Окт 18, 2011

Одлична можност за невработените жени од Струга

Денес претставници од „Синергија плус“, агенцијата за финансиска писменост учесничките ги запознаваа со начините, како подобро да се менаџира со финансиите.Односно како откако ќе ја пронајдат работата, да се менаџираат приходите кои ќе се стекнат, зошто денес не е доволно само да имаш приходи треба да се знае што да се прави со нив, вели Коста Мицкоски – генерален менаџер на. „Синергија плус“.„Сето тоа би требало да претставува еден коктел на корисна практична применлива обука која посетителките ќе можат да ја искористат лично за себе и со истото да си ја надградат, личната и семејната благ…

Окт 18, 2011

Европски ден против трговија со луѓе

Трговијата со луѓе постои. Секоја година повеќе од 700 000 илјади жени се жртви на трговците со луѓе. Без пари, тепана, измачувана, без документи, затворена и изолирана, без идентитет, купувана и продавана. Најчесто со ваков кошмар завршува еден сон на млада девојка која сака да успее во животот, несвесно влегувајќи во синџирот на едно од најголемите зла на денешницата, трговијата со луѓе. Застрашувачка е состојбата и во нашата земја. Ако Македонија некогаш беше транзит-земја низ која поминуваа жртвите на трговија со луѓе, денес нашата држава се претвори во земја на потекло на овој вид зло,…

Окт 1, 2011

Украдени спомен обележјата во Струга

Спомен плочите на лауреатите од струшкиот парк на поезијата, мета на вандалистите. Засега непознат сторител или сторители украле вкупно 27 месингани плочи. Оваа појава во Струга евидентна е веќе подолго време. Тоа не се случува само на плочите од лауреатите, туку и врз неколку бисти на паднатите борци од НОБ, заслужни граѓани на Струга. Очигледно поради замижување на релевантните фактори пред ваквите дела, сторителите имаат одврзани раце да посегнат по криминал од ваков вид. Стружани во неколку наврати укажуваат на тоа и го осудуваат овој вандалски чин.- Тоа само зборува за нашиот менталите…

Сеп 30, 2011

Тргна работата во Враништа

Враништани ќе добијат канализациона мрежа. Долгоочекуваниот сон на жителите од струшкото село Враништа, конечно се исполни. Тие после повеќе од две децении конечно ја дочекаа изградбата на канализационата мрежа. Мештаните исполнети со најразлични чуства на радост и задоволство, го кажаа значењето од отпочнување на изградба на овој голем зафат и упатија пофални зборови кон реализаторите на проектот.Никола Затуроски советникот на ВМРО-ДПМНЕ, кој воедно е жител на оваа месност, вели чест е да се дочека реализацијата на проектот за изградба на канализационата мрежа. Тој додава дека изградбата н…

Сеп 29, 2011

Светски ден на срцето

Секоја година во светски рамки смртноста од кардиоваскуларни заболувања е се поголема. Годинешната стапка на смртност во светот изнесува околу 17 милиони луѓе, а во Македонија според статистичките податоците од институтот за јавно здравје таа изнесува околу 57 % од сите смртни случаи. Под мотото „Еден свет, еден дом, едно срце“, денеска се одбележува светскиот ден на срцето. Во одбележувањето се вклучува и Центарот за кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ од Охрид, така што во понеделник, 03 Октомври, од 9 до 13 часот на градскиот плоштад, ќе се вршат превентивни бесплатни кардиолошки пр…

Сеп 22, 2011

Нема повеќе криење на информации

Се руши монополот на институциите. Профункционира законот за слободен пристап до информации. Институциите несмеат повеќе да ги кријат информациите од јавен карактер. Денес Комисијата за заштита на правото за слободен пристап на информации од јавен карактер, одржа еднодневна обука на претставници на институцииите на охридско струшкиот регион. Целта на обуката е службените лица да се оспособат и да знаат кои информации од јавен карактер да ги дадат на барателите на информациите. Законот е одличен, граѓаните добиваат, вели градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко.Во сорботка со општината…

Ное 13, 2021

Започна реконструкцијата на водоводната мрежа во Струга

Вчера стартуваше реконструкцијата на доводен цевковод за водоснабдување на градот Струга. Со оваа инвестиција започнува првата фаза за реконструкција на главната водоводна мрежа на град Струга и воедно претставува најава за следната фаза која што ќе опфаќа реконструкција на секундарната водоводна мрежа за град Струга, информираат од општината. Новиот мандат го започнуваме со одличен проект во најчувствителното подрачје на општина Струга, поделба на водоводот со современи цевки во селата и влезот на Струга, проект кој ќе претходи на постепена замена на азбестните цевки, долгогодишен про…

Сеп 21, 2011

Денес се слави Мала Богородица

Манастирот Пресвета Богородица во Калишта струшко, во знакот на одбележувањето на големиот христијански празник Мала Богородица. Овој манастирски комплекс посебно е познат по тоа што наспроти празникот и на самиот празник кој секоја година се слави на 21 септември ширум ги отвора портите на својот атар за сите верници.Мошне значајно и интересно е што за денешниот празник во Црквата на Пресвета Богородица свеќи палат и припадници на исламската вероисповед. Секоја година редици на луѓе чекаат пред вратите на манастирот за да се поклонат пред чудотворната икона на Пресвета Богородица за што по…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top