Post Views: 0
Дива депонија во строгиот центар на градот. Во непосредна близина на охридската капетанија постојано има планина со отпад. Ова место години наназад е црна точка каде несовесни граѓани си одлагаат се и сешто. Не ги плашат ниту реакциите од околината, ниту посетите на комуналните инспектори.
Несовесно оставен отпад кој е мета на мачки и кучиња скитници кои го растураат насекаде. ЈП „Охридски комуналец“ редовно го подига, но луѓето се немоќни. Очигледно е дека се работи за отпад од угостителските објекти, истечено масло, киселина, коски од риба. Ужасна слика која е под...
Post Views: 7
Поради градежните зафати поврзани со реконструкцијата на ул. „Македонски Просветители“, здравите млади дрвја од постоечкиот дрворед со јавори се пресадуваат во градскиот парк.
Акцијата ја спроведуваат екипи на ЈП „Охридски Комуналец” кои јаворите ги засадуваат на локации каде претходно се отстранети стари и уништени дрвја.
Активностите се одвиваат под стручен надзор со строга контрола и внимателност за да се избегне оштетување на виталните делови од јаворите.
Post Views: 6
Утре во Струга ќе се одржи манифестацијата “Ден на водни спортови – Струга 2017″, настан кој е организира по повод денот на македонската независност 8-ми септември.
Учество ќе земат повеќе од 110 натпреварувачи од пет дисциплини и тоа: едрење, СУП, веслање, кајак и кану, а пријавени се учесници од клубови од Струга, Охрид, Велес и Скопје. Целта на „Денот на водни спортови“ е да се анимира јавноста за различните водни спортски дисциплини, натпреварувачки дел за секој спорт оделно, дружење помеѓу спортистите како и разменување искуства и тестирање на различна опрема на...
Post Views: 31
Меѓу дванаесетте големи христијански празници спаѓа и празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот попознат како Голема Богородица. Поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците, овој празник се празнува многу свечено со големи народни собири.
Меѓу позначајните празници што македонскиот народ ги празнува со посебно внимание се и неколкуте празници на Пресвета Богородица, мајката на Спасителот Исус Христос. Поради тоа и повеќе цркви низ цела етничка Македонија го носат нејзиното име.
Народот верува дека Богородица е заштитничка на леунките и на...
Post Views: 2
Нешто повеќе од еден месец пред почетокот на Локалните избори во Република Македонија, на кои ќе се избираат градоначалници и советници во 80 општини, охриѓани со јасна визија за тоа кои треба да бидат приоритетите на идниот градоначалник на нашата општина. Повеќе паркинг простор, повеќе градско зеленило, подобра комунална хигиена и јавни тоалети се дел од очекувањата на охриѓани од идниот Градоначалник на Охрид.
„Паркинзи нема, шеталишта повеќе, повеќе клупи“…„За комуналните проблеми, паркинзи, повеќе тревни површини, поголема хигиена“…„WC нема, па кучињата...
Post Views: 2
„Играј баскет со Локалната“. Синоќа во рамки на СОСУ „Св Кирил и Методиј “, на новото повеќенаменско игралиште, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и неговиот тим составен од директорите на ЈП, промовирајќи ги здравите животни навики преку спортот, свечено го пушти во употреба новото спортско катче во градов. Ова игралиште пред се на многумина ќе им ги врати убавите спомените од детството на местото каде некогаш спортувале, истакна градоначалникот Бакрачески.
„Реализиравме еден мошне добар проект кој што претставува континуитет на она што ние 4 години го инвестиравме...
Post Views: 2
Го нарекоа полноќно лудило – 24 август 1995, американските продавници за компјутери ги отворија своите врати со отчукувањето на полноќ за да ги пуштат илјадниците луѓе кои чекаа во редови за новиот оперативен систем на Microsoft, Windows 95.Лудилото Windows 95 беше заразно. Во првите седум дена се продадени седум милиони примероци, а до крајот на таа година 40 милиони.Microsoft со новиот систем го редефинира компјутерот од обичен производ во нешто што мораше да се има и се приближи отстварувањето на сонот на Bill Gates – “компјутер на секоја маса во секој дом”.Таа година...
Post Views: 11
Во тек е конкурсот за сместување на студенти во охридскиот студенски дом „Никола Карев“. Истиот се однесува за студенти кои се запишуваат во прва година. Директорот на домот Марјан Ристески информираше дека ја имаат конечна листа на студенти кои имале можност да аплицираат до 25 август за втора трета и четврта година. За студиската 2017, 2018 година домот на располагање има вкупно 231 легло.
„Очекуваме како и претходните години да имаме 80 – 90% исполнетост на капацитетот со кој располагаме односно некаде околу 190 студенти. Директно сме зависни од студентите...
Post Views: 1
Според новиот Изборен законик и закажаните термини за претседателските избори од денеска па се до 27 април Владата на Република Македонија не смее да исплаќа субвенции, освен се разбира редовните месечни исплати, не смее да одржува јавни настапи при започнување на изградба или пуштање во употреба на објекти финансирани од буџетот, од јавни фондови или од пари на јавни претпријатија.
Според Билјана Бошковска, заменик министерката за правда изборните правила не им забрануваат на функционерите да се појавуваат во медиумите.
„Под забрана за одржување на јавни настани не...
Post Views: 2
Транспарентноста и отчетноста на институцијата пред граѓаните како нејзин сервис ќе се новите принципи на работа на полициските служби, рече денес министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при средбата со раководните лица од СВР – Охрид. На средбата министерот беше информиран и за актуелната безбедносна состојба во подрачјето што е под ингеренција на СВР-Охрид. Таа генерално е добра, но и понатаму ќе се работи за нејзино подобрување во повеќе аспекти, подвлече Спасески.
Еден од клучните проблеми особено на СВР – Охрид е недостатокот на кадровски потенцијал, поточно...
Post Views: 5
Со положување на свежо цвеќе и поклонение, денес беа одбележани осум години од трагичната бродска несреќа во Охридското Езеро во која загинаа 15 бугарски туристи. Претставници од локалната самоуправа, здружението „5ти Септември“, претставници од Ротари клубот, Капетанијата како и Бугарскиот културно-информативен центар од Скопје им одадоа достојна почит на жртвите во овој немил настан.Заменик-градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев, вели дека оваа несреќа не потсетува и опаметува во насока на подобрување на услугите кои се нудат на туристите од аспект на нивна поголема...
Post Views: 5
Заврши и четириесеттата седница на советот на општина Струга. Седницата која минатата недела беше прекината, овој пат струшките советници ја истуркаа до крај. Само за потсетување, минатата среда оваа седница заглави на деветтата точка од дневниот ред која се однесуваше на работењето на нелегалните паралелки во струшкото село Подгорци. По обемната дискусија, седницата беше одложена за денес.
Оваа среда пак без никаква дискусија советниците веднаш поминаа на гласање. Со 13 гласа ЗА, 10 ПРОТИВ и еден воздржан беше дадено зелено светло за оваа точка во која се бараше наместо...