Светски ден на срцето

Под мотото „Еден свет, еден дом, едно срце“, денес светот го одбележува денот на срцето. Намалување на ризик факторите за кардиоваскуларните заболувања кај поединецот и семејството е главен акцент на годинешна кампања во борбата против срцевите заболувања.

 |  Билјана Николоска  | 
centar za kardiovaskularni zaboluvanja
Центар за кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“

centar za kardiovaskularni zaboluvanjaСекоја година во светски рамки смртноста од кардиоваскуларни заболувања е се поголема. Годинешната стапка на смртност во светот изнесува околу 17 милиони луѓе, а во Македонија според статистичките податоците од институтот за јавно здравје таа изнесува околу 57 % од сите смртни случаи. Под мотото „Еден свет, еден дом, едно срце“, денеска се одбележува светскиот ден на срцето. Во одбележувањето се вклучува и Центарот за кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ од Охрид, така што во понеделник, 03 Октомври, од 9 до 13 часот на градскиот плоштад, ќе се вршат превентивни бесплатни кардиолошки прегледи. Др Марија Зимбова специјалист по интерна медицина, вели дека многу се задоволни од одзивот на граѓаните на минатогодишната акцијата, каде 50% од прегледаните пациенти за прв пат ги правеле овие прегледи. Таа додава дека секоја година акцијата има своја симболика.

zimbovaЗимбова вели дека повеќе од потребно е да се подигне свеста на секој поединец за сопственото здравје. Превенцијата е прв чекор во намалување на стапката на кардиоваскуларни заболувања, додава таа. Заплашува фактот што старосната граница е поместена под 40 години, а постојат повеќе ризик фактори за срцевите заболувања и сите имаат своја тежина, потенцира Др. Зимбова.

Стресот е еден од најважните фактори за појава на кардиоваскуларните заболувања. Со  редовна и правилна исхрана, пешачење, возење велосипед, пливање, може да се намали стресот, советуваат специјалистите од Центарот за кардиоваскуларни заболувања. Исто така од таму велат, дека штом пациентите заболат од некое кардиоваскуларно заболување, терапијата која што треба да ја земаат е доживотна. Но бенефитот пак, од таа терапијата е тоа што на некој начин се гарантира подолг живот.

Светската федерација на срцето, организира глобална кампања во светот против срцеви заболувања, каде учество земаат бројни организации, кардиолошки здруженија и кардиолошки фондации од целиот свет.

 {loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top