Инвалидски помагала добија двајца наши сограѓани

Post Views: 1 Двајца наши сограѓани со посебни потреби од денес полесно ќе можат да ги извршуваат нивните тековни обврски, благодарение на ангажманот на Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите „СОС Балканмедиа“ од Охрид. Претседателот на здружението Сашо Денесоски рече дека вредноста на донацијата која тие како здружение ја обезбедиле е 15 илијади евра, а ја реализирале во соработка со Мобилност Македонија од каде го добиле списокот на лица кои најмногу имаат потреба од вакви помагала. „ Денес усреќивме две семејства. На 15 декември имаме најава...

Continue reading

Нов пат Охрид – Св Наум бараат мештаните

Post Views: 4 Магистралниот пат Охрид – Св Наум е во многу лоша состојба. Големи дупки, уништен асфалт, застарени сообраќајни знаци, зарѓани и искорнати банкини а на критичните места и тесната коловозна лента, се само дел од опасностите кои ги демнат возачите на оваа сообраќајна делница. Овој пат е изграден далечната 1969 година и речиси 5 децении овој пат само се закрпува на одредени места. Ваквата состојба можеби е најлоша во населените места како што е тоа туристичката населба Пештани каде се почесто се случуваат сообраќајни незгоди. Мештаните бараат проширување на патот и нов...

Continue reading

Flydubai по прв пат најави попуст од 30% ширум својата мрежа

Post Views: 4 Flydubai по прв пат најави акциска продажба ширум својата мрежа нудејќи на патниците 30% попуст на цените на билетот во бизнис и економската класа за летовите кон Дубаи и одбраната дестинација. Патниците кои планираат да патуваат помеѓу 1-ви октомври 2015 година и 30-ти јуни 2016 година, а го резервираат билетот пред 20-ти септември ќе отстварат попуст од 30%. Со флота од 49 модерни авиони на новата генерација на Boing 737-800, Flydubai работи со повеќе од 1.600 летови неделно на повеќе од 90 дестинации во 45 земји ширум светот, создавајќи мрежа која се протега преку...

Continue reading

Во охридскиот Центар за јавно здравје за потребите на регионов има 50 бесплатни тестови за хив/сида

Post Views: 1 Побарувачката за бесплатни тестови за Хив / Сида во регионов е голема. Во последниве две години се користат околу 200 бесплтани тестови за ХИВ СИДА. 50 тестови биле обезбедени од Министерството  за здравство, а 150 од Глобален Фонд за борба против ХИВ/СИДА . Во охридскиот центар за јавно здравје до месец јули годинава биле искористени 150 тестови. Потребата била голема па биле набавени дополнителен број на тестови, информира Д-Р Јованка Стурлакова Коровешоска од ЦЈЗ. Бесплатните тестирања ги користат туристите кои доаѓат на охридско струшката ривиера, а редовно на секои...

Continue reading

Во „Кузман Шапкарев“ течат обуки за болничари и масери

Post Views: 0 Во охридскиот Работнички граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ се реализираат курсеви за обуки на сметководители, козметичари, болничари, масери. Се одржува и курс за изучување на германски јазик. Курсевите за масери, козметичари и болничари ги посетуваат по 3 кандидати, а на курсот за сметководство и изучување на германски јазик има 8 -мина кандидати, информира директорката Славица Ристеска. Со новата програма за 2018 година од Работнички граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ ќе има конкурси за пријавување на нови кандидати...

Continue reading

aleksandar makedonski

Продолжува потрагата по гробот на Александар Македонски

Post Views: 41 Хрватскиот истражувач Домагој Николиќ наредните денови во земјава ќе биде дел од  интернационалниот  експертски тим со кој ќе се обиде да ја разреши мистеријата дали гробот на Александар Македонски се наоѓа во Овче Поле. Со ова, за прв пат во Македонија ќе се врши археоакустично и електромагнетно истражување, а се повикуваат и сите заинтересирани лица да дојдат на местото на настанот и да се запознаат со работата и научниците. Нема никакви рестрикции освен тоа дека мобилните на посетителите треба да бидат изгаснати бидејќи би можеле да предизвикаат пречки во работата....

Continue reading

КОНЗЕРВАЦИЈА ИЛИ КОНФРОНТАЦИЈА

Post Views: 2 Отворено писмо до јавноста од Михаил Трендафилов Нанче, претседател на граѓанското невладино здружение “СОВЕСТ“ од Охрид. Почитувани читатели, македонски граѓани, македонски институции и дипломатски претставништва на други држави во Република Македонија. На Македонија многу нешто ѝ фали и на македонскиот граѓанин многу нешто му e по право. Од квалитетот на тукашниот наш живот, до начинот кој како ја гледа Македонија како концепција. Но едно е сигурно, во Македонија никогаш не е здодевно. Сите копнееме и сонуваме во Македонија еднаш да заживееме здодевно, а секојдневно...

Continue reading

bogorodica

Се празнува Мала Богородица

Post Views: 2 Десетици илјади верници синоќа го посетија манастирот Св. Богородица, во струшкото село Калишта, по повод 21 септември големиот христијански празни Мала Богородица или Рождество на Пресвета Богородица. И денес пред портата на манастирот можеше да се забележи река од народ кои дојдоа да запалат свеќа и да се поклонат пред светите икони за здравје и среќа. Верниците имаат голема почит кон овој празник и на овој ден доаѓаат од сите страни на земјава и надвор од неа.  „Денес е еден од најголемите празници во православието. На денешен ден, сите верници мирот кој што го наоѓаат...

Continue reading

На ФТУ се обучуваат кадри кои ќе ја подобрат услугата во угостителството

Post Views: 3 Недостигот на стручни кадри во угостителството причина за ФТУ заедно со ГИС да спроведат обуки на кои ќе се добијат знаења и искуства како да се подобри ситуацијата во овај сегмент од туристичкото стопанство. Деновиве на овој факултет се врши интензивна едукација на педесеттина кандидати кои сакаат да бидат истакнати во својата професија. Обуките се дел од проектот Промоција на вработувањето во туристичкиот сектор кој е финансиран од Владата на Германија со средства во висина од 20 000евра, а ФТУ се јавува како организатор на обуките. Тие првично беа споредени во шарскиот...

Continue reading

Фаучи не изјавил дека не треба да се носат маски додека доминираше делта сојот на ковид-19

Post Views: 0 Оваа изјава навистина ја дал Фаучи, но не е точно дека тој го кажал ова додека делта сојот на коронавирусот преовладуваше во светот. Изјавата на Фаучи e дадена на 8 март 2020 година и не го претставува неговиот моментален став за носењето заштитни маски. Петличковски, пак, изјавата за носењето маски ја дал на 4 февруари 2022 година, во контекст на варијантата омикрон која моментално е најдоминанта. Фејсбук објава тврди дека претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, е „опасен по здравјето на населението“, затоа што изјавил дека треба да...

Continue reading

Едукација на децата за справување со дрогата треба да се започне уште во градинките

Post Views: 7 Се повеќе се намалува возрасната граница на лицата кои се зависници од наркотични супстанции и дроги. Многу често помош бараат деца и на возраст од 12 години кои веќе навлегле во темниот свет на дрогата, вели Д-р Весна Лаброска, шеф на одделението за превенција и третман на болести на зависност од дрога при општата болница во Охрид. Таа апелира сите институции заедно да работат на превенцијата како не би дошла една личност во контакт со дрогата, бидејќи како што објаснува од нејзиното долгогодишно искуство многу е тешко да се спротистават на оние кои истата ја нудат...

Continue reading

Марко Пејчиноски ќе плива за ДЕЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ

Post Views: 0 Најмладиот маратонец и пливачки гениј од Охрид, Марко Пејчиноски кој боледува од ретка болест односно има Perthes Disease на левиот колк од ногата на 4 Септември годинава во водите на Охридското Езеро ќе преплива соло пливачки маратон за ДЕЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ. Од организациониот одбор на настанот информираат дека на самиот ден на случувањето од 12 часот на штанд кај Градското пристаниште ќе се продаваат изработени маички за поддршка на Марко со слоганот “NEVER GIVE UP”. Овој е трет подвиг на Марко во оваа сезона. Марко е најмладиот маратонец кој на 12 годишна возраст...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top