Post Views: 1
Повеќе годишните напори за Студенчишкото Блато, ќе финишираат со законска рамка. Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Охрид, на 14 септември, организираат јавна расправа, по Нацрт Законот за прогласување на Студенчишкото Блато за парк на природата. Повеќе поединости за настанот прочитајте тука
Post Views: 1
Осум припадници на резервниот состав при министерството за внатрешни работи ангажирани во СВР Охрид, останаа без работа. Синоќа без никакви претходни најави телефонски биле известени од денес повеќе да не доаѓаат на работа и да извршат раздолжување на опремата и оружјето. Тие денеска одржаа мирен протест пред зградата на СВР Охрид. Бараа началникот на секторот да ги прими и да им објасни кои се причините поради кои од денес нема да бидат ангажирани, но биле информирани дека до таа средба нема да дојде.
Бараме од началникот или друго официјално лице да објасни зошто...
Post Views: 5
За охридскиот туризам изминува уште една година без Стратегија за развој. Локалната самоуправа нема изготвено развојна програма за туризам и за 2018 година. Новата локална власт не се откажува од започнатиот проект и партнер кој доцни со изготвување на документ за развој на туризмот. Стратегијата за развој на туризмот беше најавена како проект пред 2 години, од октомври 2015 и требаше да се изработи до јануари 2016 по методологија на професори-експерти по туризам на универзитетот во Сент Гален Швајцарија. Целокупниот проект се предвидуваше да заврши за пет години, со...
Post Views: 2
Од 23 декември стартува првото стручно предавање за дегенеративните болести наменето за поврзаните охриѓани и стружани. Локалната Агенција за Развој од Струга ќе започна да спроведува нов проект чија целна група се возрасни лица над 60 години од општините Охрид и Струга. Проектот е со цел да им помогне на соодветен начин на оваа категорија луѓе. Има се помалку млади , а се повеќе возрасни, Македонија старее и се повеќе луѓе стануваат осамени или изолирани во животот, напоменува Катерина Василеска од Локалната агенција за развој.
„Предвидуваме да има различни работи....
Post Views: 6
На приватната компанија Андриќград, со седиште во Вишеград која со политичка и финансиска помош на владата на Република Српска ја создаде Емир Кустурица, ѝ се бликирани сметките откако со ревизијата е утврдено дека таа и должи на државата Босна и Херцеговина околу 600.000 евра на име неплатен ДДВ, пренесуваат медиумите во БиХ.
Бањалучкиот портал “Capital” објави дека инспектори од даночната управа откриле дека Андриќград на Кустурица во тој износ прикажувал одбитоци на влезен ДДВ, а за тоа немало основ бидејќи за објектите на овој комплекс не постои потребна документација...
Post Views: 0
Се реновираат дел од просториите на СРЦ „Билјанини Извори“. По најавата дека неколку фудбалски екипи од нашата земја но и од Србија и Албанија, зимските подготовки ќе ги прават на СРЦ. Дирекотрката Гордана Јовановска вели дека потребата од реновирање на соблекувалните се наметнала поради лошите услови за престој на спортистите.
„Соблекувалните беа во крајно незавидна состојба, руинирани со мувла, влага…се обидуваме до некој степен да ги оспособиме да излгледаат уредно чисто за зимските припреми кои што ги очекуваме да се одвиваат на СРЦ „Билјанини Извори. Подот...
Post Views: 1
Пукотница во Охрид. Вчера попладнето на булевар „Туристичка“ е пукано од огнено оружје пиштол од засега непознат сторител, кој на С.М. (34) од Охрид му нанесол прострелна рана во пределот на десната потколеница. Повреденото лице е пренесено во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид од каде по укажаната лекарска помош е префрлено во Клинички Центар Скопје.
Веднаш после случувањето на настанот СВР Охрид лиши од слобода две лица кои околу 17 часот се доведени во полициската станица во Охрид. Во моментов насоките и заложбите се заокружување на овој казнено-правен настан и пронаоѓање...
Post Views: 28
Првиот Светски ден на Даунов синдром е одржан на 21 март 2006 година. Тој ден е прогласен од страна на Европската Даунов синдром асоцијација за време на нивниот европски конгрес во Палма де Мајорка (февруари 2005 година).
Во САД, Народното Даунов синдром општество обележува Даунов синдром Месец секој октомври како “ форум за отфрлање на стереотипите, обезбедување на точни информации и подигнување на свеста и потенцијалот на индивидуата, со Даунов синдром” , а во Јужна Африка, денот на Даунов синдром се одржува на секој 20-ти октомври. Организациите како Специјална...
Post Views: 1
Во дворот на црквата Св Софија се засадени несоодветни три дрва од кои два чинари и една Paulownia, реагират околните жители. За жал, не се извлече поука од минатотo кога заради опасност од трите дрва Paulownia, чии гранки се кршеа и претставуваа опасност за минувачите и жителите од Стар град, а во 2015 година дрвата беа исечени, велат околните жители. Тие апелираат до МПЦ одстранување на високите дрва од дворот на катедралната црква Св. Софија и да се пресадат на друго посоодветно место. Во дворот на црквата да се засадат соодветни нискостеблести дрва.
„Јас немам видено...
Post Views: 1
Катанец на врата на киоскот, „Кај тетка Русе“. Ученици, родители и дел од професорите на струшките гимназии, прашуваат зошто киоскот „Кај тетка Русе“, сместен во дворот на СОУ „Нико Нестор“, е под клуч. Телевизија ТВМ во интерес на јавноста како и да одговори на прашањето на засегнатите се сретна со сопственикот на киоскот, како и со директорот на училиштето. Сопственикот Боро Симјаноски вели дека неговиот времен објект цели 20 години работи во дворот на гимназијата. Додава дека поминале скоро пет генераци кои се хранеле во нивниот киоск и целиот тој период не се соочиле...
Post Views: 6
Охриѓани се вклучија во хумнитарниот спортски настан „ Охрид игра за Јане“ и за сите деца и пациенти со ретки болести. Спортската сала Билјанини извори пулсираше со живот и несебична поддршка за малиот Јане Велковски и за сите пациенти кои боледуваат од ретки болести за да се набават лековите кој ги нема во Македонија. Малиот Јане Велкоски , кој боледува од спинална мускулна атрофија е пресреќен што е во Охрид и со нетрпение го очекува лекот за да го оствари својот сон.
„ Од лани излезе лекот Спинраза и едвај чекам државата да ми го купи лекот да го примам и да проодам....
Post Views: 1
На првиот училишен ден, градоначалникот Константин Георгиевски беше во с. Пештани каде во Општинското Основно Училиште „Св. Наум Охридски“ ги поздрави првоодделенците со желба успешно да запловат во Светот на знаењето, а општината ќе продолжи да ги подобрува условите за реализација на образовниот процес во Охрид и околината.
Верувајте за мене ова е еден од најубавите денови во годината зошто нема ништо подобро да гледаш „чисти“ детски ликови, кои помалку збунето и уплашено зачекоруваат во животот што е пред нив. За прв пат стапнуваат на прагот од нивниот втор дом и...