Post Views: 0
Интересот за паркинг место оваа летна сезона беше многу голем и од македонски и од странски туристи. Ова лето на охридското крајбрежје беше поголема посетеноста на српските туристи кои доаѓаа со сопствени возила. Тие со одлука на градскиот Совет имаа бесплатно паркирање на сите паркинзи со исклучок во премиум зоната, информира Гордана Јованоска, директорка на ЈП „Билјанини Извори“.
Според статистиката за бројот на српски возила кои се паркираа имаме податок дека нивниот број се движел од 80 до 100 возила. Тие возила се на охридските паркинзи секојдневно. Возилата...
Post Views: 1
Дуото „Алиада“ што го сочинуваат двајца „неверојатно талентирани и креативни музичари“, саксофонистот Михал Кнот и хармоникашот Богдан Лакетиќ, вечерва ќе одржи концерт во рамките на фестивалот „Охридско лето“.
Концертот „Нови бои на минатото“ насловен како и нивниот прв албум, ќе донесе дела од Хендл, Григ, Пендерецки, Де Фала, Барток и Пиацола, сите аранжирани за саксофон и хармоника од дуото.
Од нивното формирање во 2013 година, дуото веднаш станува впечатливо во светот на класичната музика, што резултира со бројни концерти насекаде низ светот. Во минатата сезона...
Post Views: 8
Во Охрид интензивно се гради сред сезона.До реадакцијата на ТВМ телевизија од почетокот на јуни месец редовно стигнуваат реакции од граѓани дека во центарот на градот на неколку локации се гради дури и ноќе до раните утрински часови. Најреволтирани се станоиздавачите од мал обем , на кои им заминуваат туристите кои платиле апартман за да одморат а не да слушаат мешалки за бетон и да голтаат прашина. Всушност тоа и беше мотивот на градскиот совет кога пред десеттина години донесе забрана за извршување градежни работи за време на летните месеци во интерес на туризмот....
Post Views: 10
Туристите кои имаат станови во Охрид, но и нашите иселеници на привремена работа во странство, укажаа на одредени забелешки кои се однесуваат на работата на судската администрација. Нивниот престој во Охрид покрај тоа што го користат за одмор, добар дел од нив ги средуваат и институционалните обврски, меѓу кои и предметите кои им се заглавени во судовите. Тие велат дека во Основниот суд во Охрид тешко можеле да ги завршат своите обврски додека се на одмор, бидејќи не можеле да ги затекнат судиите кои ги решаваат нивните предмети. Секретарот на Основниот суд во Охрид,...
Post Views: 0
Цената на нафтата, која е сега на најниско ниво во последните шест години се очекува и понатаму да паѓа во светски рамки.David Kotok од американската консултантска компанија Cumberland Advisors мисли дека најлошото допрва доаѓа.“Би можеле повторно да дојдеме до 15 или 20 долари за барел, но не знаеме сеуште каде е дното”, рекол Kotok за Bloomberg TV.Во моментов барел нафта се движи помеѓу 42 и 48 долари.Иако индустријата на нафта се надева дека состојбата ќе се поправи, Kotok смета дека тешко ќе дојде до пресврт. И покрај многу ниските цени на нафтата и бензините, во...
Post Views: 0
Водоснабдувањето во градот, туристичките и приградските населби приклучени на градскиот водовод оваа сезона течеше без проблеми, напоменуваат од МЈП Проаква. Освен два поголеми дефекти кои се случиле пред хотел Метропол и новата автобуска станица на цевки од фи 300 мм, поголеми дефекти не биле случени. Од 15 јуни до денес бројот на дефектите на водоводната мрежа е намален во споредба со истиот период лани, кажува техничкиот раководител Сашо Спироски. Во екот на годинешнава туристичка сезона службите интервенирале на 70 дефекти. Минатата година во истиот период техничката...
Post Views: 3
Министерството за образование промовираше нова програма за лиценци за туристички водич со кој се предвидува , стручниот испит на факултетите за туризам да има и практичeн дел.
Досегашната практика на полагање за добивање лиценца за туристички водич не предвидуваше полагање на практичен дел, односно кандидатите полагаа само теорија.
„Туристичките водичи се репрезенти на државата и призма низ која странските гости го градат впечатокот на нашата и воопшто за секоја земја. Од квалитетот на нивната презентација, зависи дали странските посетители ќе си заминат дома со пријатни...
Post Views: 1
Станува збор за петта обука по ред, која се спроведува во рамки на ЕСИПП проектот. Обуката ќе се одржи во периодот од 2 до 3 септември 2017 во зградата на Општина Охрид.
Обуките се бесплатни и се организираат во рамките на проектот „Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство кој е дел од Еразмус + програмата на Националната агенција за европски образовни програми на Англија.
Координатор на проектот е Универзитетот Нортхемптон, а додека пак партнерски организации се: Едукациско-рехабилитацискиот факултет од Загреб, Центар за аутизам од Загреб, Аутизам...
Post Views: 0
Се е подготвено за 31то издание на Охридскиот пливачки маратон. Трката ќе се одржи на 19-ти август, на патеката „Климе Савин“ долга 30 километри која започнува од манастирот Свети Наум и завршува на Градското пристаниште во Охрид. Стартот е во 12.00 часот, а околу 18.00 часот ќе се очекуваат првите пливачи да пристигнат на целта. Охридскиот маратон е претпоследниот од предвидените четири трки на отворени води што се одржуваат во рамки на Гран-при серијата на Светската пливачка федерација (ФИНА).Од 1998 година стана дел и од Гран при серијата на Меѓународната пливачка...
Post Views: 94
46 годишен стружанец, денеска околу пладне, на женска плажа, при поставување на пумпа на струја за наводнување, добил струен удар како резулатат на краток спој. Тој веднаш бил пренесен во Општа болница Струга. Дежурниот доктор Мирко Лекоски, во телефонски разговор за ТелевизијА ТВМ изјави дека пациентот бил примен во состојба на бесознание, без срцева акција и дишење.
„Ги презедовме сите мерки за реанимација и за среќа на пациентот а и наша се разбира, успеавме да го реанимираме и вратиме во живот. Воспоставивме нормално дишење и срцева акција и пациентот се наоѓа...
Post Views: 3
Сеуште има место во ученичкиот дом кој работи во рамките на ОУ „Ванчо Питошески“, Охрид. Во овој дом може да се сместат 135 ученици информираше заменик директорот на училиштето Перчо Божиноски. Додава дека во двата уписни рокови, јунскиот и августовскиот досега биле запишани 102 ученици. Божиноски спомна дел од условите кои треба да ги исполнуваат учениците за престој во домот, а исто така кажа дека сместувањето и оброкот на учениците е бесплатен, односно трошоците ги покрива Министерствот за образование.
„Учениците најпрво пополнуваат електронска пријава, од оваа година...
Post Views: 1
Од Министерството за здравство апелираат до младите лица да се вакцинираат, бидејќи се повеќе млади развиваат тешка клиничка слика од Ковид-19.
Меѓу последно евидентираните хоспитализиции и смртни случаи предизвикани од компликации на Ковид-19 во земјава има сè повеќе млади лица, кои се на удар и во најголем ризик во четвртиот бран на пандемијата предизвикан од делта мутацијата на вирусот. Ниската стапка на вакцинација во рамки на младите групи е она што, за жал, е причина сè поголем број на заразени да бидат токму младите, кои доколку не се имунизирани можат да развијат...