20 години од појавата на легендарниот Windows 95

Популарните Rolling Stones за прв пат допуштија нивна песна да се употреби во комерцијални цели

 |  инфодеск  | 

Го нарекоа полноќно лудило – 24 август 1995, американските продавници за компјутери ги отворија своите врати со отчукувањето на полноќ за да ги пуштат илјадниците луѓе кои чекаа во редови за новиот оперативен систем на Microsoft, Windows 95.
Лудилото Windows 95 беше заразно. Во првите седум дена се продадени седум милиони примероци, а до крајот на таа година 40 милиони.
Microsoft со новиот систем го редефинира компјутерот од обичен производ во нешто што мораше да се има и се приближи отстварувањето на сонот на Bill Gates – “компјутер на секоја маса во секој дом”.
Таа година во светот се продадени 60 милиони компјутери, а десет години подоцна таа бројка беше 200 милиони и може да се каже дека секој имаше инсталиран оперативен систем на Microsoft.
Пазарот на компјутери достигна врв во 2011 година со 360 милиони примероци. Од таа година пазарот е во опаѓање бидејќи многу корисници на компјутери ги заменија со паметни телефони и таблети.
Возбудата која денес ги следи изданијата на iPhone и Android беше далечна иднина во 1995 година кога Microsoft ги постави новите стандарди во маркетиншката кампања.
Менаџерите на Microsoft Brad Silverberg и Brad Chase ги наговорија Rolling Stones да им допуштат нивниот хит “Start me up” да го искористат во реклама за Windows95. Тоа беше прв пат популарните Stones да допуштат некоја нивна песна да се искористи во комерцијални цели.
Windows95 имаше импресивен, графички и лесен за употреба интерфејс што беше потполна новина за корисниците на персонални компјутери и донесе такви подобрувања во однос на дотогашните оперативни системи што предизвика лудило на пазарот.
Таа возбуда околу Windows 95 замаскира некои недостатоци, како што беа заштитата и чувствителноста на компјутерски вируси, а Microsoft тој проблем го реши дури девет години подоцна со Windows XP.
Во склоп на Windows95 прв пат се појави и интернет пребарувачот Internet Explorer кој подоцна го уништи дотогаш доминантниот Netscape.
Успонот на Windows 95 се закани и на Apple и неговиот Macintosh кој се најде во техничка слепа улица од која излезе со враќањето на Steve Jobs во компанијата. Но, годините кога iPhone и iPad ќе го возвратат сериозно ударот беа сеуште многу далеку.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top