Велат времето лечи се, но постојат рани кои тешко заздравуваат. После година дена од трагичниот настан, кога на 11 септември од струен удар загинаа тројца стружани, на местото на несреќета се открива споменик. Утре со почеток во 11 часот, членовите на потесното семејство на загинатите, поточно нивните деца ќе го откријат споменикот. На споменикот покрај иницијалите на починатите, ќе биде напишана посвета од најблиските. Скулптурата е насловена како „Скалила“, и всушност тоа ќе претставува спомен за минатото и чест кон починатите, а воедно и порака за иднината. Споменикот ќе биде поставен на…
Поводи кои секогаш даваат можност да се вратиме на својата историја. Во рамките на одбележувањето на големите јубилеи и годишнини поврзани со делото на браќата Миладиновци, 200 години од раѓањето на Димитар, 150 години од излегувањето на зборникот е и научниот симпозиум кој денес свечено беше отворен во спомен домот на браќата Миладиновци. Директорот на НУ Музеј „Др Никола Незлобински“, доц. Др Сашо Цветкоски вели дека уште при основање на спомен домот на Браќата Миладинвци, некаде во 70 сетите години од минатиот век, замислата била овој простор да биде музејска институција, што за главна ц…
Љубовна врска со трагичен крај. Вчера некаде околу 14 часот и 30 минути животот си го одзеде Арјианита Башкими (1996) од струшкото село Франгово. Немилиот настан се случил во нејзината соба на горниот кат од куќата и тоа со револверот на нејзиниот татко. Според првичните информации од страна на СВР, причина за самоубиството е забранета љубов. Истрелот од револверот кој нанесол прострелна рана во главата на девојката, го слушнале нејзините родители кои биле тука, по што веднаш ја префрлиле во струшката општа болцица, па потоа во Специјалната болница „Св. Еразмо“, каде Арјанита подлегнала на …
Место каде волонтерите може да ја откријат својата идна професија. Младинскиот центар од Струга, кој претставува дел од проектот „Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка помеѓу заедниците“, деновиве ги промовира своите реализирани проекти за само петте месеци од своето постоење. Младите волонтери од центарот, задоволни од стекнатите теоретски и практични знаења.
Додаваат дека тука стекнатите знаења, во голема мера ќе им помогнат во изборот на прифилот на високо образование, како и при изборот на самата нивна професија. Јовческа Славица, координатор на проекти во центарот, вели дека…
Турбо сезона за хотел „Бисер“, Струга. Менаџерите тријат раце од солидната заработка. Посебно изненадени биле од посетеноста со домашните гости кои го преплавиле хотелот. Татјана Огненовска, маркетинг менаџерот на хотелскиот капацитет вели дека сезонава не изостанале ниту гостите од балканот како и оние од Русија. Додава дека преполнетоста на хотелот за време на сезоната се должи на ценовната политика која ја поставиле ова лето, а и можеби акциите со кои ги разбудиле македонските туристички агенции
Заедно со новиот сопственик Величе Шумоликоски, кој го поседува хотелот веќе една година, нап…
Македонските енергетски компании се на добар пат кон Европската Унија. Овие два дена во хотел „Бисер“, во Струга, се одржува тркалезна маса со претставници на синдикатите од Југоисточна Европа. Тука се разменуваат мислења во делот на социјалниот дијалог за енергетските компании во регионот. Претседателот на Конфедерација на слободни синдикати Раско Мишковски рече дека денешниот состанок воедно е и подготвителен состанок на синдикатите, за наредните чекори за остварување на правата на работниците во делот на енергетските компании. Тој додаде дека секое искуство е добредојдено, но дека сепак …
Жителите на Мислешево со години и децении веќе се жалат на единствениот неасфалтиран пат кој води до оваа приградска населба. Решение барем засега нема. Во меѓувреме, жителите на Мислешево се снаоѓаат како што можат. Дупки од двете страни на патот, во летниот период прашина, а на есен кал и длабоки вирови со вода. Надежта за асфалтирање на овој пат се разгорува во предизборен период, но набргу потоа спласнува.
„Исклучиво канализацијава е направена во последниве години, таа е преку донација преку општинава. Покривање со шљуњак на овој пат најмалку е потребно да се направи десетина пати и на…
Расте интересот за трета доза вакцина против корона вирусот во струшко. Од втората половина на октомври над 550 лица примиле трета – бустер доза. Најголем инетрес има кај повозрасната популација, но и кај лица со хронични заболувања и здравствствени работници.
Досега во Струга со прва доза имунизирани се над 15 000 граѓани, а со две дози 12 000 стружани.
Оваа недела гледаме дека се зголемува интересот е сега тоа зависи и од тоа кога се примиле прва доза кинеските по три месеци со фајзер после шест мегутоа факт е дека расте бројот. А со прва доза? И тука гледаме некој пораст – вели Андон…