• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на средбата со раководните лица од СВР – Охрид

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на средбата со раководните лица од СВР – Охрид

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски  на средбата со раководните лица од СВР – Охрид. Заклучок од оваа посета е да се работи на транспарентноста и отчетвоста на институцијата која треба да биде вистински сервис на граѓаните.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Транспарентноста и отчетноста на институцијата пред граѓаните како нејзин сервис ќе се новите принципи на работа на полициските служби, рече денес министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при средбата со раководните лица од СВР – Охрид. На средбата министерот беше информиран и за актуелната безбедносна состојба во подрачјето што е под ингеренција на СВР-Охрид. Таа генерално е добра, но и понатаму ќе се работи за нејзино подобрување во повеќе аспекти, подвлече Спасески.

Еден од клучните проблеми особено на СВР – Охрид е недостатокот на кадровски потенцијал, поточно на полицајци кои ќе работат на терен, рече тој притоа како решение посочувајќи го конкурсот за прием на нови службеници, но и евентуалните можности за прераспредување на униформирани лица од други сектори на МВР да го подобриме тоа ниво на безбедност, рече министерот.
Што се однесува на изминатата туристичка сезона, министерот рече дека е задоволен од работата на службата во летниот период, со укажување на потребата од дополнителен ангажман и надградување на професионалноста во работењето на институцијата и на поединецот во неа, се во насока на профилирање на службата како сервис близок до граѓаните.
Ги повикувам граѓаните на Охрид и на околните градови да бидат кооперативни и блиски до полицијата, што е предуслов за нејзино успешно функционирање во обостран интерес и за подобрување на безбедноста, рече Спасески.
Во врска со претстојните локални избори Спасовски нагласи дека полицијата има цел да обезбеди непречен изборен процес, за што активно се подготува во соработка со Државната изборна комисија, во насока на создавање атмосфера за реализирање фер и демократски избори.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top