Мај 10, 2011

Како до побезбедни матурски и полуматурски вечери?

Организирањето на матурска вечер без инциденти станува се поголем предизвик. Состојбите се такви какви што се, а сега останува само да се минимизира колатералната штета. Во таа насока беше и денешниот дваесетти по ред состанок на советодавната група на граѓани од Охрид. СВР-Охрид ќе ги запознава родителите и нивните деца-матуранти за нивните права и обврски за време на матурските прослави. Овој проект се спроведува трета година по ред и бележи добри резултати. Состанокот на советодавната група на граѓани заврши со неколку заклучоци.„Од присутните беше пред се побарано да се продолжи со мерк…

Мај 9, 2011

Празнична литија – еордија во Струга

Викендов се одржа празнична еордија, во спомен на славниот Великомаченик Георгиј Победоносец. Станува збор за чествување кое отсекогаш имало големо значење за нашиот народ. Сведоштво за тоа е и оваа празнична литија која се одржува во Струга. Настанот беше збогатен и со носење на моштите на св.Георгиј од дебарскиор манастир Рајчица. Голема е радоста која ја носи празнувањето во спомен на славниот великомаченик Георгиј. Викендов во Струга, втора година по ред,  верниците присутвуваа на литија во чест на христијанскиот празник Ѓурѓовден. Станува збор за една прекрасна традиција, која постои…

Ное 3, 2021

Струшката педијатрија ќе ги лекува и згрижува децата од Охрид

Струшката болница има капацитет да ги лекува и згрижува децата од Охрид. Поради недостаток на педијатри во Охрид, децата после 20 часот  медицинска помош ќе бараат во Струга. Таму има 6 специјалисти педијатри. Лекарите велат ќе направат се за децата од охридскиот регион да добиваат навремена грижа. На одделот за педијатрија во струшката болница има 18 кревети, се надеваат дека ќе биде доволно за згрижување на децата од двата градови. Имаме капацитет да го покриваме тој недостаток на охридските педијатри. Ние сме шест доктори кои поркиваме детско одделение и неонатологија. Итните случаеви…

Мај 9, 2011

Да се памети, но да не се повтори

На денешен ден пред 66 години, падна најголемото зло што му се закануваше на човечкиот род. Падна фашизмот како сила, како идеологија. Затоа, ова претставува историски ден, истакнаа од сојузот на борците од Струга. Се евоцираа спомени, се зборуваше за соборците. „Кога на 9-ти мај ја слушнавме оваа вест, Охрид пламна. Целиот народ беше на улиците. Се пееше, се радувавме, ја славевме конечната победа над Фашизмот“, се сеќава Илија Балоски, борец во НОБ и комесар на 11-та Маедонска Тиквешка ударна бригада, жив сведок на овој историски настан. „Јас бев дежурен во касарната и веста ја пренесов …

Мај 6, 2011

Ќе има или не дисперзирани студии?

Големи превирања во јавноста по наводната најава од СДСМ дека тие ќе ги укинуваат дисперзираните студии на македонските факултети. Се огласија бројни студентски организации, студентски унии, поединци. Уште една во редот реакции беше реакцијата на Унијата на студенти од дисперзираните студии на факултетот во Струга. Тие велат: „Горди сме што конечно некој се сети на нас младите и ни овозможи своето високо образование да го стекнеме во нашите родни градови. Со тоа драстично се намалени трошоците и е овозможено и лицата кои потекнуваат од помалку ситуирани семејства да можат да се стекнат со в…

Мај 6, 2011

Жив или мртов

Блиску, но сепак, далеку од вистината. На 06.ти мај 2001 година, претседателот на М.З. Радолишта, Султан Мемети, исчезна во близина на православните гробишта на патот Ќафасан – Струга. Од тогаш, па се до денес, нема никаков абер за него. Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, рече дека 10 години во континуитет, барале можност да се пронајде Мемети, но по се изгледа, напорите и на локалната и на централната се недоволни. Мерко додава дека ќе преземат порадикални мерки. Секретарот на М.З. Вердат Колоња,  рече дека нема повеќе да молчат. Тие упатија забелешка до неколку релевантни слу…

Мај 5, 2011

Образовно рандеву

Ученички активности изложени на саем. Денес во 5 тата приватана гимназија се одржа образовно рандеву. Учениците на неколкуте секции по разни училишни предмети, јавно, пред професорите, родителите и присутните гости, ги покажаа своите активности сработени во текот на целата училишна година. Директорката на гимназијата Мирјана Докоска рече, дека ова е еден одличен пример како треба учениците работно да се ангажираат, како помалку време би имале за вон предметни активности. Учениците со задоволство се подготвувале за образовното рандеву. „Секој на свој начин беше ангажран и секој сакаше со по …

Мај 5, 2011

Милион потписи за РЕКОМ

Акција на регионално одмрзнување. Во повеќе градови на екс југословнските простори, Скопје, Сараево, Белград, Љубљана, Загреб, Бања Лука, Приштина и Подгорица, отпочна најголемата регионална кампања. Таа се состои во поддршка на населението за формирање регионална комисија за утврдување на фактите за воени злосторства и други тешки кршења на човековите права извршени во периодот од 1991ва до 2001ва год на просторот на поранешна СФРЈ. Денес, пред општина Струга, отворен пункт за потписи на стружаните. Бранкица Затаракоска од младински образовен форум е дел од тимот на волонтерите вклучени во…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top