Торбешите во Македонија бараат институциноално да бидат регулирани нивните права. Денес во организација на Торбешкиот Културно-Научен центар, Румелија какои и Партијата за европски интеграции, ПЕИ, промовирани торбешката декларација и повелба. Генералниот секретар на ПЕИ како и основачот на Румелија, Мехмед Џемајлоски вели дека од оваа партија стојат зад сите активности од Културно-Научниот центар, Румелија. Целта е една, торбешите во Македонија да ги уживаат истите права како останатите етнички заедници во земјава.Претседателот на „Румелија“ Шериф Ајрединоски, вели дека целта на денешната …
Спора и задоцнета реакција на струшката општинска администрација. На последната седница на советот на општината, струшките советници наместо да гласаат за донесување на некои од ставките на предлог на буџетот на општина Струга, всушност гласале за истите тие ставки, но за град Скопје. Претседателот на советот на Општина Струга, Џеваир Беќири вели дека не станува збор за некој голем пропуст.Беќири додава дека за грешката им било укажано од Секторот за финансии и дека станува збор за техничка грешка, па како таква и ја прифатиле. Претседателот потенцира дека речиси 4 часа расправале на таа с…
„Оф леле ме уби. Ова се последните зборови кои ги слушнав од татко ми“, рече Мефаил Исмаили оштетен во судскиот спор за убиството на неговиот татко. Пред лицето на правдата денес во Основниот суд во Струга беше изнесен Џемаил Асани. Како што ТВМ веќе информираше обвинетиот Асани се терети за кривично дело убиство, обид за убиство и недозволено поседување на огнено оружје. Главниот судски претрес за ова дело го водеше судијата Живко Ангелоски, кој го отпочна со сослушување на обвинетиот. Асани не се согласува со обвинителниот акт за кој се терети. Според него кобниот ден тој излегол да купи …
Почна да се одплеткува клопчето за случајот со несреќата на 11 септември во која од електричен удар настрадаа тројца граѓани од Струга. Денес во Основниот суд, отпочна главниот претрес по овој предмет, со распит на тројцата обвинети Вранишкоски Цвете, Миладиноски Климе и Јанески Гоце, како и на двајца сведоци Павлоска Марија и Чуркоски Ѓоко. Бранителот на Вранишкоски , Ставре Џиков рече дека на денешниот главен претрес се отвориле многу прашања во врска со стопанисувањето на објектот години пред несреќата, бидејќи ова место се смета за едно од најатрактивните во Струга. Џиков го пофали стру…
Гостите од хотел Дрим, во првиот ден од Новата 2011 год. ручаа со лебедите. На присутните, менаџерскиот ти на хотелот им понуди традиционална македонска храна. Гостите позитивно изненадени и задоволни од специјалитетите, амбиентот но и уникатната идеја. Традиционална македонска храна, топла ракија, топло вино, ѓомлезе… е дел од трпезата која им беше поставена на гостите од хотелот Дрим. Присутните и покрај студеното време, сепак презадоволни од идејата, храната и уникатната идеја на хотелскиот менаџерски тим.„Ручек со лебедите“, нова понуда, која за своите гости ја подготви менаџерскиот …
На 23-ти октомври 2021 година, во 14:00 часот во Полициската станица во Струга било пријавено дека на локалниот пат кај струшкото село Ложани, се случила сообраќајна незгода во која се повредени три лица. Како што информираат од МВР, во незгодата учествувале патничко возило марка „Фолксваген туран“, управувано од 68-годишниот Н.М. од селото Ложани и патничко возило „Фолксваген венто“, управувано од 23-годишниот В.В. од селото Велешта, струшко, двете со струшки регистарски ознаки.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „Фолксваген туран“, 56-годишната …
Првото бебенце кое се роди утрово сеуште нема име, се надеваме дека неговото братче и сестриче сериозно размислуваат на ова прашање. Инаку годинава мајката и бебето не ги посети ни еден од двајцата градоначалници. Градоначалникот Александар Петрески вели дека без оглед на фактот што првото бебенце е од Охрид, сепак не е во ред тој да ги посети на Струшки терен. Вели дека се што го следува ова бебенце од локланата самоуправа нахнадно ќе му биде врачено во неговиот дом. Најави дека тој лично ќе ги посети најверојатно за големиот христијански празник Божиќ.Што се однесува пак за Струшкиот гра…
48 пакетчиња за децата од „Порака“. Познатиот македонски фудбалер Величе Шумоликоски специјално пристигна во Струга за Новогодишните празници. Тој го исполни ветеното, покетчиња за децата од здружението „Порака“. Шумоликоски вели дека секоја година подарува по нешто и ваквите хумани гестови максимално го исполнуваат. Додава дека не штеди за вакви пригоди, и додека може ќе помага.Оваа практика не е само кај нас, вели Шумоликоски. Тој од хуманитарен аспект, пренесе дел од искуствата надвор од земјата.Децата срдечно ги прифатија новогодишните пакетчиња од Шумоликоски, кој специјално за оваа пр…