Post Views: 18
Советот на општина Дебрца нема да ја подржи иницијативата за изградба на регионална депонија во атарот на Годивско поле. Градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески, појаснува дека во Законот за управување со отпад постојат одредби во кои јасно стои, за да се воспостави еден организиран систем за управување со отпад потребна е согласност од сите општини кои влегуваат во Југозападниот плански регион.
„Треба да се склучи спогодба и со таа спогодба понатаму треба да се дефинира како ќе се менаџира како ќе се управува со тој систем, значи Советот на општина Дебрца на крајот...
Post Views: 0
Екс градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески се врати на работа во Кардиолошкиот завод „Св. Стефан“ каде и претходно работеше. Поранешниот директор на оваа здравствена установа по завршувањето на градоначалничкиот мандат од актуелната директорка Гордана Донеска е поставен за раководител на одделението за срцеви артмии. Оваа информација дел од медиумите ја пренесоа како деградирање на Бакрачески на ниво на медицинска сестра затоа што на тоа одделение се вршеле кардиолошки прегледи. Дел од граѓаните оваа информација ја примија како реваншизам и загуба за здравството...
Post Views: 1
Германскиот синдикат на пилоти кој е во отворен конфликт со управата на Lufthansa веќе една година, најави штрајк за 8-ми септември кој ќе ги погоди прекуокеанските летови од Германија и теретниот сообраќај.
Штрајкот, тринаесетти по ред во последните година и половина, ќе започне во 6.00 по GMT, а ќе заврши во 22.00 часот.
Синдикатот на Cockpit и Lufthansa се во конфликт помеѓу другото и поради условите за одење во пензија на пилотите.
Во соопштението на синдикатот се нагласува дека се согласил на важни отстапки, но дека не нашол разбирање кај управата.
Post Views: 7
На ФТУ и на Универзитетот Св Апостол Петар презентирани стипендиите за студирање на американските универзитети за македонските државјани. Стипендии има за сите возрасти и групи на студии за студенти и професори, информира Газмен Иласи од американската амбасада одговорен за образовните програми. Се нудат стипендии почнувајќи од средношколците , додипломски постдиполомски, интензиви постдипломски студии, за професори кои сакаат да предаваат или да истражуваат, програми за новинари и невладини организации .
„ Сите кои се заинтересирани да добијат поинакво искуство да стекнат...
Post Views: 8
Поставување на држачи на стрмните улички во стар град, бараат варошани. Со поставување на држачи би им се олеснило движењето на повозрасните жители. Иако, наизглед станува збор за ситен комунален проблем држачите имаат огромна важнст за нив. Во делови на уличките во Варош и Месокастро веќе има поставено вакви држачи кои го помагаат и олеснуваат движењето.
„ Тешко е за постарите жители да ги совладаат тесните сокаци и улички. Потребна е една иницијатива за поставување на држачи по тесните улички“, ги посочува потребите на жителите Патчев.
Претседателот на УЗ Стар град...
Post Views: 5
Со измените во Законот за постапување со бесправно изградени објекти пролонгиран е рокот за поднесување барања за утврдување правен статус на ваков вид бесправно изградени објекти.
Се работи за градежни решенија што биле наменети за тераси или пак тераси пренаменети во станбен простор на објектите со основна намена домување во колективни станбени згради.
Одредбите се однесуваат и на објекти на кои се завршени градежните и инсталациските работи и претставуваат градежна и функционална целина заклучно со 3 март 2011 година. Имателите на ваков вид објекти може да достават...
Post Views: 4
Во охридскиот центар за дијабетес се регистрирани 7000 дијабетичари, а во Струга и Вевчани 9000 дијабетичари. Од регистираните дијабетичари во Охрид 1900 се на инсулин, а останатите се на таблетарна терапија, вели Димче Панџакоски претседател на охридското Здружение на дијабетичари. Панџакоски информира дека голема е бројката на граѓани кои и не знаат дека имаат дијабетес или не се регистрирани бидејќи се водат во евиденција на матичните лекари. Од ден на ден расте нивниот број. На еден починат од компликации од дијабетес се регистрираат 2 нови случаи на заболени.
Иво...
Post Views: 15
Скулптурата претставува спомен за минатото и чест кон починатите, а воедно и порака за иднината.
На трите плочи каскадно распоредени во вид на буквата „И“, со акростих на Венко Андоноски испишани се трите плочи така што секој стих започнува со почетната буква од имињата на настраданите.
И денес после две години од трагичниот настан тешко може да се смири болката од загубата на тројцата другари, познати во струшката јавност, кои зад себе оставија белег како добри луѓе кои стружани сеуште ги паметат и спомнуваат.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Престижната манифестација Ноември Месец на науката 2017 година која оваа година се одржува по втор пат, овојпат во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија , повторно достижна и за учениците од ОУ Христо Узунов од Охрид.
Матеј Исакоски и Елена Стојоска , двајцата ученици од 5 одделение, под менторство на наставничката Даниела Стојаноска , освоија втора награда за демонстрирање на експеримент од областа на хемијата.
Денот исполнет со интересни едукативни предавања , креативни работилници и добра дружба со преку 400 ученици од прво до шестто одделение...
Post Views: 1
Наспроти тврдењата во постот , во вакцините против ковид-19, нема мРНК модифицирачка трансхуманистичка нанотехнологија. мРНК технологијата потекнува од 1990, иако сега за првпат се користи во широкоупотребувани вакцини. Во вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“, мРНК се наоѓа во ,,липидна капсула” или попрецизно, во обвивка од масти, која е опишана како наночестичка. Префиксот ,,нано” само значи дека е мала, а не дека е нанотехнологија. мРНК вакцините не користат наноротботска технологија. Присуството на наночестички во ковид вакцините не значи дека тие може да содржат мали...
Post Views: 4
Охрид нема дневен центар за лица кои употребуваат дрога. Од почетокот на оваа година, центарот, кој воедно беше регионален повеќе не функционира. Тој беше сместен во близина на детската градинка „Развигорче“ што предизвикуваше негодувања кај родителите кои бараа негова дислокација, а воедно центарот се наоѓаше на приватен имот кој со денационализација му се врати на сопственикот, па како најбезболно решение за државата беше овој центар да се затвори. Но, што е со лицата кои се на лекување од употреба на дроги, а нивниот број секојдневно расте. Се поставува прашањето...
Post Views: 0
Времето денеска во Охрид сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
UV индексот ќе биде 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 26. степени.
До петок ќе се задржи стабилно време, освен утре околу пладне кога претежно во северните делови ќе има појава на краткотраен пороен дожд. Утре и во четврток особено вдолж Повардарието ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови намалување на температурата, информираат од УХМР.