓуопштинско јавно претпријатие. Првиот човек на Проаква, Бранислав Трпчевски, вели дека ниту едно физичко или правно лице нема да биде привилеграно.Во наредниов период следува превземањ…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top