Јун 24, 2019

КУД “Дримкол” на ЦИОФФ Фестивал во Пермет, Албанија

КУД “Дримкол” Вевчани овие денови македонскиот фолклор и традиција ги презентира пред публиката во Република Албанија во градот Пермет, град во кој датираат зачетоците на фолклорот во Албанија. Од 21 до 23 овој месец се одржува меѓународниот фолклорен фестивал во организација на ЦИОФФ на кој КУД Дримкол Вевчани е претставник од нашата држава. – „Прв пат сме на фестивал во Албанија и навистина сме пријатно изненадени од целокупната организација на фестивалот, топлиот пречек и гостопримство кои ни се укажуваат овие денови. Особено не радуваат рекациите на публиката кон македонскиот фолклор …

Јун 21, 2019

До крајот на оваа година ќе се знае кога ќе започне да се гради новата струшка болница

Пациентите од Струга и регионов, како и здравствените работници од Струшката болница заслужуваат нов објект. Станува збор за здравствен објект кој е стар повеќе од пет децении со голем број инфраструктурни проблеми. Болницата во Струга опслужува повеќе од 150.000 пациенти годишно и во неа се лекуваат и пациенти од други градови но и од соседна Албанија. Филипче кажа дека сакале за првпат во здраствениот систем во Македонија да го вклучат принципот на јавно приватно партерство. „Навистина одличен кадар работи во струшката болница во повеќе специјалности, но многу е лоша инфраструктурата. Ни…

Јун 20, 2019

Струшкиот Завод за нефрологија ќе добие дигитални апарати за хемодијализа

Владата го разгледа и усвои новиот текст на Информацијата за давање одобрение на Министерството за здравство за почнување постапка за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка на медицинска опрема за повеќе јавни здравствени установи. Струшкиот завод за нефрологија е една од установите која ќе добие медицинска опрема дигитални РТГ апарати. Владата на редовната 140. седница го разгледа и усвои новиот текст на Информацијата за давање одобрение на Министерството за здравство за започнување на постапка за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка на медицинска опрема диги…

Јун 6, 2019

Промовиран видео запис на народната песна „Јаворе“ од Викторија Чочороска

Викторија Чочорoска на музичката сцена се појави со прв видео запис на старата македонска народна песна „ Јаворе“. Покрај аудио верзијата, публиката уживаше и во промоцијата на видео спотот за песната изработен од Дарио Јанковиќ и General film production. Станува збор за народна песна која започнала да ја пее на настапите во Литванија и Полска со КУД Вевчани и пејачката група Каданка. Случјанат срдба со композиторт Николче Мицевски прераснала во соработка од која резулата е песната Јаворе која го одсликува нејзиниот сензибилитет. „ Кога прв пат го слушнав аранжманот останав без коментар. …

Јун 3, 2019

Општините Дебрца, Струга и Вевчани добија механизација со пари од Светска Банка

Општините Дебрца, Струга и Вевчани на трајно користење доби универзален ровокопач, со придружна опрема хидрауличен чекан и даска за снег марка Hidromec. Механизацијата е обезбедена во рамките на Проектот: “Подобрување на општинските услуги”, имплементиран од Светска Банка и Министерство за финансии, а со средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ ( ИПА ). Согласно проектот, механизацијата покрај општина Дебрца, како апликант ќе можат да ја користат и партнерските општини Струга и Вевчани. Со добивањето на механизацијата ќе се зголемат капацитетите на општините за по…

Мај 28, 2019

Со европски пари ќе се воведат нови туристички содржини на Слатинско Езеро

Презетиран проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, што го имплементира Министерството за локална самоуправа и со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка. Општина Дебрца аплицираше со проектот: “Уредување на атрактивни зони и патеки во Југозападниот плански регион” и со одобрените околу 20.000 CHFтреба да се внесат нови туристички содржини на Слатинско Езеро . Имено со автохтон камен ќе се уреди пешачка патека во должина од 150 метри, ќе се изгради паркинг, три летниковци и ќе се постави урбана опрема, а новата патека ќе се постави на Андроид ГИС аплика…

Мај 21, 2019

Одделението за хирургија при струшката општа болница е ставено под клуч

Одделението за хирургија при струшката општа болница е ставено под клуч. Причина за тоа е заразната болест морбили од која половина од вработените се заразени и се на боледување. Ова е предлог на Комисијата за хоспитални инфекции, хирургија да се стави под карантин, изјави раководителот на одделението д-р Владимир Кочоски. „ На хируршкото одделение да не се примаат болни. Морбилите се заразна болест која доаѓа во бранови, инкубацијата трае 10 дена, едни се разболуваат, други доаѓаат на работа. Сега сме 50 проценти без персонал и не можеме да функционираме нормално како служба. Ова е одлука…

Мај 21, 2019

РЕГИОНАЛНА ФОЛКЛОРНА РЕВИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ОСМИОТ РЕГИОН ВО ВЕВЧАНИ

Вчера, понеделник 20 мај 2019 год.во Домот на културата во Вевчани се одржа 17-та по ред фолклорна ревија на песни,музика и игри на Здруженија на Пензионерите од осмиот регион, Охрид, Кичево, Струга, Гостивар, Македонски Брод и домаќинот Вевчани. На ревијата настапија околу 300 фолклористи и инструменталисти од југо-западниот дел од републикава со свои етно-фолклорни напеви од своите подрачја.Ревијата на која присуствуваше и претседателката на СЗПМ Станка Трајкова, ревијата за отворена ја прогласи претседателот на Сбранието на СЗПМ Илија Адамоски.За успешниот настап на фолклорните групи ,п…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top