Експерти од областа на борба против трговијата со наркотици денес во Охрид. Заеднички ќе се обидат да направат анализа на облиците на криминалните дејности со наркотиците,а ќе стане збор и за заедничките можности за соработка при борбата со овој вид криминал.Нашата земја се наоѓа во самиот врв на земјите кои успешно се справуваат со трговијата со наркотици. Директорот на бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодороски информира дека веќе 4 години интензивно се работи на идентификација и лоцирање на криминалните групи кои работат со наркотици, во насока не само на запленување на товарот, туку ун…
Канделабрите на муслиманските гробишта, мета на несовесни граѓани во Струга. Имено, утрово, група граѓани, припадници на Исламската Верска Заедница, забележале дека канделабрите на гробиштата некој се обидел да ги уништи. Арслан Шати, некогашен член на ИВЗ, се прашува зошто се уништува трудот на група ентузијасти, кои ги уредиле гробиштата посебно сега пред самата туристичка сезона, кога градот треба да биде среден во секој поглед. Тој има претпоставки кој стои зад се тоа и изјави.„Сигурно станува збор за група хулигани, избркани од дома кои не се свесни за последиците од овој вандалски чин…
Невладината организација „Отворена порта“, има регистрирано 65 жртви на трговија со луѓе. Според нивната статистика жртвите се од сите националности: македонска, албанска, ромска и една девојка од турска националност. „ Според економскиот статус сите се од сиромашни семејства од семејства со еден родител или семејства каде има насилство во семејството. Според информираноста жртвите се многу малку информирани за трговијата, но најчесто го имаат напуштено или прекинато образовниот процес“, истакна Ѓурѓица Ѓорѓевска, проект координатор во НВО „Отворена порта“„Отворена порта“ е дел од партнер…
Најголемиот фонд за микрокредитирање на Југоисточна Европа ЕФСЕ, деновиве одржува конференција во Охрид. Ова е прва конференција во Македонија, а четврта по ред во регионот. Претседателот на одборот на директори на ЕФСЕ Клаус Глаубит, денес објави дека склучил договори за кредитирање на микро и мали претпријатија со шест финансиски институции на Југоисточна Европа. Со тоа банките ќе ги искористат кредитите од ЕФСЕ за да го прошират финансирањето на инвестициите и работниот капитал на локалните микро и мали претпријатија. Глаубит потенцира дека во Македонија има поле за долгорочна соработка …
„Македонија лидер во модернизацијата на образованието“. Кога се спомнува оваа парола пред се се мисли на големиот напредок на полето на информатичкото општество, што како успех нашата Влада преку ресорните Министерства за информатика и образование и наука си го препишува на своја адреса. Министерот по информатичко општество, Иво Ивановски на конференцијата ги изнесе реалните резултати од проектот „Компјутер за секое дете“. Овој проект, кој е еден од најголемите за модернизација во образованието, Ивановски го оценува како многу успешен, насопроти бројните негативни коментари во јавноста око…
Одбележани 66 години од формирањето на првата македонска народно ослободителна ударна бригада во Локов. На свеченоста присуствуваа министерот за одбрана Зоран Коњаноски, како и претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски.„Да не се заборави, но никогаш да не се повтори“, беа зборовите со кои генералот во пенззија Тодор Атанасоски се потсети на НОБ. Пред 66 години на 8 јуни 1944 година, во ова село на истурениот височински, но живописен дел на планината Караорман беше формирана Првата Македонска народноослободителна ударна бригада. Генерал Атанасовски пред присутните се потсети на храбртоста, и …
Руските бизнисмени заинтересирани да инвестираат во Република Македонија, тврдат од Сојузот на руско-македонските друштва. Претседателот Јордан Горчев вели дека засинтересираност за инвестиции има, но дека се зависи и од светската економска криза која сеуште e присутна кај нас. Но и покрај се благодарение на руско-македонските друштва се купија неколку недвижности, додава Горчев.- Проблемите се за сите инвеститори како домашни така и странски. Да се надеваме дека во брзо време тоа ќе се надмине и во инвеститорите од Русија тоа многу брзо ќе се реши. Ние размислуваме за отварање на слобод…
Во должина од 32 километри, вљубениците во велосипедизмот и природните убавини се обидоа Националниот парк Маврово да го промовираат како место кое македонските и меѓународните туристимора да го посетат. Одржана втората Мавровска тура. Овој спортско рекреативен настан беше во организација локалната самоуправа од Селото Ростуше, Националниот парк Маврово, Македонската велосипедска федерација и амбасадата на кралството Холандија во нашата земја. Турата и реконструираниот плоштад Маврово, ги отворија амбасадорката Симеоне Филипини, градоначалникот на Маврово и Ростуше, Мукрем Мехмеди и дирек…