На ФТУ се обучуваат кадри кои ќе ја подобрат услугата во угостителството

Набрзо во Охрид ќе има добро обучени готвачи, пекари, бармени и баристи кои професионално ќе можат да ги извршуваат задачите и да го подигнат нивото на услуга во објектите низ градов. На ФТУ деновиве се одржуваат интензивни обуки од тренери со интернационално искуство. 

 |  Јаковлева Лионела  | 

Недостигот на стручни кадри во угостителството причина за ФТУ заедно со ГИС да спроведат обуки на кои ќе се добијат знаења и искуства како да се подобри ситуацијата во овај сегмент од туристичкото стопанство. Деновиве на овој факултет се врши интензивна едукација на педесеттина кандидати кои сакаат да бидат истакнати во својата професија. Обуките се дел од проектот Промоција на вработувањето во туристичкиот сектор кој е финансиран од Владата на Германија со средства во висина од 20 000евра, а ФТУ се јавува како организатор на обуките. Тие првично беа споредени во шарскиот регион а беа наменети за готвачи, пекари, келнери, бармени и баристи. На ФТУ се спроведуваат истите обуки освен оние за келнери. за Најголем интерес има за обуките за бармени и баристи.

Целта на овој проект е заеднички со ГИС да се направат одредени условио за вработување на младите луѓе во РМ бидејќи знаеме дека во последно време е тренд се повеќе младите да ја напуштаат државата и бараат некоја своја иднина во странство. За таа цел ние заедно со ГИС пред да започнеме со проектот направивме истражување и видовме дека професиите готвачи, пекари, келнери, бармени и баристи се дефицитарни и затоа започнавме со спроведување на овие обуки, вели Проф. Др Ангела Крстаноска Василева, раководител на проектот.

Интересот за обуките е многу голем и има кандидати и од соседните земји не само од кај нас. Структурата на оние кои ги посетуваат обуките е најразлична, апоголем е интересот кај повозрасните кои веќе се вклучени во процесот на работа или пак имаат намера да започнат свој бизнис од оваа област.

Имаше луѓе кои беа заинтересирани да ги посетуваат обуките ама бројот беше пополнат. Затоа ќе се обииме да добиеме средства од ГИС ѓе ги повториме уште еднаш истите обуки, вели Василевска.

Тренерите кои ги спроведуваат обуките се со интернационално искуство и најчесто се повратници од странство. На завршната сесија планирано е да се направи една панел дискусија со сите чинители во туризмот и угостителството на која ќе се дискутира за проблемите околу немањето стручна работна сила и како истите да се надминат.Обуките завршуваат на 28 ноември, а на 29ти ќе се доделуваат сертификатите на сите кои успешно ги завршиле.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top