Српските туристи искористиле околу 1500 часа бесплатен паркинг

Во Охрид ова лето евидентна беше поголемата посетеност на Српските туристи со нивни возила. Тие користеле околу 1500 часа бесплатно паркирање дневно. Побарувачката за паркинг место повеќе во градот, покажа дека е потребна изградба на катна или подземна гаража во централното градско подрачје.

 |   | 

Интересот за паркинг место оваа летна сезона беше многу голем и од македонски и од странски туристи. Ова лето на охридското крајбрежје беше  поголема посетеноста на српските туристи кои доаѓаа со сопствени возила. Тие со одлука на градскиот Совет имаа бесплатно паркирање на сите паркинзи со исклучок во премиум зоната, информира Гордана Јованоска, директорка на ЈП „Билјанини Извори“.   

Според статистиката за бројот на српски возила кои се паркираа имаме податок дека нивниот број се движел од 80 до 100 возила. Тие возила се на охридските паркинзи секојдневно. Возилата се наоѓаа на паркинзите во Охрид во текот на 24 часа и сите беа бесплатно паркирани. Имаше околу 1500 сати дневно бесплатно паркирање – истакна Јованоска.

Ова лето се бараше паркинг место повеќе. Немаше улици и тротоари во централното градско подрачје кое не беше претворено во паркинг простор. Тоа покажа дека градот има потреба од изградба на катна или подземна гаража во близина на центрот, вели Јованоска. ЈП морало да бара адекватно решение за да го намали сообраќајниот притисок.

Метежот во шпицот од 20 до 24 часот не принуди да го земеме под наем паркингот на хотел Палас со 70 места. Луѓето беа задоволни и имаше корист градот, 70 возила да ги сместиме во еден период да не прават метеж по улиците – додава директорката на ЈП „Билјанини извори“.

Искористеноста на паркинзите била максимална во сите паркинг зони. Тука се вклучува и премиум зоната за која се наплаќаат по 100 денари од час, а особено била целосно исполнета од 21 до 23 часот. Не се забележани инциденти при наплатата за паркирање во сите зони ниту во функционирањето на влезовите каде што се поставени наплатните рампи.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top