Мај 26, 2020

Интензивни активности за подобрување на патната инфраструктура во Дебрца

По повеќекратните барања од советот на Општина дебрца и градоначалникот на општината до Јавното претпријатие за државни патишта, даден е налог за изведба на банкините на Регионалниот пат Р29273 Ботун-Брежани-Железнец, активност потребна за рехабилитацијата на регионалниот пат во 2017 година, со што граѓаните со години се соочуваа со отежнато одвивање на сообраќајот и оштетување на возилата. Деновиве ЈП “Македонија Пат” со помош на општинската механизација на Дебрца, започна со изведба на банкините на делницата Ботун-Белчишта, во должина од 2,5 км и делницата Белчишта – Лешани, во должина о…

Мај 21, 2020

Велковска: Mерко е непогоден за градоначалник на Струга како заштитено подрачје

Скандалозната изјава на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, дека нема да урива дивоградби на брегот на Охридското езеро, ги разлути еколозите. Тие експлицитно  го обвинија Мерко за насилничко  урбанизирање на градот со висококатници. Во Струга  не важат законите и не се почитува мораториумот. Градоначалникот ги гледа само своите биснис интереси, затоа  власта треба да го санкционира, апелираат еколозите. -„Мерко со насилство, со уцени и притисоци кој потекнува од неговата функција успева да му наштети на регионот а потоа да се преправа дека за тоа го поддржуваат луѓето во градот. Но ако ги…

Мај 20, 2020

Мерко нема намера да урива дивоградби

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко  нема да урива дивоградби. Забелешките на еколозите и препораките на Унеско не допираат до првиот човек на Струга. Тој најави дека во име на туристичкиот развој планира да  го уредува   и доградува   градот. Во однос на најавите на Антикорупциската комисија за  одземање на  ингеренциите на општините и барање од  државата да ги урива дивоградбите Мерко одговори: „Ние сакаме да градиме не да рушиме. Ние ќе им кажеме да доградиме не да рушат. А владата ќе регира како ние  ќе кажеме ние сме локална власт  што сме ние?. Не може некој со сила да дојде и да ка…

Фев 14, 2022

Опожарено возило во Струга

На 14.02.2022 во 00.10 часот во ОВР Струга пријавено е дека било опожарено патничко возило „Бмв” со струшки регистарски ознаки, паркирано во населбата „Плитишта”, сопственост на С.Ѓ. (55) од Струга. Нема повредени лица, а интервенирала територијалната противпожарна единица. Увид изврши екипа од ОВР Струга – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Мај 8, 2020

Отворен предмет по допрен глас за не почитување на здравствените прописи за време на Литијата во Струга

Основното јавно обвинителство Струга отвори предмет по објавување на снимките и фотографиите на социјалните мрежи, а во врска со масовното присуство на граѓани на Литијата одржана на 7 мај 2020 година, по повод верскиот празник Св. Ѓорѓија. Постапувањето на обвинителството е заради присуството на граѓани на Литијата во услови на пандемија, кога не се почитувани Одлуките на Владата на Република Северна Македонија за задолжително придржување на здравствените прописи и тоа во однос на забраната за групирање во групи поголеми од две лица, потребното растојание од најмалку два метри меѓу лицата…

Мај 5, 2020

Струга бара кратење на полицискиот час, отворање на рестораните и хотелите

Струга бара  кратење  на полицискиот час, отворање на угостителските и хотелските објекти.  Општинскиот кризен штаб денеска поднесе барање до  централниот, да се  преземат мерки за што поскоро враќање на животот во нормала.    Се бара отворање на граничниот премин Ќафасан, влез на туристи од Албанија  и враќање на  редовните возни линии со селата „Уште денеска ќе пуштиме барање до Влада за што поскоро да се ослободи  народот Ние сме туристички град мора да дозволиме да се отвораат рестораните и хотлеите, мора да функциониаат кафетериит. Да се скрати полицискиот час и да се отвори границат…

Мај 5, 2020

Струшката Еордија ќе се одржи само со дел од локалното свештенство и монаштво

Традиционалната древна струшка Еордија – литијата со Чудотворната икона на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец, збогатена и со неговите чесни мошти од неговиот Манастир во Рајчица, како и Чудотворната икона на Пресвета Богородица – Крнинска и на Христос Архиереј од Манастирот Пречиста Кичевска, ќе се одржи и оваа година, во четврток на 7 мај, за благослов на градот Струга и на целата наша Татковина. Меѓутоа, поради вонредната состојба со пандемијата на коронавирусот, и во согласност со превентивните мерки на државните и здравствените власти, овој пат Литијата ќе биде составена само о…

Мај 4, 2020

Се уредува просторот кај Слатинско Езеро

Во рамките на проектот: “ Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој “ беше имплементиран инфраструктурен проект: “Уредување на атрактивни зони и патеки во Југозападниот плански регион “, при што на Слатинското Езеро се уредени мини туристички содржини (изградена е пешачка патека од камени плочи, во должина од 160 метри, уреден е паркинг простор, три летниковци, три типски пикник маси). Проектот е имплементиран преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, а со финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерството за локална самоуправа и општ…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top